Минатата година неколку месеци со ред добивав најрано, на 26ти ден ми идеше. Последица од стрес и нервоза ми беше тоа а си направив 1000 филмови пошто читав се и сешто, дека на 26 години полека влегувам во перименопауза бидејќи ми се скрати циклусот. Сега си добивам редовно на 28ми/ 29ти ден, со исклучок на минатиот месец кога ми каснеше една недела.
Мене секогаш ми доаѓа на 26ти ден, месеци кога сум малце повеќе под стрес знае да ми дојде на 27ми или 28ми ден.
Здраво девојки. Минатиот месец имав задоцнет циклус од 20 и кусур дена, со што ми беше даден Прималут Нор за поттикнување на циклусот. После испиениот Прималут, циклус ми дојде на 3ти мај. Моментално според календарот на апликација ми касни повторно 10 дена, направен тест за бременост Self Clear, испадна негативен. Во моментот имам болни гради, тапи болки како контракции во јајниците и привремено гадење. Прашањето ми е дали е можно дополнително да се поремети од Прималутот или како треба да го рачунам циклусот после пиење на Прималут.
Да провериш хормони ако не си, прилично долго каснење е тоа. А и не е решение да се клукаш со хормонални апчиња без да се утврди причината зашто доцни.
Одговорот на гинекологот претходниот пат беше хормонален дисбаланс и ако не планираш бременост, нема потреба да испитуваш хормони Затоа сакав да прашам дали Прималутот што го испив минатиот месец може дополнително да придонеси за каснење на циклусот.
Страшно.. Неам искуство со таа терапија, колку шо читав може да изремети, хормонално е сепак. Ниту е магично апче е кое ќе напраи да ти се среди перфектно и да иде точно ко швајцарски саат. Чим смета дека имаш дисбаланс како не ти дава хормони да испиташ бе? Да идеш на второ мислење обавезно!
Здраво . Породена со царски пред 4 месеци. Дојам- се измолзување поточно Предходниот месец прв пат добив после пороѓај. Нормално како и пред бременост ми траеше 4-5 дена. Сега добив пак овај месец но ми траеше само 2 дена.. и ми прекина. Што може да биде?
Хормоните сеуште се средуваат. Ако наредните два месеци ти е нешто поразлично консултирај се со гинеколог. Само да знаеш дека година дена хормоните се хаос кај некој и повеќе време па веројатно затоа така добиваш.
Досега не ми текна а одамна го имам, магнезиум во спреј, овој месец ме спаси од болки. Се мачкав околу стомак 1 недела пред да добијам, дури првите 2 дена супер си функционирав дури и на роденден бев што за мене тоа е несвојствено. За мене е чудно циклус да поминам без ниедно апче за болка.