Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Менструација

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од emilijakaraivanova, 13 јануари 2010.

  1. Melek4e

    Melek4e Активен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2018
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    75
    Пол:
    Женски
    Здраво. Имам редовна менструација на 24-25 дена, што се вели како швајцарски ми е... Уредна исто така, првите два три дена онилно после вторите двс три дена прочистување дамо кафеавко. 6 дена вкупно со малце болки. Но бремена неможам да останам :( Имам секакви контроли правено. Но ми треба надеж... Дали ако ми е редовна мендтруацијата и уредна се поголеми шансите ?
     
  2. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.759
    Пол:
    Женски
    Кај тебе се ли е во ред? А кај маж ти? Се испита ли тој?За бременост се потребни двајца
     
  3. Melek4e

    Melek4e Активен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2018
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    75
    Пол:
    Женски
    Мене истово ми де има случено пред година. Ми доцнеше 15-20 дена. Направив тест негативен и само парченца на улошката и кафеавко. Болки одвреме навреме ама недоволни контракции на матката за да исфрли крв и само стара крв на улошката. Отидов на доктор и рече во секое време ке ти дојде,и дека било од стрес... Внимавај на стресот и на нагла физичка активност.
     
    На JoeJane му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Melek4e

    Melek4e Активен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2018
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    75
    Пол:
    Женски
    Да да секако се испита тоа заборавив да го напоменам. И се во ред излезе. И јас исто сите испитувања ги поминав...
     
  5. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.759
    Пол:
    Женски
    Идиопатски стерилитет се нарекува ова. Само опуштете се и не бидите под стрес, не мислите на бебе. Не знам што друго би ти кажала и советувала
     
    На Melek4e му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Melek4e

    Melek4e Активен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2018
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    75
    Пол:
    Женски
    Каков е тој идиопатски стерилитет?
     
  7. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.022
    Допаѓања:
    135.728
    Пол:
    Женски
    без реална причина
     
  8. Skf123

    Skf123 Активен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2017
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, ми треба ваша помош и мислење.Имав редовна менструација но последнава година почна да ми касни по 10, по 15 дена, некогаш по 5-6 дена и еве сега најмногу ми касни 22 дена. Секој пат се потресував и правев тестови за бременост и самата сум си крива што не отидов на гинеколог. Овој пат морам да одам но има еден проблем. Кога ми каснеше менструацијата предходно немав симптоми дека ке добијам и тоа ме паничеше па затоа правев тестови и овој пат е така немам симптоми за добивање туку како да имам симптоми за бременост, навечер станувам да мокрам по еднаш во текот на вечерта или некогаш не се будам ама кога ќе станам сабајле мислам дека ќе ми пукне стомакот за мокрење, ова предходно не ми се случувало многу послабо мокрев по 2-3 пати во денот и толку. Не знам дали ми е до психа или пак е лето повеќе течности пијам па затоа, стварно не знам... Другиот поголем симптом ми е што ме болат градите ама не како за добивање( порано ме болело само горниот дел од градите сега цели).
    Уште пред една недела ме здоболе по малку стомакот како за добивање ама тоа се случи само 1 ден и 3-4 пати добив слаба болка во текот на денот.
    Е сега што се однесува на односот ептен внимававме, односите беа со кондом и можеше да се случи без кондом ама премногу кратко беше тоа.
    Исто така бев на одмор денот кога требаше да добијам односно беше последниот ден кога се враќав па затоа помислив можеби ми касни поради промена на клима но 22 дена се премногу...
    На гинеколог ќе одам со мајка ми меѓутоа имам страв недајбоже да сум трудна па мајка ми да дознае, па поради тоа ќе направам тест утре.
    Сакам да ве прашам за мислење, според овие симптоми дали е можно да сум бремена, бидејќи мене многу ме плаши што ме болат градите на тој начин?
    И што би можело да биде тоа што ми касни многу менструацијата? Читав дека може да касни од циста на јајници, но ако имам циста таа нели боли многу кога ќе пукне,а мене ништо не е болело до сега...
     
  9. eminik

    eminik Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    68
    Пол:
    Женски
    и јас го имам истиот проблем ...мене не ми доага веке месец дена поради селидба во странство и нз шо да правам осекам дека ке пукнам,,,
     
    На larrachi му/ѝ се допаѓа ова.
  10. larrachi

    larrachi Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2015
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    923
    Пол:
    Женски
    @eminik
    И мене исто.

    Во јули дојдов во странство на печалба, и првата менструација овде ми дојде на време точна до ден.
    Сега вторава менструација ми доцни 24ти ден денес. Немам никакви симптоми за добивање. А ниту на бременост.
    Направив тест за да сум најсигурна и негативен беше.
    Секогаш користиме заштита.
    Е сега, после јулската менструација ставав Канестен крема внатре зашто ме чешаше имав непријатно чувство доле.
    Дали е можно од тоа да ми касни?
    А можно е и од умор, стрес, ненаспаност, нередовна исхрана.. прв пат ми се случува ова.
    И да, пред две недели кога беше време да ми дојде бев цела лом на лицето со мозолчиња.
    ?!
     
  11. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.101
    Пол:
    Женски
    Ти касни од промена на клима.
    Те разбирам, мене претпоследната ми беше многу болна што качив и температура, три дена никако да ми се спушти и само на спиење ме маваше.

    После последната исто болна без температура но точна како швајцарски саат.
    Ќе биде се во ред,не се грижи ќе добиеш
     
    На larrachi му/ѝ се допаѓа ова.
  12. spacegirl92

    spacegirl92 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2016
    Пораки:
    549
    Допаѓања:
    2.946
    Пол:
    Женски
    Минaтиот месец бев нa одмор и пиeв aпчињa зa дa ми доцни, после одморот ми дојде и менструaцијaтa ми бесе кaко и секогaс, но овој месец когa ми дојде ми течесе сaмо двa денa и тоa мaлку, a потоa имaсе пa немaсе, нормaлно ли е дa e тaкa од aпчињaтa?
     
  13. eminik

    eminik Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    68
    Пол:
    Женски
    @larrachi

    А сестра ми пак...таа е 4 месеци тука, првата менструација и дошла исто на време...а после тоа 3 циклуса нема :sweat: Разбирам дека е промена на клима и дека треба да се навикне, ама колку време ти траба...да нема три циклуса некако ми е алармантно
     
    На larrachi му/ѝ се допаѓа ова.
  14. larrachi

    larrachi Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2015
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    923
    Пол:
    Женски
    Значи не сум едина.
    А има некакви симптоми?
    Јас ич никакви за ништо. Ни за добивање ни за бременост.
    Еве денес 28ми ден абер нема да ми дојде.
     
  15. eminik

    eminik Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    68
    Пол:
    Женски
    никакви симптоми....само подуеност
     
  16. Pretty_woman

    Pretty_woman Активен член

    Се зачлени на:
    2 август 2018
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    Здраво пред да ми дојде имав пиено апче за ден потоа откако ми дојде менстуација имам многу грутки личат како кожички дали е тоа нешто страшно можеби да е од апчето бидејќи до сега немав забелечано такви грутки...
     
  17. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342
    Нормално е, се чисти - обновува ендометриумот на матката
     
  18. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.176
    Допаѓања:
    50.606
    Пол:
    Женски
    Ми касни неколку дена, но постојано нешто како да ми течи и секогаш кога проверувам нешто прозирно има на гаќичките, неколку капки како вода. Што би можело да е?
    Гаќите ми се постојано влажни.
     
  19. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.664
    Допаѓања:
    45.287
    Пол:
    Женски
    Се случува тоа понекогаш, пред добивање да потече нешто. Како потсетник е :D
    Доколку нема чуден мирис и немаш други симптоми како чешање и слично(да се исклучи можноста за инфекција), тогаш многу веројатно е тоа.
    Ако добиеш за некој ден, не се грижи, сосема нормално е.:)
     
  20. Vekap

    Vekap Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2017
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки сакам да споделам со вас мојот проблем веќе 2 3 месеци имам отежнато мокрење и болак ми се ппјавува во долниот десен дел на стомакот и долниот позади на грбот па прв пат ми каснеше меснтруацијата овој месец 10 дена па денес ми дојде ама кога сум со тава многу малку крваварам скоро ич само кога одам да вц да мокрам тогаш потечува незнам пто се случува има некој искуство со тоа како нешто да сопира не крварам како што треба

    Дали имал некој вакво искуство или за совет ако молам позз
     
    Последна измена од модератор: 19 септември 2018