Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Менструација

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од emilijakaraivanova, 13 јануари 2010.

  1. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.636
    Допаѓања:
    10.903
    Пол:
    Женски
    девојки ме интересира како се чуствувате за време на менструација јас сум нервозна, ме фака паника, депресивна... тоа ми се случува и неколку дена пред да добијам па се прашувам дали е нормално и додека имаш така да се чуствуваш...
     
  2. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Нормални појави се, немој да се плашиш, само обиди се да ги контролираш. Некои за време на тој период јадат многу повеќе од предходно, на некои им влијае емоционално.
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  3. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.976
    Допаѓања:
    26.359
    Значи неможам веќе. Секој месец имам болна менструација, ама до сега ми поминувало од 1 кетонал. Денес добив, и не само што не ми помина од апчето, туку и ми се повраќа и ме боли плус желудник... Кажете што да се напијам, зошто неможам стварно, цел ден лежам, умирам од болка, а морам да учам. :( :( :(
     
  4. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    A jaс да си прашам, под редовна менструација подразбирате да ви доаѓа на пример на точно 28 дена или во одреден временски интервал? :wasntme:
     
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.996
    Допаѓања:
    81.335
    Пол:
    Женски
    Кукличке, свари си чај од камилица или нане, не го засладувај многу и напиј се андол или далерон - ко инјекција ќе ти дојде, посебно ако испиеш голем филџан од чајот.
    Ако имаш силни грчеви, наполни си едно шише со врела вода и држи го на стомак, ќе се смири. :)
     
    На KuklickaSk му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    немој никогаш да го пиеш сам кетоналот, мора со некое др апче за желудник, така нема да те боли и желудникот, затоа што нели кетоналот е мн јак, јас секогаш пијам кетонал+спазмекс, а и некогаш едно бедоксинче ;)
     
    На KuklickaSk му/ѝ се допаѓа ова.
  7. perlaa

    perlaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2011
    Пораки:
    1.223
    Допаѓања:
    788
    а ако циклусот ти касни 2-3дена и подоцна кога ќе ти дојде имаш обилно крварење нормално ли е тоа?
     
  8. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Колку што не едуцирале, од 28 до 35 дена. Порано мене ми беше до ден точна (три дена назад од датата кога последно сум добила), а последнава година знае да е +/- 1/2/3 дена да ми „каснит“, што сепак е нормално.
     
  9. LyckliG

    LyckliG Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2010
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    34
    Шумечи магнезиум и немаш гајле :) се пие пред добивање, и за време на периодот, мислам по еден на ден ќе ти биде доволно. Ги регулира течностите во организмот.
     
    На KuklickaSk му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Како што кажа од 28 до 36 ден, јас знам дека до 36, во рок од тој период треба да се појави циклусот, значи треба да поминат тие 28 дена до појавата на наредниот циклус.Доколку се појави пред 28 или веќе после 36 -тиот ден тогаш нешто не е во ред, ако го преминува и 36 -тиот ден, тогаш веќе се знае дека доцни, а причините можат да се различни.Со што секој месец треба да се појавува, ако не е редовно, тогаш е кога се развива организмот, некаде пример пред 20-тата година, зависи, после треба да се среди, да е редовно.
     
  11. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    E значи секој различно го дефинира тоа нормално. Мене гинеколог ми кажа од 23 до 40 дена.
    Инаку јас најчесто добивам на 25-6-7 дена, ама не секогаш точно на истиот ден и ме интересираше дали е тоа редовно, за нормално знам дека е :)
     
    На KuklickaSk му/ѝ се допаѓа ова.
  12. hipi

    hipi Активен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2011
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    0
    ми се има случено еднаш порано да ми касни 18 дена а сега нз точно кога добив мислам дека ми касни .накај 20 дена.два теста направив негативни се.не се секирам мн за тоа,користиме заштита.дачи на некој му се случило ова?немам никакво чешање како знак на инфекција,имам еден партнер :D добивам болку на два три дена од како ми касни како за добивање....нешто познато???? страв ми е од лекар иако нема причина затоа прво тука да побарам совет.да пробам ли со ракија на влошка пред спиење ? :D
     
  13. hipi

    hipi Активен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2011
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    0
    прочитав низ муабетиве дека доколку ти касни да ставиш ракија на влошка.а мене ми касни накај 20 дена ///
     
  14. hipi

    hipi Активен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2011
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    0


    i mene mi kasni dvaeset dena mozebi nz tocno koga dobiv :worried: mislam deka se okolku 20 dena kasnenje...imam bolki kako da ke dobijam.ke probam so rakijava :D fala :)))
     
  15. Smileeee

    Smileeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    75
    Се е под нормала :)
     
  16. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.976
    Допаѓања:
    26.359
    Да, знам дека е јак, ама се напив на ненајадено и се зезнав... Ем не ми помина болката, ем почна да ми се повраќа..

    Фала на сите за советите... Ми помина од чај и топло шише на стомак + далерон, а ќе имам во предвид и да пијам магнезиум пред добивање. :)
     
  17. hipi

    hipi Активен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2011
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    0
    ова за мене ли беше ? :D
     
  18. A.d.e.l.a

    A.d.e.l.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    98
    девојчиња здраво
    дали ве болат дојките пред да добиете менструација? дали ве болат двете или едната?
    општо кои симптоми ги имате?
    бај бај :inlove:
     
  19. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    Повекето ги болат. Нормално е. Мене 10 дена пред да добијам ме болат и ми растат. :D
     
  20. A.d.e.l.a

    A.d.e.l.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    98
    а двете исто те болат? мене едната повеке другата многу помалце |(