1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Менструација

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од emilijakaraivanova, 13 јануари 2010.

  1. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.492
    Допаѓања:
    10.554
    Пол:
    Женски
    Најверојатно е поради тоа.
     
  2. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    67.149
    Ми доцни веќе 10 дена, тестовите негативни, бев на гинеколог и ми кажа дека има циста која се формира во почетната фаза на бременоста и слузницата е исто здебелена. Рече дека исто може да е и од стрес. Наредниот ден направив б-хцг и излезе 1.20, негативно. Гинекологот ми даде Добростон со насоки на користење и што да очекувам. Прашањето ми е, дали ви се има случено нешто слично?
     
    На ALISA0000 и TarantulaA им се допаѓа ова.
  3. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.183
    Допаѓања:
    8.118
    Пол:
    Женски
    Да, после 20 дена ми дојде, ама не пиев апчиња, почекавме во консултацијансо гинеколог, стрес беше во прашање.
     
    На TarantulaA и SV1911 им се допаѓа ова.
  4. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    67.149
    Мене ми кажа дека треба да пијам Добростон 10 дена или додека не добијам, кое и да е прво, бидејќи слузницата е многу здебелена и без леков циклусот ќе биде обилен и ќе трае 15 дена. Кај тебе како беше?
     
  5. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.183
    Допаѓања:
    8.118
    Пол:
    Женски
    Кај мене беше се нормално, немав никакво задебелување, како ти кажале така прави, пиј ги апчињата.
     
    На SV1911 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    67.149
    Да, тоа секако :) само ме интересираа други искуства. Фала што сподели :l:
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. andrejko82

    andrejko82 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јули 2013
    Пораки:
    3.586
    Допаѓања:
    56.240
    Пол:
    Женски
    Да, ми доцнеше скоро две недели (ова беше пред 3 години после преживеан стрес) ми препиша добростон и мене гинекологот ама добив веќе нареден ден и не ни почнав да пијам.
    Ништо страшно, слушај си го докторот ќе се среди.
     
    На SV1911, Bozica1980 и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  8. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.679
    Допаѓања:
    174.604
    Пол:
    Женски
    Мене ми е како швајцарски саат точна. Менструација во животов ми доцнела само во бременост и еднаш така поради циста, 8 дена, ама ми ги размати сметките, 4 различни теста имав направено и сите ми беа позитивни, а бетата негативна. Таа циста често знае и позитивен тест да даде, добро што си направила бета. Не стасав да почнам терапија добив и беше обилно и траеше подолго од вообичаено.
    Стискаме палци за следен месец. (fingers)
     
    На Mumoftwo30 и SV1911 им се допаѓа ова.
  9. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.183
    Допаѓања:
    8.118
    Пол:
    Женски
    Цистата даде лажно позитивен тест? Леле господе не дај божр да видам позитивен тест некад од циста, шлог ќе ме стрефи. :rofl:
     
    На TarantulaA му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.679
    Допаѓања:
    174.604
    Пол:
    Женски
    Да циста може да даде лажно позитивен, за жал на своја кожа искусив. Особено што се случи точно на месец откако имав спонтан па тие 4 теста баш ми беа радост се додека бетата не ме шокира.
    Затоа и доста гинеколози за тест со бледа линија велат дека е негативен додека не потврдат на ехо.
     
    На SV1911, TarantulaA и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  11. TarantulaA

    TarantulaA Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 март 2011
    Пораки:
    1.442
    Допаѓања:
    22.174
    Пол:
    Женски
    Да, кога сум под стрес се менуваат хормионите и може да се деси.
    Гинекологот ми кажа чекаме до 30 дена...Нешто му доаѓа ко да ти касни еден месец(тебе на пример викаш 10дена ти касни).Гинекологот ми рече дека ако не добијам после тие 30дена,ке ме боцне (за да добијам).
     
    На SV1911 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Umetnica

    Umetnica Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2021
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво, некој ако има искусво со забрзување на менструацијата да сподели искуство, имав добиено на 14ти јули овој месец, и следно ми е предидено за околу 11 12 август, и скоро секогаш ми е точна и добивам на предвидените дато, епа сега имам проблем одморот ми е закажан на 13ти август и би сакала да добијам порано барем неколку дена, обично ми трае по 4 дена па 3 4 дена порано ми било супер ^_^
    Имам слушнато за пиење на лимон, чаеви па ме интересира дали навистина тоа помага, не сакам да земам некои апчииња но ако нема друго решение, може да ми препорачате кои?
     
  13. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.108
    Допаѓања:
    112.672
    Пол:
    Женски
    Нема такво нешто.. за одмор да пореметуваш циклус не вреди..
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Umetnica

    Umetnica Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2021
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Знам дека не е добро, но не би сакала да имам баш тогаш плус прв пат одам со дечко на одмор и знам дека не вреди но би било супер да немам ;( Затоа помагајте ако има решение...
     
  15. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.108
    Допаѓања:
    112.672
    Пол:
    Женски
    Нема. Освен со хормони да се клукаш.. ти си знаеш.. младо си, не се зезај со хормони...
     
  16. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.963
    Допаѓања:
    134.809
    Пол:
    Женски
    Додека пиеш Добростон нема да добиеш. Треба од коа ќе го прекинеш, по 10 дена пиење, во наредните 5 да добиеш. Мене така ми беше кажано, обични добивав за 3 дена по прекин.
     
    На SV1911 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Grasiela**

    Grasiela** Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2018
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    694
    Пол:
    Женски
    Здраво
    Треба да добијам на 7ми август, а сакам да одложам до 10ти август.
    Од кое дато да почнам да пијам примолут нор?
    Правев тестови за овулација и вчера ми беше позитивен тестот, бројам 14дена така ми испаѓа на 7ми август.
    Така се сметаше нели?
     
  18. KateSun

    KateSun Нов член

    Се зачлени на:
    29 јули 2024
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    @Umetnica јас сум пиела и ми се поремети циклусот после, подобро немој.
     
  19. Mrs.Precious

    Mrs.Precious Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    3.365
    Допаѓања:
    20.606
    Пол:
    Женски
    Јас сум пиела чај од магдонос. Одамна беше, се сеќавам дека го пиев за да ми дојде порано 3, 4 дена. Воопшто не верував дека ќе помогне ама ај викам ништо не губам. И за некое чудо, два дена го пиев, на третиот ден добив. Апчиња не ти препорачувам, и јас тогаш се мислев дали да пијам ама ме предомислија бидејќи се пореметува циклусот. Можеш да пробаш со чајот, башка природно е, ништо не губиш.
     
  20. Imangela

    Imangela Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2020
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Zdravo ke odam na vikend vo grcija pa bas togas treba da dobijam dali postojat nekoj apcinja za odlozuvanje na menstruacijata i kako se vikat