Јас имам страшно болни менструации и цел живот сум на апчиња. Прво пиев баралгин ама ја сменија фирмата и не е тоа тоа. Постле долго време пиев кафетин ама ми се навикна организмот и почнав по 2-3 да пијам и да не ми помагаат. Сега во аптека ми препорачаа некои даливон и стварно се добри. Еве веќе 3-4 месеци ги пијам, штом ми дојде уше пред да почне да ме боли по едно апче и цела менструација сум си мирна.
секако, и тоа не да смееш туку мораш хигиената е важна, а уште повеке за време на циклусот. потребмо е барем еднаш дневно капење или туширање.
^ Не дали смееш, туку мораш... Одржување хигиена посебно во тие денови треба да е зачестено Едит: Претркана !
Задолжително е! Најубаво е да се тушираш двапати дневно кога имаш менструација. Хигиената во тие денови е особено важна и не смее да се запостави.
Добро со мене нешто не е во ред или не знам што ее! Значи една недела пред да ми дојде можам буквално се да изедамм, дури и масава Ааааааааааааа ќе си пукнамм!!!
Јас кога имам менструација првиот ден ужасно ме боли стомакот значи не можам да висам на нозе и морам да пијам апчиња кетонал форте и некои додатни чаеви од нане и сл. дали е тоа нормално? многу се нервирам ... незнам што да правам мрзам кога треба да имам менструација
Најубаво ти е да одиш на гениколог ако не си била до сега. И јас имам болки и бев на гениколог и испадна дека анатомијата на матката моја била таква што менструацијата за да дојде до каде што треба треба да помине по некој си чуден пат и мора да ме боли. Ама докторкава ми кажа дека може болката да биде и од нешто друго. Но во мојот случај ова испадна. Поубаво да си провериш за ако не мораш да не се труеш со апчиња безвезе
Го поставив прашањево и во интимни прашања и совети ама сега ја видов и темава па мислам мислам дека повеќе одговара овде. Значи обично не добивам точно на време, ама овој месец како за беља изгледа ќе добијам. Почнаа да ме болат градите, јајници по малце. Поради менструацијата решив да одам покасно на одмор, затоа што бев сигурна дека ќе ми касни и сега може да испадне да добијам пак баш тогаш, негде при крај на одмор. Не ми е проблем за бањање туку болките и мачнините првиот ден. Плус тоа имам доста тежок ПМС, покрај нервоза исто имам и доста физички проблеми како мачнини, големи болки во гради и ред др работи... Како да го одложам тоа или евентуално како да си го олеснам ПМС-от, на природен начин, ако е можно. Би ви била многу благодарна ако споделите со мене нешто што вас ви помогнало
На природен начин, неможеш никако, барем јас колку што знам и сум упатена. Е сега на гинеколог можеш да отидеш, да ти даде апчиња кои ќе ги пиеш и откако ке престанеш да ги пиеш по 2-3 дена ќе добиеш, но одат задолжително со консултација со лекар. Така да ако добивањето ти е толкав проблем, обрати се на гинеколог. Се најдобро
вака...имам менструација долго време, и не секогаш добивам како што треба некогаш се случува на 1-ви некогаш на 21-ви да ми дојде но тоа ми е нормално...обчино ми трае 8 дена (најмалку), при што имам голем облив и сл... е овај месец ми дојде на 5-ти, и се нормално болки едно друго се како и другите пати, 5-тиот ден немав ни капка крв, што значи менструацијата заврши, и јас останав ваква ...и и кажав на мајка ми и она ми вика постои можност сега да ти се нормализира, што мене некако и не ми се верува...заврчера утрото повторно ми дојде... и реков на мајками да разговара со мојот гинеколог (бидејќи јас неможам да го посетам) и да ми каже што ќе и рече... дали некој од вас го има овај проблем или му се случило вакво нешто ? дали некој знае што е работава ?
Luge jas imam edno prasanje mi docni veke eden mesec a do sega ne mi se slu4ilo i ovoj mesec 1 den imav epten malku i posle nekolku dena po edna kapka re4isi ve molam helppp [mod-kirilica:1fp4ri66][/mod-kirilica:1fp4ri66]
А да си одиш на гинеколог? Не може да се знае од што ти доцни. Може да си бремена, а може и други фактори да има. Затоа, гинеколошки преглед е најдобра опција.
Вака сега и мене ми се случи истото пред извесен период. Затоа што имам завршено медицинско одма мислев тумур или нешто слично дека имав...нема врска со тоа ништо... понекогаш се случуваат процеси во организмот кои неможат да се објаснат... А дали имаш знаци на предменструален синдром ??? Инаку вака направив, на улошка стави ракија и легни си... баба ми ми кажа за ова и сабајлето добив... се надевам дека ке делува ))) Убав ден ))
здраво до сите .гледам дека има ваква тема и си помислив не е грешка да прашам дали некоја има слична ситуација како мојата.јас се породив на 21 година и од тогаш имам нередовни менструации и тоа кога ке добијам се бавни и траат по еден месец што најчесто завршувам со киретажа.правев биопсија папа тестови хормонален статус но до сега ништо се нема покажано едноставно имам само полицистични јајници.но како крварењето трае јас така заслабнувам со крвта серумското ми опаѓа.навистина незнам јас ниту мојот матичен за што се работи а хормонални не сакам да пијам бидејќи имам проблем со тежината ,а и ги пиев доста време неможам повеќе.се прашувам дали е можно да биде последица на AD што ги пијам или е нешто друго. ситуацијава трае 10 години да имаше нешто сигурно до сега ќе се случеше нешто но никогаш неможеш да бидеш сигурен работите можат да кренат во нагорна линија(на полошо)молам за ваше мислење.....
Ако веке веруваш во нешто што се вика алтернативна медицина од поинаков тип би ти препорачала тоа што мислам дека ке ти помогне...некој како Константин... Moжеш да се информираш тука www.konstantin.com.mk Ако сум добро информирана човеков лечи по пат на егзорцизам и досега скоро никој не се пожалил од него ( има излечено тумури и слично )... можеш да закажеш консултација кај него и ке разговараш па ке ти каже дали може да те излечи или пак не...
сум слушнала и за него и доста имам глдано како работи имам блиски пријатели кои беа таму но искрено ми кажааа дека веќе никогаш нема да се врата кај него .ништо не му помогнал иако биле многу пати .а јас се плашам кога ке помислам само како работи со луѓето кога гледав на цд страшно е .....едноставно сеуште мислам дека има нешто што некој неможе да го открие во мојот организам......
Таква менстурација може да биде ако имаш низок крвен притисок. Мене така ми се случи, иако немора да значи за тебе, лекар најубаво ќе ти каже