и јас од 24 немам добиено..а денеска забеле=ав некаква розова течност...некој по упатен да ми казе со се дешава??
Преселувањето во друга држава е стрес за организмот, и се нарушува неговото нормално функционирање, па затоа може да се наруши и менструалниот циклус. Не му се мислете многу, ќе ви дојде, само треба организмот да се стабилизира. Nonencee и obi4ana, појдете на гинеколог, прегледот може многу повеќе да каже, отколку ние овде
Мене секогш пред да ми дојде еден ден ми тече кафеаво или розевко .. и другиот ден знам ми доага , тебе утре ке ти дојде
женски,сакам да ве прашам нешто. бев бремена вонматерично. и ми рекоја да не останувам бремена 6 месеци, мирекоја дека ќе помини време додека да се стабилизира менс. на 13 септември го испуштив плдото преку крварење, на 27ми ми дојде менс, и сега еве сеуште ми нема дојдено, оттогаш со мажот ми се пазиме ептен.. ама ми доцни.. и се плашам ептен.. ме ли некоја да ми кажи нештооколу ова, ве молам.. побрзо?
И јас бев вонматерично бремена и го испуштив плодот со крварење, и ми дојде после една недела. Гинекологот ми кажа дека можеме да пробаме пофторно после првиот циклус...Незнам зошто треба да чекаш 6 месеци за пофторно да останеш бремена?
Ми каснеше, и откако добив, не ми завршува. Денес ми е 11 ден, денес ќе идам итно на преглед. Сигурно нема одма да ми објасни, и ќе ми прави испитувања. А минативе месеци колку хормонски апчиња испив, сигурно тие нешто ми заебале. Прочитав на нет, и мн лоши работи пишуваше за моите симптоми. Дали на некоја и се има случено истово, и што и беше всушност?
исто и од мене нека ти е лесно. Ете,едно искуство плус И кај мене беше исто,минатите два месеца ми доаѓање на сосем различни дауми и сега ми каснеше 1 месец и 13 дена и 14 ден ми дојде. Без грижи,ќе ти дојде. Исто и мене проблемтие ме натрупаа,начинот на исхрана го сменив па многу ми каснеше,ама еве сега ми дојде и дури чаршафот го измацав(немојте да ми се смеете)
здраво вака сега да ви кажам оној месец ми дојде на 27 а ми идеше се точно на 28 дена. А сега еве, требаше, ако е на 28 дена, да ми дојде на 24-25, ама уште ја нема. Не знам што е работата, синоќа направив тест за бременост, испадна негативен. Не знам навистина што се случува, пишете дали на некој му се случувало ова.
Здраво женски сакам да ве прашам дали ви се има случено ова: менструација обично ми трае 5-6 дена и овој месец ро менструацијата имав односи 6 тиот ден,и росле тоа 2-3 дена ми се цедурка крв ама како кафеав е.Ви се има ли случено?Што е тоа?
незнам,така ми рече гинекологот во битола, а наредната менструација кога ти дојде? мене еве сеупте ми нема дојдено. имате пробано за да останиш повторно бремена? мене некои жени ми рекоа дека шансите се мали, да можам да родам, можело да се случи да останам повторно вонматерично, и така секој нареден пат... воглавно, ме интересира за менструцијава.. дали е нормално да ми касни ??
Имам еден невообичаен проблем , имам 16 год и од кога добив прв пат менструација (13год) не ми е стабилизирана , во почетокот ми траеше по 2 недели ми доаѓаше на 5 месеци , некогаш и воопшто немав , отдов на гинеколог пиев некои апчиња па така добивав некое време , но штом ќе престанев со апчиња повторно истата приказна . Сум правела хормонски анализи се , па ми констатираа синдром на микрополицистични јајници , но ми рекоа дека со тек на време ќе се повлечат . Потоа ми рекоа да го прверам пролактинот , тој бил поврзан со хипофизата , но и тој ми беше нормален , и сега немам добиено од јуни , и незнам веќе што да пробам и што ми е , па ако некоја може да ми помогне би ви била благодарна
Јас мислам дека подобро е пак да одиш на гинеколог и да ти препишат пак некои апчиња и пак да ти ги видат јајниците на ехо,подобро така да ти дојди,отколку воопшто,за да немаш покасно проблеми,а и ако треба јајниците да се третираат.Иначе нестабилната менструација можи и покасно, накај 18 години да се стабилизира,а и тогаш можи да иди со закаснување,зависи колку ти е долг циклусот,кај некои е 28 дена,кај некои можи да стигни и до 34-35 дена. Но бидејќи кај тебе веќе се работи за месеци,подобро оди на преглед.И хормони можи пак да ти испитаат,за посигурно. Кажи им како се одвиваше од кога те прегледале досега. Поздравче
мене ми се случило. да ми дојди и 3тиот ден и 4тиот да немам воопшто крв. и после 5тиотт ден да ми дојди пак како првиот ден, силно да ми течи..
Прашав и во друга тема и бидејќи не ми одговорија, можеби овде некој може да ми помогне. Девојки, последно ми дојде на 18 октомври. Секогаш ми доаѓа менструација на 28-30 дена, што значи требеше да добијам отприлика на 16-18 ноември. Но пред околу една недела забележав крв на гаќичките. Кога се избришав во вц имав многу, исто како мензис. Наредниот ден бев на гинеколог( секако беше време за контрола) и ништо немав, ни капка крв. На ехо се беше во ред, како и резултатите од пап. Денес повторно ми се случи истото, пак имам крв цел ден. Крвта е светла, бледа . Не знам од што може да е, прв пат ми се случува ова. Некоја да не го имала овој проблем?