Здраво. Имам редовна менструација на 24-25 дена, што се вели како швајцарски ми е... Уредна исто така, првите два три дена онилно после вторите двс три дена прочистување дамо кафеавко. 6 дена вкупно со малце болки. Но бремена неможам да останам Имам секакви контроли правено. Но ми треба надеж... Дали ако ми е редовна мендтруацијата и уредна се поголеми шансите ?
Мене истово ми де има случено пред година. Ми доцнеше 15-20 дена. Направив тест негативен и само парченца на улошката и кафеавко. Болки одвреме навреме ама недоволни контракции на матката за да исфрли крв и само стара крв на улошката. Отидов на доктор и рече во секое време ке ти дојде,и дека било од стрес... Внимавај на стресот и на нагла физичка активност.
Да да секако се испита тоа заборавив да го напоменам. И се во ред излезе. И јас исто сите испитувања ги поминав...
Идиопатски стерилитет се нарекува ова. Само опуштете се и не бидите под стрес, не мислите на бебе. Не знам што друго би ти кажала и советувала
Здраво девојки, ми треба ваша помош и мислење.Имав редовна менструација но последнава година почна да ми касни по 10, по 15 дена, некогаш по 5-6 дена и еве сега најмногу ми касни 22 дена. Секој пат се потресував и правев тестови за бременост и самата сум си крива што не отидов на гинеколог. Овој пат морам да одам но има еден проблем. Кога ми каснеше менструацијата предходно немав симптоми дека ке добијам и тоа ме паничеше па затоа правев тестови и овој пат е така немам симптоми за добивање туку како да имам симптоми за бременост, навечер станувам да мокрам по еднаш во текот на вечерта или некогаш не се будам ама кога ќе станам сабајле мислам дека ќе ми пукне стомакот за мокрење, ова предходно не ми се случувало многу послабо мокрев по 2-3 пати во денот и толку. Не знам дали ми е до психа или пак е лето повеќе течности пијам па затоа, стварно не знам... Другиот поголем симптом ми е што ме болат градите ама не како за добивање( порано ме болело само горниот дел од градите сега цели). Уште пред една недела ме здоболе по малку стомакот како за добивање ама тоа се случи само 1 ден и 3-4 пати добив слаба болка во текот на денот. Е сега што се однесува на односот ептен внимававме, односите беа со кондом и можеше да се случи без кондом ама премногу кратко беше тоа. Исто така бев на одмор денот кога требаше да добијам односно беше последниот ден кога се враќав па затоа помислив можеби ми касни поради промена на клима но 22 дена се премногу... На гинеколог ќе одам со мајка ми меѓутоа имам страв недајбоже да сум трудна па мајка ми да дознае, па поради тоа ќе направам тест утре. Сакам да ве прашам за мислење, според овие симптоми дали е можно да сум бремена, бидејќи мене многу ме плаши што ме болат градите на тој начин? И што би можело да биде тоа што ми касни многу менструацијата? Читав дека може да касни од циста на јајници, но ако имам циста таа нели боли многу кога ќе пукне,а мене ништо не е болело до сега...
и јас го имам истиот проблем ...мене не ми доага веке месец дена поради селидба во странство и нз шо да правам осекам дека ке пукнам,,,
@eminik И мене исто. Во јули дојдов во странство на печалба, и првата менструација овде ми дојде на време точна до ден. Сега вторава менструација ми доцни 24ти ден денес. Немам никакви симптоми за добивање. А ниту на бременост. Направив тест за да сум најсигурна и негативен беше. Секогаш користиме заштита. Е сега, после јулската менструација ставав Канестен крема внатре зашто ме чешаше имав непријатно чувство доле. Дали е можно од тоа да ми касни? А можно е и од умор, стрес, ненаспаност, нередовна исхрана.. прв пат ми се случува ова. И да, пред две недели кога беше време да ми дојде бев цела лом на лицето со мозолчиња. ?!
Ти касни од промена на клима. Те разбирам, мене претпоследната ми беше многу болна што качив и температура, три дена никако да ми се спушти и само на спиење ме маваше. После последната исто болна без температура но точна како швајцарски саат. Ќе биде се во ред,не се грижи ќе добиеш
Минaтиот месец бев нa одмор и пиeв aпчињa зa дa ми доцни, после одморот ми дојде и менструaцијaтa ми бесе кaко и секогaс, но овој месец когa ми дојде ми течесе сaмо двa денa и тоa мaлку, a потоa имaсе пa немaсе, нормaлно ли е дa e тaкa од aпчињaтa?
@larrachi А сестра ми пак...таа е 4 месеци тука, првата менструација и дошла исто на време...а после тоа 3 циклуса нема Разбирам дека е промена на клима и дека треба да се навикне, ама колку време ти траба...да нема три циклуса некако ми е алармантно
Значи не сум едина. А има некакви симптоми? Јас ич никакви за ништо. Ни за добивање ни за бременост. Еве денес 28ми ден абер нема да ми дојде.
Здраво пред да ми дојде имав пиено апче за ден потоа откако ми дојде менстуација имам многу грутки личат како кожички дали е тоа нешто страшно можеби да е од апчето бидејќи до сега немав забелечано такви грутки...
Ми касни неколку дена, но постојано нешто како да ми течи и секогаш кога проверувам нешто прозирно има на гаќичките, неколку капки како вода. Што би можело да е? Гаќите ми се постојано влажни.
Се случува тоа понекогаш, пред добивање да потече нешто. Како потсетник е Доколку нема чуден мирис и немаш други симптоми како чешање и слично(да се исклучи можноста за инфекција), тогаш многу веројатно е тоа. Ако добиеш за некој ден, не се грижи, сосема нормално е.
Здраво девојки сакам да споделам со вас мојот проблем веќе 2 3 месеци имам отежнато мокрење и болак ми се ппјавува во долниот десен дел на стомакот и долниот позади на грбот па прв пат ми каснеше меснтруацијата овој месец 10 дена па денес ми дојде ама кога сум со тава многу малку крваварам скоро ич само кога одам да вц да мокрам тогаш потечува незнам пто се случува има некој искуство со тоа како нешто да сопира не крварам како што треба Дали имал некој вакво искуство или за совет ако молам позз