Јас знам дека треба толку време да помине до следната менструација,дека не треба да е порано од 28 ден,затоа така реков,сепак најдобро е да отидеш на доктор најточно знае што,како,зошто итн.
да да сигурно ке одам да видам шо е работата, се надевам нема ништо затоа што бев пред 5 месеци и се беше ок
не е ништо страшно мене ми иди на 21 или 22 дена тоа сето зависи до организмот може да иди од 21 до 36 дена а ако не ти дојди до 36 ден или си бремена или пак нешто не е во ред затоа нема зошто да се секираш сепак ако сакаш појди си на доктор за да ти биди мирна душичката позз
претпоставувам дека нема ништо, како што кажав сега брзо бев на лекар и се беше ок знам дека на некои му иде на 21 ден, ама тоа е психата само сакам да прашам дали се променило нешто во вашиот циклус, од моментот кога сте решиле да не се пазете????( се надевам ке ми казе некоја кај мене од тогаш почна да ми иде порано
Мене менструацијата никогаШ не ми била редовна и ми касни по ден два скоро секој месец.Но овај месец ми каснеше 5-6 дена и потоа добив ама само како кафен исцедок ама не обилен и ми траеше 6-7 дена и вчера ми прекина.А пред тоа ги имав сите знаци за менструација :имав мозолчина на лицето,нервозна, и пообилен вагинален исцедок.и сега дали е нешто до хормоните или е нешто др во прашање незнам и затоа девојки тука барам совет или мислење.....
Имам едно прашање: Што може да биде причината менструацијата да е помалку обилна од обично? Бременоста е исклучена.
Мене секогаш ми идело точно на денот или касни ден два, а откако почнавме да не се пазиме ми порануваше 2-3 дена и за три месеци забременив. Се надевам дека и кај тебе ке е така
леле дај боже да биде и кај мене така мене ми беше чудно што почна да ми иде порано и ај реков да си прашам фала кисче
порано ми треше 6 дена сеа ми трај 5 дена овие 2-3 месеци од што би мошело? и двата последни денови мн малку имам
Порано ми идеше редовно, можеше да се случи да ми доцни ден или два, и секогаш ми траеше по 7 дена и тоа доста обилни првите 3-4 дена на 2 часа менував влошки. Последниве два месеца ми доцни 8 - 10 дена, и ми треа по 5 дена, тоа ми е навистина чудно.
порано ми треше 6 дена сеа ми трај 5 дена овие 2-3 месеци од што би можело? и двата последни денови мн малку имам петио ден скоро онака кафеава течност од што би можело?
тоа со кафеавиот исцедок ми се случи некаде пред околу 1год.и кога бев на гинеколог ми рече дека тоа не е ништо страшно,така се погодил како некој период. не се секирај ништо не е
ми доцни цела недела и многу ме боли десниот јајник,ставам топло но некако не сака да попушти,малку сум настината па можеби е од тоа? чуствувам како да ме стега главата,а тоа кај мене значи дека треба да добијам за ден два. но проблемот ми е што еден ден пред да добијам и првиот ден страшно многу ме боли главата и да се напијам таблета не ми помага.бледа сум како како лимон и имам темни подочници,со еден збор личам на некој дух.Сакав да прашам таблетите кафетин менструал се само за болки во стомакот или може да се напијам од нив и кога ме боли главата?
Тоа што трае 5 - 6 дена,кај секого е различно,а кафеава течност,обично се појавува пред менструацијата и после,мислам дека нема врска со настинка кај јајниците.
anab........кафетин менструал слободно земи и кога те боли главата , но ако менструалниот циклус ти е проследен со големи стомачни болки би било убаво да направиш еден преглед кај гинеколог. Beлиш дека имаш болки во јајникот ................можеби тие болки се поради промената на времето или можеби земаш антибиотици поради настинката па затоа и дошло до доцнење на менструацијата но можно е да станува збор за некоја бактерија или циста на јајникот . се надевам дека ке биде се во ред ...
ми дојде пред 1 и пол година и се ми беше редовна цело време но сега од јануари немам добиено еве мај веќе завршува а јас немам сеуште добиено бев во март кај матичната што ми е да ја прашам и таа ми рече дека е нормално тоа на секој му се случува ќе ти дојде ми рече а сега еве сеуште ми нема дојдено па дајте некој совет што да правам
Морав да одговорам на ова со кафетин менструал...Не земајте ги таблетите девојќи, колку и да помагаат. Незнам колку сте знаеле, но кафетинот предизвикува тахикардија (забрзано чукање на срцето)...Ви кажувам од искуство на мајка ми...Беше на лекар и и кажаа дека е од кафетинот тоа, дека е силен аналгетик, но еве се јавуваат други компликации...Поздрав