девојки ме интересира како се чуствувате за време на менструација јас сум нервозна, ме фака паника, депресивна... тоа ми се случува и неколку дена пред да добијам па се прашувам дали е нормално и додека имаш така да се чуствуваш...
Нормални појави се, немој да се плашиш, само обиди се да ги контролираш. Некои за време на тој период јадат многу повеќе од предходно, на некои им влијае емоционално.
Значи неможам веќе. Секој месец имам болна менструација, ама до сега ми поминувало од 1 кетонал. Денес добив, и не само што не ми помина од апчето, туку и ми се повраќа и ме боли плус желудник... Кажете што да се напијам, зошто неможам стварно, цел ден лежам, умирам од болка, а морам да учам.
A jaс да си прашам, под редовна менструација подразбирате да ви доаѓа на пример на точно 28 дена или во одреден временски интервал?
Кукличке, свари си чај од камилица или нане, не го засладувај многу и напиј се андол или далерон - ко инјекција ќе ти дојде, посебно ако испиеш голем филџан од чајот. Ако имаш силни грчеви, наполни си едно шише со врела вода и држи го на стомак, ќе се смири.
немој никогаш да го пиеш сам кетоналот, мора со некое др апче за желудник, така нема да те боли и желудникот, затоа што нели кетоналот е мн јак, јас секогаш пијам кетонал+спазмекс, а и некогаш едно бедоксинче
Колку што не едуцирале, од 28 до 35 дена. Порано мене ми беше до ден точна (три дена назад од датата кога последно сум добила), а последнава година знае да е +/- 1/2/3 дена да ми „каснит“, што сепак е нормално.
Шумечи магнезиум и немаш гајле се пие пред добивање, и за време на периодот, мислам по еден на ден ќе ти биде доволно. Ги регулира течностите во организмот.
Како што кажа од 28 до 36 ден, јас знам дека до 36, во рок од тој период треба да се појави циклусот, значи треба да поминат тие 28 дена до појавата на наредниот циклус.Доколку се појави пред 28 или веќе после 36 -тиот ден тогаш нешто не е во ред, ако го преминува и 36 -тиот ден, тогаш веќе се знае дека доцни, а причините можат да се различни.Со што секој месец треба да се појавува, ако не е редовно, тогаш е кога се развива организмот, некаде пример пред 20-тата година, зависи, после треба да се среди, да е редовно.
E значи секој различно го дефинира тоа нормално. Мене гинеколог ми кажа од 23 до 40 дена. Инаку јас најчесто добивам на 25-6-7 дена, ама не секогаш точно на истиот ден и ме интересираше дали е тоа редовно, за нормално знам дека е
ми се има случено еднаш порано да ми касни 18 дена а сега нз точно кога добив мислам дека ми касни .накај 20 дена.два теста направив негативни се.не се секирам мн за тоа,користиме заштита.дачи на некој му се случило ова?немам никакво чешање како знак на инфекција,имам еден партнер добивам болку на два три дена од како ми касни како за добивање....нешто познато???? страв ми е од лекар иако нема причина затоа прво тука да побарам совет.да пробам ли со ракија на влошка пред спиење ?
прочитав низ муабетиве дека доколку ти касни да ставиш ракија на влошка.а мене ми касни накај 20 дена ///
i mene mi kasni dvaeset dena mozebi nz tocno koga dobiv mislam deka se okolku 20 dena kasnenje...imam bolki kako da ke dobijam.ke probam so rakijava fala ))
Да, знам дека е јак, ама се напив на ненајадено и се зезнав... Ем не ми помина болката, ем почна да ми се повраќа.. Фала на сите за советите... Ми помина од чај и топло шише на стомак + далерон, а ќе имам во предвид и да пијам магнезиум пред добивање.
девојчиња здраво дали ве болат дојките пред да добиете менструација? дали ве болат двете или едната? општо кои симптоми ги имате? бај бај