сум имала ама не скоро,не се беше во ред, но минатиот циклус за прв пат ги пиев тие спасмекс т.е. ги мешав со кафетинот.. можно ли е заради тоа да е .. ?! -.-
Не би требало да биде од таблетите.Јас мислам (бидејки и мене ми се случувало да микасни подолго време) дека ти е некое хормонално поретеување. Секако појди кај твојот гинеколог. Не е страшно не се секирај.Поздрав.
Јас мислам дека има врска тоа што си ги мешала со други апчиња кафетинот бидејќи во упатството е јасно напоменато да не се мешаат со други апчиња додека се пијат тие.Може да има и некоја друга причина пример ако си била под стрес некој претходно,климата,многу причини. Сепак ние овде можиме само да си нагаѓаме што е и како е. Мој совет е да одиш сепак на гениколог сепак тој најдобро знае да ти каже што е проблемот.
Се вратив од одмор и заприметив дека почна да ми течи крв, ама не онаква како за менструација. Темна е како пред да ми заврши и не ми течи обилно. Дали ова се случува заради промена на климата? Што мислите? Иначе менструација треба да добијам на 26ти
Не може да настане хормонално пореметување од апчиња кои не се хормони. Нема шанси да ти е од апчињата, барај друга причина. Ако си пиела антибиотици (а ти си пиела аналгетици) може да ти касни некој период, ама два месеци е веќе причината до организмот. Оди најубаво на гинеколог.
од климатскиве промени,цел циклус се пореметува.ама па 2 месеци е долг период.мене ми подрани 6 дена што е мноу за мене,зашто секогаш иам горе долу редовна менструација(1 до 2 дена покасно или подоцна)
Ке ве молам кој има искуство за мислење. Пред 5 месеци се породив, после порагајот крварев 40 дена, па потоа немав се до предходниот месец кога добив.Предпоставував дека нема да имам креварење до крајот на доењето не се случи така, овај месец пред една недела требаше поворно да добијам ако веке ми се норамализирало менструалното крварење но не добив, но да напоменам дека веке недела дена го имам тој ПМС без причина сум неровзна , чуствувам некаков с'клет и целото лице ми се нафрла. Предпотавувам и ова дека е норамлно,поради хормоните дури да се врати организмот во нормала треба да помини некој период, но сепак ги молам искусните за мислење.Благодарам и
Менструација може да добиеш кога било после породувањето, зависи од организмот. Јас на пример, добив еден месец по породувањето, иако доев. Нема врска дека ако доиш нема да добиеш се додека трае тој процес. Нормално дека треба време малку да се среди циклусот (малку повеќе - мене година ми требаше, и еве, фала му на Бога, се среди, лека полека), а за ПМС, т.е симптомите - само Б6, магнезиум или нешто слично за смирување, оти сепак, уште го доиш малечкото. Мене знаеше две-три недели да ме тера ПМС пред да добијам, пред да ми се стабилизира циклусот, а еднаш ми се случи и месец и пол да ми трае тоа (дури си помислив дека сум трудна) - на гинеколог ми утврдија циста. После се среди. И искрено, сега ни ПМС не ми е толку изразен, ниту пак менструацијата ми е обилна - ми трае едвај пет дена (а порано 7) и тече далеку помалку отколку претходно. А болките така така, некогаш ги има, некогаш не.
пред околу 2 месеца ви писав дека сум загризена околу менструацијата бидејки имам 13 години а немав добиено но вцера добив фала богу но сега имам друг проблем имам болки во стомакот па сакав да ве прасам сто правите вие кога имате болки
^ Се уште си млада за да се труеш со лекови, но и во подоцнежни години гледај избегавај хемии. Кога ке ти бидат менструалните болки, гледај да ти е затоплена половината,посебно јајниците, е сега е топло но во зимно време се става теромо на мешето ке си се завиткаш со кебе, и тие денови повеке одмарај, исто можеш да си пиеш чај од нане помага за стомакот. Тоа е , жени сме што да правиме мораме да ги помиуваме тие симтоми секој месец, за жал кај скоро сите нас е исто..
Можно ли е да се пролонгира доаѓање менструација после неколку дена од датумот? Прашувам за по природен пат, начин, значи не со апчиња.
И јас од порагајот добив два пати не редовно ама пак , е сега овој месец не ми дојде менструација ... Да требаше пред 10 дена Уште не ке да е среден организот мој од породувањето
Постојат ли некои други апчиња за одложување на циклусот освен Примолут Нор и едни на Д незнам како беа точно ?
Ми доцни. И плус ме како пече во долниот дел од стомакот, ама не многу, малку само. Нормално ли е да осеќам печење? До сега не ми се случило ова. А и веќе 3-4 дена ме боле стомакот, на периоди.
неможе. би сакала да прашам за мене дали за време на циклуц нормално е повеке да ти се спие и да цувствуваш замор???
јас па сакам да прашам кога ќе почне редовно да ми доаѓа?? или немора редовно да ми е ?? мислам дека е нормално што не ми е редовна (некогаш ми иди на 40 дена, некогаш на 50 некогаш на 2 месеци) бидејќи имам само 12 години и треба уште да се развивам и бла бла бла, ама стварно ми прави проблеми кога ми иди наеднаш.. кога ја чекам океј ми е бидејќи сум спремна ама ако ми дојди наеднаш а јас сум на училиште ?? и кажете некои симптоми пред менструацијата (јас досега само два имам забележано, болка во долниот дел во стомакот и отежнато вршење нужда по голема потреба )?? и која храна ќе направи да не ме боли толку?? бидејќи во 1 и во 2 ден ептен ме боли кажете дали некој чај да пијам и од што, или па некое овошје да јадам ?? btw: знам дека има апчиња само не сум сигурна дали се соодветни за моја возраст (океј можеби се за секоја возраст, ама сепак да си прашам)
Пробал ли некој да ја регулира менструацијата и болките со чај од бела ајдучка трева? Додека бев на планина набрав еден тон, чиста, свежа, па сега уште ја сушам. Читав некаде дека треба 30 дена пред спиење да се пие по една шолја. Некој да ми каже искуство? Резултати?
^ За регулирање на менструалниот циклус немам слушнато дали и колку помага, ама несомнено е најдобар лек против болките. Мене само таквиот чај ме спасува, значи ниту Кетонал, ниту Кафетин менструал, само чајот од ајдучка трева или нане, мирудија ми помага, ама највеќе од ајдучка трева и го пијам без (или со мноооогу малку) шеќер, со по некое резанче лимон во филџанот. Болките ми се смируваат за 10-15 минути, чудо некое, а морам да напоменам дека имам ужасни, вртоглаво болни менструации.
Вака девојче имаш 12 години и менструацијата во тие години ќе ти биде нередовна, ќе ти касни па ќе ти дојде затоа што си уште мала и треба време да се стабилизира. Симптомите се најчесто болки во долниот дел од стомакот, кафеав исцедок,болка во главата...итн. Што се однесува до храна ниедна храна не може да ја намали болката бидејќи тоа е нормално,постојат и други начини за да се намали болката. Можеш место кафетин менструал да пиеш аналгин. За чај камилица смирува но многу ќе одиш по нужда. Значи со тек на време она ќе се стабилизира сама по себе, сега за сега ќе ти касни и ќе ти варира. Во случај да добиеш на школо носи си влошка со себе.