девојки, денес ми е 31 ден од почетокот на претходната менструација а мене сеуште ми нема дојдено, последен односум имав на 2 ри месецов но беше заштитен, ме плаши тоа што не ми доаѓа а немам никакви симптоми да ми дојде како болки во стомакот, отечено гради и слично, што би можело да биде има место за паника?
Кога си имала заштитен секс нема потреба од паника, може да е од стрес, менување околина, диета или менување на исхраната а ако си загрижена можеш да направиш и тест по 2/3 дена зашо треба да има поминато 10 дена од сексот и да ти касни..
Пoслем пoрoдувaњетo ми немa дoјденo 6 месеци a гo дoјaм дaли некoј мoжи дa ми кaжи дaли имa тoa нештo влијaние
Епа вака пред неколку часа бев во вц и случајно видов на гаќичките крв, ама тоа беше скоро едвај видливо, а сеуште е рано за да ми дојде менструацијата околку 20ти овој месец треба да ми дојде, а и немам никакви симтоми не ме болат градите, а ни стомакот. Од што би можело да е тоа така? Дали ви се има случено?
Може да е овулација, а ако си сексуално активна направи си тест за бременост бидејќи може да биде симптом за имплантација на плод.А може да се случи и доколку користиш орална контрацепција.
Требаше да ми дојде 28-29ти, неколку дена пред тоа имав ризичен однос. Е сега, исто како кога ми е дојдено што имам крв, сега 2-3 дена имам нешто кафеаво ама постојано. Шо би можело да биде? Има потреба од паника?
....секоја жена може да си провери дали е бремена со Базална температура , односно секое сабајле уште нестаната од кревет да си внесе во анусот топломер ( дигитален ) со услов да има најмалку осум часа сон , да не е настината ( нели да се има покачена температура од друга причина ) и доколку 5,6 дена е над 37 односно веќе не ,,паѓа,, тогаш сигурно настанало оплодување , ако нагло падне тогаш следниот ден се добива менструацијата ... исклучок има кај некој жени нормална анална температура е малку пониска па кај нив би било да 36 со 7 или 36 со 8 би била ,,висока ,, темепратура па би важело за бременоста.... затоа секоја жена треба по менструалниот циклус да си ја мери баш секој ден базалната температура запишувајќи некаде и на крај месец да се направи графикон и точно ќе знае кога има овулација кога ќе добие минструација или ако останала трудна ...
ајде да прашам. Закажав на гинеколог ама да прашам и вас дали ви се случило менс да ви дојде нормално, да тра е 3 дена еден ден да престане скроз и сега еве на 5 ти ден пак прокрвавев. Ви се има десено ова??
Фала ќе пишам. Престана сега се си е во ред, ама сепак нема да е лошо еден преглед да направам. Се слушнав со докторката и објаснив и ми кажа дека не е ништо чудно и алармантно ама јас сепак ќе си одам на преглед.
Devojki koj moze da budat pricinite za docnenje na cikllusot poradi toa sto mi kasni 5 den Dene's a napraviv test negativen?Osven ako e do nastinkata koja ja imam?
Здраво, само што ми заврши менструацијата која ми траеше како и секогаш 6 дена...Но, немав ниедна капка црвена крв туку сите 6 дена ми беше кафеава боја како при крај на менструација. Некој да сподели искуство?
Дечки, последно добив менструација во крајот на јануари и оттогаш досега не сум имала односи, но менструацијата ми доцни. Последно „односи“ имав пред декември и се беше во ред, тој не сврши во мене, само се триевме.. Исто така месецов ми беше исполнет со многу стрес и страв, па би ме интересирало ваше мислење?
Стресот секако си го прави своето, ама и од искуство ти кажувам оди провери си да не имаш циста, јас имав циста на левиот јајник 7цм беше долга и немав менструален циклус три месеци.
Имам редовен циклус од 26-28 дена. Денес ми е 22-ри ден, на бришење завележав розев изцедок, мислев ќе ми дојде ставив влошка ама еве нема ништо. Последен пат ми се случи пред 4-5 год.и тогаш открив дека тироидата не функционира како што треба. Исклучувам бременост. Минатиот месец правев пап тест, беше негативен. При самиот чин сестрата ми рече дека може да прокрварам во наредните денови што не беше така. Еве после 20 дена од пап тест се случи, дали може тоа да биде причината? Некој со слично искуство?