Ми доцни веќе 10 дена, тестовите негативни, бев на гинеколог и ми кажа дека има циста која се формира во почетната фаза на бременоста и слузницата е исто здебелена. Рече дека исто може да е и од стрес. Наредниот ден направив б-хцг и излезе 1.20, негативно. Гинекологот ми даде Добростон со насоки на користење и што да очекувам. Прашањето ми е, дали ви се има случено нешто слично?
Да, после 20 дена ми дојде, ама не пиев апчиња, почекавме во консултацијансо гинеколог, стрес беше во прашање.
Мене ми кажа дека треба да пијам Добростон 10 дена или додека не добијам, кое и да е прво, бидејќи слузницата е многу здебелена и без леков циклусот ќе биде обилен и ќе трае 15 дена. Кај тебе како беше?
Да, ми доцнеше скоро две недели (ова беше пред 3 години после преживеан стрес) ми препиша добростон и мене гинекологот ама добив веќе нареден ден и не ни почнав да пијам. Ништо страшно, слушај си го докторот ќе се среди.
Мене ми е како швајцарски саат точна. Менструација во животов ми доцнела само во бременост и еднаш така поради циста, 8 дена, ама ми ги размати сметките, 4 различни теста имав направено и сите ми беа позитивни, а бетата негативна. Таа циста често знае и позитивен тест да даде, добро што си направила бета. Не стасав да почнам терапија добив и беше обилно и траеше подолго од вообичаено. Стискаме палци за следен месец.
Цистата даде лажно позитивен тест? Леле господе не дај божр да видам позитивен тест некад од циста, шлог ќе ме стрефи.
Да циста може да даде лажно позитивен, за жал на своја кожа искусив. Особено што се случи точно на месец откако имав спонтан па тие 4 теста баш ми беа радост се додека бетата не ме шокира. Затоа и доста гинеколози за тест со бледа линија велат дека е негативен додека не потврдат на ехо.
Да, кога сум под стрес се менуваат хормионите и може да се деси. Гинекологот ми кажа чекаме до 30 дена...Нешто му доаѓа ко да ти касни еден месец(тебе на пример викаш 10дена ти касни).Гинекологот ми рече дека ако не добијам после тие 30дена,ке ме боцне (за да добијам).
Здраво, некој ако има искусво со забрзување на менструацијата да сподели искуство, имав добиено на 14ти јули овој месец, и следно ми е предидено за околу 11 12 август, и скоро секогаш ми е точна и добивам на предвидените дато, епа сега имам проблем одморот ми е закажан на 13ти август и би сакала да добијам порано барем неколку дена, обично ми трае по 4 дена па 3 4 дена порано ми било супер Имам слушнато за пиење на лимон, чаеви па ме интересира дали навистина тоа помага, не сакам да земам некои апчииња но ако нема друго решение, може да ми препорачате кои?
Знам дека не е добро, но не би сакала да имам баш тогаш плус прв пат одам со дечко на одмор и знам дека не вреди но би било супер да немам Затоа помагајте ако има решение...
Додека пиеш Добростон нема да добиеш. Треба од коа ќе го прекинеш, по 10 дена пиење, во наредните 5 да добиеш. Мене така ми беше кажано, обични добивав за 3 дена по прекин.
Здраво Треба да добијам на 7ми август, а сакам да одложам до 10ти август. Од кое дато да почнам да пијам примолут нор? Правев тестови за овулација и вчера ми беше позитивен тестот, бројам 14дена така ми испаѓа на 7ми август. Така се сметаше нели?
Јас сум пиела чај од магдонос. Одамна беше, се сеќавам дека го пиев за да ми дојде порано 3, 4 дена. Воопшто не верував дека ќе помогне ама ај викам ништо не губам. И за некое чудо, два дена го пиев, на третиот ден добив. Апчиња не ти препорачувам, и јас тогаш се мислев дали да пијам ама ме предомислија бидејќи се пореметува циклусот. Можеш да пробаш со чајот, башка природно е, ништо не губиш.
Zdravo ke odam na vikend vo grcija pa bas togas treba da dobijam dali postojat nekoj apcinja za odlozuvanje na menstruacijata i kako se vikat