Ми доцни 4 дена, дека бев настината и пијам апчиња....Еве два дена ме боли стомак и мислам дека во секој момент ќе ми дојде...Сега кога се избришав имаше како мало црвено топче, ама ептен малечко помешано со белото прање....А сега пак ништо нема...Можно ли е да ми дошло па да неможе да пробие уште? Се загрижив ептен
можно е ...Кога си настинат или пиеш некои апчиња нормално е да ти доцни , не се секирај шом се стабилизираш ке ти дојде без гајле милиони пати ми се случило
Не се секирам што ми доцни туку за тоа црвенкото.....А одтогаш нема ништо...Јас веднаш мислам на болести
Здраво девојки,сакам да ве прашам нешто.....минатиот месец ми дојде на 25ти и траеше до 1 ви...е сега....на 26ти ете пробавме со дечкото да имаме односи.....и беше ОК .....Од вчера почна да ме боли стомак,дут и гледам големи кафени дамки имам и ме боли долниот дел од стомакот...дали случајно се работи за некоја инфекција,болест скраја да е,или да не сум трудна...според апликацијата MyCalendar што го водам треба да ми дојди на 23ти овој месец...Што значи цели 12 дена порано осеќам симптоми дека треба да ми дојди. Или можеби ми е од студеново бидјеќи осетив доста дека сум проладена..хмм
Ај жени хелп Добив на 2ри октомври и нормално си ми траеше 6 дена (до 7ми) и толку ми заврши скроз. Арно ама, другата ден имав болки во половината исто како пред да добијам, и повторно добив . На 9ти и 10ти многу малку имав скоро ич, вчера ништо немав, и еве денеска пак болки во половината и градите и имам добино пак. А да напоменам дека секогаш имам редовна менструација и секогаш ми треала 6 дена. Ова прв пат ми се случува... што може да биде? Ако знае некоја ве молам одговорете ми
јас немам никаков симптом за бременост,последен однос пред 3 недели,калкулаторот на фемина ми вика неплодни денови..касни еве веќе 12дена ,до пред 5 дена пиев цефалексин ,а стресот ме пресече покрај сите пмс симптоми.И еве сеа ми е страв,само таму ми е паметот бело прање ми течеше ептен овие денови ,а и сега ми е мн ниско матката(кога ќе го чепнам вагиналниот отвор ептен е тесно внатре) и ме боли долниот дел од стомакот
Веројатно од антибиотиците ти е...И мене ми задоцни 5 дена. Исто така доколку си имала голем стрес, може да е и од тоа... Штом те боли ќе добиеш сигурно...Антибиотиците влијаат на циклусот, сум приметила многу пати, плус и времево е за нигде...Денес 20, утре 1 степен...Прелада на јајници и тоа е тоа. Ставај топли облоги на долниот дел. 5ти ден ми е од менструацијата...Вака не ми тече, само кога ќе се напнам повторно ми потекува. Е сега бојата е нешто измеѓу црвено и кафеаво, а не е кафеаво...Не е обилно. Но ме загрижува зошто вака 5ти ден, а сеуште е црвенишкаво. Колку време ви трае на вас? Јас за се и сешто си паничам инаку :/ На сред месец си, што значи дека можно е да си во овулација, а и преладата игра голема улога, можеби имаш преладени јајници. Но сепак мислам дека си во овулација.
Многу пати ми се има и мене така случувано. Веројатно е поради промената на климата топло-ладно. Сметам дека нема место за паника,но сепак посоветувај се и со некое постручно лице.
Здраво, јас сум нова овде на форумот и сакам да ве прашам нешто. Значи менструацијата ми нема дојдено скоро 5 месеци а односи сум немала, а претходната година во летниот периот менструацијата ми беше нередовна ми траеше по 8 дена па после една недела пак имав таа ми траеше околу 16 дена и немам отидено на доктор и после ми се стабилизира имав редовно и сега од месец јуни немам добиено а односи сум немала .. ве молам за одговор
Колку дена ви трае циклусот? Мене ми е 7ми ден денеска. Н еми тече црвено, туку нешто како кафеаво на моменти, не цел ден...Некогаш кога ќе напнам го има, а некогаш само проѕирно..Ви прави вас вака? :/
Ти тоа сериозно ????? 5 месеца ти нема дојдено и немаш отидено на гиниколог ???? КАКО ? ЗОШТО??? Би типоставила милион прашања но не вреди. МЕНЕ ЕДЕН МЕСЕЦ НЕ МИ ДОЈДЕ И ВЕДНАШ ГИНИКОЛОГ А ТИ СО 5 МЕСЕЦА ? немој да си играш со здравјето можеби од секакви причини ти нема дојдено , може да е само хормонско пореметвање но може и да е многу по сериозна работата така да не си играј уште утре правец на гиниколог !!!! СО ЗДРАВЈЕ НЕМА ИГРАЧКА
МИСЛАМ ДЕКА Е ХОРМНОСКО ПОРЕМЕТУВАЊЕ.Исто беше и кај мене , само отиди на гиниколог мада сум сигурна дека е тоа , ке ти даде едни апченца за стабилизирање на циклусот ништо страшно
^ и мене ми трае по 6-7 дена, 4-5 ми е пообилно, после како што вика snegce само по нешо кафенко, ама секогаш се полни 7 дена додека да можам да терам без влошка. Дечко ми стално се жали од моето добивање, демек само мене пола месец ми трае Ништо страшно, генетика е во прашање. И мајка ми исто и трае. Камо да ми завршуваше за три дена, ама тоа е ...
Јас си помислив дека има некаква врска со тоа што минатот лето ми беше менструацијата многу нестабилна најпрвен ми траеше 16 дена па после една недела пак ке ми дојде ке ми траи таа 7 дена па после две недели пак ке ми дојде и се така и после ми се стабилизира и сега еве од месец јуни ми нема дојдено си помислив да не има некаква врска и тоа а односи сум немала никогаш
Па зависи колку години имаш, т.е. колку време веќе ти доаѓа, дали ти е стабилизирана. Ама колку и да не ти е, да не добиеш 5 месеци е навистина чудно. Најубаво да си посетиш гинеколог, може ќе ти даде некои апчиња. Подобро реши си го тоа сега, наместо да се замараш тек кога ќе одлучиш да имаш односи.
Најверојтно е хормонско пореметување, мислам дека со таблетки ќе се среди тој проблем Инаку колку години имаш? Ако си помала можеби сеуште не ти е стабилизирана.
Не е страшно, мала си. Јас видов на твојот профил 27, па затоа малку чудно ми стана....Не се секирај, сигурно ќе се нормализира...