Менструацијата ми дојде порано значи требаше накај 10-ти.Сеа гледам малку ми тече значи по две улошки дневно менувам.Има потреба да се загрижувам?
Последен пат добив на 26 септември одтогаш до сега ништо. 4 дена ме болат јајниците како пред да добијам, но ме загрижува што сеуште нема ништо :/ Добивав на 35 дена а овој месец ваљда што бев стално под стрес и нервоза ова ми се случува. Има врска стресот и нервозата со изостанокот на менструацијата така?
здраво феминки сакав да ве прашам на некој да не му се има случено вакво нешто.. последен пат добив на 9ти август и уште немам но последните два месеци значи јули и август траеше само 3 дена а обично секогаш ми траела по 7 денови. имав односи да но после односот имаше поминато еден месец кога појдов на гинеколог рече дека се било во ред но јас сеуште немам менс? а имам многу болна менструација и сега ме боли многу долу кај јајниците
Прв пат имав односи минатиот месец. После тоа си добив најнормално. Е сега месецов ми касни доста.. веќе 15 дена. Не сум имала незаштитен. Пазиме премногу.. Цел месец си ги имам симптомите на добивање , но никаде го нема. И порано ми се случувало да ми касни менструацијата, ама никогаш 15 дена. Многу се нервирам. Ќе ми прсне главата Што да правам девојки?
Појди на гинеколог. Мене минатиот пат кога ми каснеше доста, гинекологот ми кажа да не чекам толку и да одам после макс 7 дена. Ти најверојатно си се загрижила и си направила стрес и ја нема.
Здраво на сите сакам да ве прашам дали на некој му се случило 8 дена после менстуација т.е за време на овулација и плодни денови да има исцедок од кафеава течност? И ако се случило дали знаете што би можело да значи ваквата течност?
Не е ништо страшно, можеби си под некој стрес, али ништо сериозно, се појавува некогаш во плодни денови
Девојки да ве прашам нешто за кое сум многу загрижена. Сега на петти требаше да ми дојди но не ми дојде. Пред некој ден повраќав, и немав апетит да јадам но не јадев нешто расипливо. Ме болеше подолу од стомакот, некои девојки ми рекоа дека можело да ми биде од циклусот. Што мислите вие можно ли е да е од тоа? Да напоменам имам нередовен циклус и ми касни по два месеца. Ви благодарам однапред Поздрав.
Здраво девојки Ми доаѓа на 1 ноември а требаше на 12 потоа на 22 истиот месец и сега денес на 11 декември .разлика е 10-15 дена што воопшто не е во ред Прв пат во животот ова ми се дешава до сега никогаш не ми каснело туку точно за 27-28 дена .немам обилни крварења и некој си болки големи.после одам на гинеколог само да не е нешто лошо многу. Да не си раат :/
Разликата не е 15 дена туку по 22 дена што е и нормално од време на време. Не верувам дека е нешто сериозно.Сепак посети си гинеколог.
Ми доцни неколку дена, а еве денеска цел ден ме боли стомак и мислам дека во секој момент сум добила. При поголем напон потекуваат како црвени ајде да ги кажам линии, конци, точки. Но никако неможе да протече цел ден. Слично некое вакво искуство? Инаку пред некои 2-3 недели премрзнав и очекував дека ќе мидоцни...но ова вака ме загрижува...
@snegce При стресни ситуации или здравствени проблеми се случува месечниот циклус да доцни. Не треба да се грижиш затоа што имаш менструални симптоми.Опушти се и биди посмирена.Тоа е период кога има болки во јајниците, а сепак крварењето потешко пробива.
Значи ти да не се грижиш во секој случај ќе ти дојде. Мене кога добив првиот пат исто ми беше вака па потоа ми дојде Мој совет седи покрај топло и земи шише топла вода и така побрзо ќе ти дојде ама само ако седиш на топло , мене скрос исто ми беше значи земи толпла вода со шише обавезно, и нема место за паника и никако да не се нервираш. Поздрав
Еве сега кога станав, сеуште ништо. Но очекувам во текот на денот да почне да тече. Чувствувам мали болки како кога ми доаѓа.
Се разбира ќе почне да тече ако чувствуваш мали болки легни отспи но стави влошка за секој случај и да не се нервираш и стави топло шише со вода обавезно и ќе ти помине.
Имам дисменореа и моментално се виткам од болки ... обично пијам бускопан и ми врви ама ако се напијам кога ме боли малце, ама денес од останати причини неможев да напијам на време па боли ... Сакав да прашам кои други ефикасни лекарства ги користите да пробам некој пат зошто некогаш стварно не се трпи ...?