Минатата година неколку месеци со ред добивав најрано, на 26ти ден ми идеше. Последица од стрес и нервоза ми беше тоа а си направив 1000 филмови пошто читав се и сешто, дека на 26 години полека влегувам во перименопауза бидејќи ми се скрати циклусот. Сега си добивам редовно на 28ми/ 29ти ден, со исклучок на минатиот месец кога ми каснеше една недела.
Мене секогаш ми доаѓа на 26ти ден, месеци кога сум малце повеќе под стрес знае да ми дојде на 27ми или 28ми ден.
Здраво девојки. Минатиот месец имав задоцнет циклус од 20 и кусур дена, со што ми беше даден Прималут Нор за поттикнување на циклусот. После испиениот Прималут, циклус ми дојде на 3ти мај. Моментално според календарот на апликација ми касни повторно 10 дена, направен тест за бременост Self Clear, испадна негативен. Во моментот имам болни гради, тапи болки како контракции во јајниците и привремено гадење. Прашањето ми е дали е можно дополнително да се поремети од Прималутот или како треба да го рачунам циклусот после пиење на Прималут.
Да провериш хормони ако не си, прилично долго каснење е тоа. А и не е решение да се клукаш со хормонални апчиња без да се утврди причината зашто доцни.
Одговорот на гинекологот претходниот пат беше хормонален дисбаланс и ако не планираш бременост, нема потреба да испитуваш хормони Затоа сакав да прашам дали Прималутот што го испив минатиот месец може дополнително да придонеси за каснење на циклусот.
Страшно.. Неам искуство со таа терапија, колку шо читав може да изремети, хормонално е сепак. Ниту е магично апче е кое ќе напраи да ти се среди перфектно и да иде точно ко швајцарски саат. Чим смета дека имаш дисбаланс како не ти дава хормони да испиташ бе? Да идеш на второ мислење обавезно!
Здраво . Породена со царски пред 4 месеци. Дојам- се измолзување поточно Предходниот месец прв пат добив после пороѓај. Нормално како и пред бременост ми траеше 4-5 дена. Сега добив пак овај месец но ми траеше само 2 дена.. и ми прекина. Што може да биде?
Хормоните сеуште се средуваат. Ако наредните два месеци ти е нешто поразлично консултирај се со гинеколог. Само да знаеш дека година дена хормоните се хаос кај некој и повеќе време па веројатно затоа така добиваш.
Досега не ми текна а одамна го имам, магнезиум во спреј, овој месец ме спаси од болки. Се мачкав околу стомак 1 недела пред да добијам, дури првите 2 дена супер си функционирав дури и на роденден бев што за мене тоа е несвојствено. За мене е чудно циклус да поминам без ниедно апче за болка.
Женски здраво, секогаш ми доаѓа на 28-ми ден, освен еднаш-два пати досега. И сега веќе 5 дена како ми доцни, а баш ми беше планирано за одмор. Се нервирам и не ми се иде ич вака. Да земам таблета за одложување или пак добивање, знам дека немам време бидејќи треба време додека се испие терапијата. Тампон неможам да поднесам. Што би можела друго да направам, освен да дремам на лежалка само?
Само тампон е чарето. Незгоден е за ставање, некогаш маки мачам со тоа ама па на плажа сум рает, исто како да немам менструација. Лани ми дојде на трет ден од одмор и ме држеше до крај, тампонот ме спаси. Иначе, си зедов и примулот нор ама во последен момент се премислив и не ги испив.
Јас не би пиела терапија, ти како сакаш. Тампон ако користиш, или на лежалка. Јас последните две лета користам тестови за овулација со нив точно знам кога ќе добијам и така планираме одмор. Освен ако го закажувате месеци уназад. Ние никогаш не закажуваме многу порано па ова ми е доста олеснително за планирање.
Дали постојат апчиња или нешто за одложување на менсот ? И дали мора рецепта за тие и како се зимаат?
Има ама колку што знам мора со рецепта. Лани другарка ми во Грција бараше од доктор, тој неволно и даде, не сакаше да и препише ама таа запна. Е во Мк можеби ќе даде некој без рецепта ама сепак размисли си дали да ги пиеш. Седи си мирна мој совет и така си благословена со убав ПМС како мојот хормоните уште повеќе ќе ти збеснат.
Стварно не знам шо се глупирате со тоа одложување. За еден одмор, ризикувате здравје и хормони да заебете Нема ништо поубаво од тоа да е редовна и да иде на време, верујте. Не сакате да знаете како е цел организам да се измачува со каснење од месец и поише, прескокнување итн.
https://safebyso.mk/produkt/safe-менструални-купаќи-црни/ Јас вакви купаќи си купив за менструација. Какви апчиња, не сакам да си пореметувам циклус. Ми се паѓа баш во деновите на одмор да ми дојди, а тампони никогаш не сум клавала. Додуша мене ми трае само 3 дена менструацијата, но овие би ги носела прв и трет ден, вториот многу ми течи и не знам како би било. Ќе пишам баш ако се погоди.