Не знаев каде да го сместам ова, а пукнав више, не знам кај да се обратам Последниве месеци заприметив дека во периодот на овулација, таа недела се осеќам како балон. Јајниците, нормално, знаат да ме здоболат, ама не е страшно. Чувствувам како и цревата и желудникот ми се подуени, дури и грбот ме боли. Не можам да функционирам. Залците си ги бројам, што и колку ќе изедам, оти после може да се тркалам. Имам нормален апетит патем, само ми е страв да јадам од последиците. Наутро се будам со грчеви. Кога ќе заврши периодот магично се е подобро. Никаков проблем. Што сака да ми каже телово? Дајте лек, оти се мрднав
Мене да ме врзат со јаже,ми се чини може да ме летаат како оние змејови Искрено сега кога ќе одам на гинеколог ќе го прашам за овој проблем и дали може да се ублажи.Не знам дали Палин може да помогне.
Мене ми е тазе ова па затоа ме чуди. Порано стандард симптомите ги имав, сега секс. желба сведена на минимум. А како би, кога мислам контракции имам а хормоните во ред ми беа, ги испитував
Вакво прашање постави една моја пријателка на гинеколог и доби одговор дека ,,убаво,, било што боли и не е страшно. Пиј чај од мајчина душица во тој период, смирува - испитано и проверено
Имаме редовна менструација но минатиот месец добив 2 пати... Бев на гинеколог и ми рече се е во ред, а направив и ПАП тест и ми рече дека имам мало воспаление но не е ништо страшно и ми даде Вагисан да користам.6 дена веќе ги користам а ми доцни 3 дена... Можно да е од нив?
Помагајте , што да направам за помалку денови да ми трае? Сакам до вторник да ми заврши а ми дојде денес..
Девојки морам да ве ппрашам. јас имам многи редовен ментруален циклус кој теае 29-30 денови. но вчера се случи нешто чудно, иако веќе добив за овој месец цикслу на 15ти. сепак сношти имам страшна нервоза, болки во градите, изразен ПМС и малку прокврарив. денес повотрно ги имам ПМС симптомоте, но немам крварење. што може да е ова?
Кравче, освен чај од мајчина душица, пиј чај од ајдучка трева, без разлика дали е од онаа обичната жолта или белата. Дефинитивно делува како инјекција - ублажува грчеви и болки ненормално добро и брзо. Јас без овој чај не можам да мрднам првите 3 дена од циклусот, па и додека сум во ПМС. Тоа ми е единствениот лек, плус еден Беналгин и чао аморе. Мене тоа ми е секојдневие за време на циклусот. За да го спречиш тоа, наредниот пат веднаш по добивањето напиј се чај од нане или од ајдучка трева. Чајот нека биде незасладен, за подобро да делува. Ако и вообичаено имаш болки, после чашката чај, напиј се и еден Аналгин, Беналгин, па може дури и Кафетин за болките да станат минимални и да ги снема по некое време. Добро е чајот да се пие повеќе пати на ден, јас практикувам 3 чаши дневно од 250 ml. Како ми проаѓаат деновите, така намалувам со чајот. Исто, за да немате многу болки, практикувајте да го пиете чајов и неколку денови или недела-две пред да добиете, еднаш дневно мало филџанче.
Девојки јас имам редовна менструација но овој месец 2 пати добив,прво имав на 10 Март а сега на 31 Март пак ми дојде, значи мн порано повеќе од недела, и сега имам многу големо крварење. Иначе од кога ми заврше менструацијата на 20 Март бев на гинеколог и ми рече дека сум во оволуција и дека сум пред циклус, и јас и викам не рано ми е, но ств еве за нецели 2 недели од тогаш ми дојде. Јас секогаш сум имала мало крварење но сега имам обилно, и никогаш до сега еве имам скоро 7 год менструација и никогаш не ми има дојдено толку брзо дали е ова нормално!??
Девојки сакам да ве прашам нешто. Вчера сабајле кога станав и појдов во вц имав кафеа течност на гаѓичките,а требаше да добијам на 7ми месецов.Но после тоа си ставив влошка и имав ама сосем малце пак кафеаво.Денеска пак истата кафеава течност ко вчера. Зошто ми е вака? Никогаш досега не ми било вака? Исто да кажам дека месецов дека едно време пиев амоциклав 2х капсули..но не ми се вервува да е од тоа... Но повеќе пати ми се има случувано да ми касни,никогаш не ми иде на време.Aма досега вака не ми било.
menstrualen ciklus zdravo devojki jas sum nov tuka i me interesira kolku trae eden normalen menstrualen ciklus? 23 dena 25?28?
menstrualen ciklus Секоја жена има различен циклус.Нормално е од 25 -40 дена зависи која како.Има некои и по два три и повеке месеци немаат од разни причини што немора да е бременост или нешто сериозно.Познавам такви и без проблем или терапии останале трудни.Но најчесто на некои им иде на 25,на некои на 30..... до 40 дена.Тоа се рачунало за нормален циклус.
Мене веќе два месеца по ред кога треба да добијам менструација ми тече кафеава течност наместо крв, па сакав да прашам дали е нормална таа појава и дали на некој исто му се има случено? поздрав
требаше да ми дојде крајот на април- и ме болеше стомакот и ми испаднаа бубулици како и секогаш кога ми иде ама не ми дојде.и од тогаш се така ми е и уште не ми иде а сигурна сум дека не сум бремена - што може да биде проблемот
8ми ден ми е од менструацијата.... Цел ден имав онака проѕирно, сега кога бев со извинение по голема нужда, од напорот изгледа, пак ми потече кафеаво, ама онака посветло, не како она кога тече на 6 или 7ми ден....Инаку вчера ми течеше кафеаво.... Можно ли е да е остаток? Премногу се исплашив
Па сигурно е остаток, мислам дека немаш место за паника. И мене ми се има случувано така. Би требало брзо да се среди исцедокот и да си стане нормален.