мене ова ми се случуваше на почетоците од добивањето и ме држеше да не претерам скоро цела година,така да јас би ти рекла дека е нормално. Исто како и ти, и јас од кога ќе повратев се осеќав подобро. Ама затоа сеа пукам коа добивам, си плачам ко мало бебе .
Сакам да прашам колку е добро за време на менструација да се тренира?? После неколку години пак почнав со тренинзи и не можам секогаш кога имам добиено да не вежбам ?? Незнам дали ми е сугестија, ама се мислам дека повеќе ми тече ??
Незнам дали е добро, но ако имаш обилна менструација подобро не вежбај, односно прави онака како што и самиот организам реагира.Јас избегавам додека ми е циклусот да вежбам, некако во тој период сум како пингвин и немам шанси да вежбам, гледам да мирувам тој период.За време на пмс, иде некако, ама додека ми е циклусот, не можам.
Можеш да вежбаш, само не се форсирај. Вежбањето и физичката активност помагаат против менструалните болки, иако можно е повеќе да ти тече од напорот, меѓутоа, тоа трае само ден или два. Инаку, научно докажано е дека жените спортисти кога имаат менструација постигнуваат подобри резултати
Mорам да признаам дека е точно. Секој натпревар што играв на општинско ми се паѓаше кога имав добиено. А за чудо па, победувавме. Хахаха, колку има вистина во ова дека е наулна, незнам.
Ова веќе е неподносливо. Мислам дека овој пат ќе искрварам до смрт. Никако не ми испаѓа математиката - ако во организмот има 5 л крв, а јас до сега наполнив 20-тина влошки - колку ми останува во организмот? Веќе четврти ден обилно крварам, вчера почнав да чувствувам втоглавици, а денес сериозно се плашев да не се струполам. Имав чувство дека ако станам од столче, ќе паднам пред да го направам првиот чекор. Бледа сум како мртовец, со подочњаци до земја. На човек не личам. Сакам само да престане... А следниот месец - спирала. Дефинитивно и конечно.
Што маки си имам,аууу. Море не грчеви,си мислиш насред пораѓање си. Ни апче помага,ни чај ни топла крпа на стомак. Во моменти ми иде да се убијам од што ме боли.
Другарка ми е невина значи немала никаков сексуален однос денеска требаше да добие но не и дојде дали има некоја причина за тоа и дали има ппотреба од паника?
Или е наредната Дева Марија, или едноставно и касни. Ништо страшно, не е тоа швајцарски часовник па точно до секунда да доаѓа.
и јас и го реков истото но сепак таа паничи...бидејќи пред неколку месеци беше на гинеколог и имала полицистични јајници и на едниот јајник имала жолто тело гинекологот и рекол да направи некои исптиувања да не се работи за тумор на јајникот но се воспостави дека нема ништо...затоа решив да прашам тука...благодарам на одговорот...)
Јас требаше да добијам денеска но недобив..едниот јајник ми е полицистичен..а пред некое време бев болна и примав антибиотик амоксиклав таблети од 1000 mg ..а секогаш ми доаѓало на 28 -29 дена...редовно до сега...незнам зошто дали можеби од амоксиклав таблетите?)
Девојки, малку сум исплашена па би сакала некоја од вас да ме посоветува. На 9 Март добив менструација и ми траеше 7 дена(тоа е нормално за мене 4 дена обилно + 3 по малку) до 16 Март, пет дена немав ништо и денес (21 Март) од сабајле повторно имам кафен исцедок како да ми завршува. Дали некоја од вас знае што може да е проблемот(не користам орална контрацепција и никогаш не сум крварела помеѓу два циклуси)?
Веќе два месеци не сум добила. Обично по еден месец секогаш немав. Така преку еден месец Но сега почна да ме загрижува. Имам само "бело прање" веќе еден месец. Има ли потреба да се грижам? Знам сеуште не ми е стабилизиран циклусот зошто имам само една година до сега ?
Здраво..мене ми касни три дена а несум сексуално активна...бев вчера на гинеколог и ми рече дека немам ништо освен неколку мали цисти на едниот јајник...имам зголемено бело прање...има ли потреба да се грижам?
Може некој да ми каже поради кои причини(освен бременост) би доцнела менструацијата? И дали е нормално подолго од 2 месеца да касни без причина?
Женски веќе 6-7 години поминаа од првата менструација , а еве сеуште неможи да ми се стабилизира циклусот. Некогаш ќе добивам на ист датум , неколку месеци со ред и потоа пак нешто ќе се измести и секој месец почнува на различен датум да ми иди.... Бев и на гинеколог во ред било со јајниците , пиев и чај од невен (тој ми кажаа бил добар за јајниците и за нередовен циклус) и пак еве ништо нема резултат.... Што би можело да биди ова , има некој ваков проблем ? И исто ме мачи ова, дали би имало некаква врска нередовната менструација со интимните односи ?
Не е во ред да касни подолго од 2 месеца,освен ако станува збор за нередовен циклус,но не може поради стрес да доцни толку долго, така што најверојатно е проблем со јајниците, Лукс, обавезно да прашаш доктор, не оставај така
Па два месеци ако касни проблемот е во јајниците, е сега дали се цисти или пак некое пореметување на хормоните, пак е до јајниците(таму се создаваат женските полови хормони). Ако се работи за 5-6 па и 10-15 дена може да е поради лоша исхрана, губење тежина, стрес, климатски промени, медикаменти некои.. Најубаво е проверка на гинеколог и ехо и плус да се испитаат хормоните. Иако некои девојки/жени цел живот имаат нередовна менструација, па немаат здравствени проблеми поради тоа. Но како и да е треба да се испита. Кај мене имаше. Пред да почнам со односи ми каснеше обавезно, некогаш 5-6 дена, некогаш и по 20 дури. А исто како што пиша ти некогаш па 2-3 месеци со ред ќе добивав на време. Значи не ми беше екстремно нередовна, но ете не ми беше ни во нормалните граници. Од кога почнав со односи добивам на точен датум или ден два околу тој датум