Три години сум во врска и не сме користеле заштита ама па никогаш до сега не ми доцнело, тоа ме буни..
Епа штом ви е практика така, не верувам дека има нешто. Чисто за да се ослободиш од стрес направи си тест за бременост. Ама искрено не верувам, и јас ги имав истите симптоми со болки во градите недела и нешто ми беа осетливи и на 11 ден ми дојде
Zdravo Moze Li nekoj da mi objasni posle poroduvanje so carski rez koga ide menstruacija znam deka do toa zavisi i od doenjeto mene mi nema dojdeno vekje 7 meseci a ja dojam ama ne tolku cestocesto kako porano
Девојки не сум многу загрижена ама сепак да ве прашам немам баш најредовна меструација ама сега ми доцни 10 дена но овој месец имав многу промени и во исхрана и пиев вентор цела недела дали можно е од тоа да ми касни?Трудна не сум немав односи а имам симптопи како треба да ми дојди
Девојки имам редовна менструација но сега ми доцни 7 дена пред тој месец со дечко ми имавме незаштитен секс, но пред време го извади до сега не ми доцнела толку и страв ми е да не случајно има нешто врска тоа. И таа предсемена течност некаде пишува дека е можна бременост од тоа некаде не.
Оди на гинеколог да ти направи ехо ќе ти каже најубаво дали има бременост или ти доцни поради други причини... можеби имаш некој друг стресен период па ти доцни.
Бев оперирирана на почеток на Април и поради анестезијата ми беше прекината менструацијата,па пак ми дојде од 10 до кај 14 Април. Денес е 10 Мај,а уште не ми доаѓа. Сексуални односи немам,па дали поради стрес или операцијата доцни? До сега ми доаѓаше 2-3 дена пред датум,ама овој месец уште ја нема.
Ај ако може да прашам тука, дали месечниот циклус може да касне од промена на клима т.е друга држава ?
Менструацијата секогаш ми трае 7 дена и првите 3 дена ми тече повеќе па после помалку. Е сега втор ден ми е а многу малку ми тече, дури ни на хартијата коа се бришам мн малку имам. Сакам да ве прашам дали можеби знаете зошто е вака ? Се надевам нема ништо страшно..
Поради доење менст немам редовна минатиот пат правев пап тест и микробиолошки тестови излезе бактерија примив терапија во рок од недела дена ми дојде значи некаде од 6мај почна да ми пробива т.е не беше крв туку жолт секрет налик на крв, не знам баш кога точно почна крв да тече но рве скоро 10 дена како ми се цедурка по ептен малку ептен, паника на момент ме фати, сега не сум во мкд баш за да појдам кај матичниот, има ли шанса да ми е од стрес промена на клима или нешто не е во ред со мене.
Дали е нормално менстралниот циклус да трае повеќе од 7 дена? Обично ми трае по 7 дена, а овој месец веќе 10ти ден како имам но не обилно туку онака light.
ако не е обилно може да се случи по некогаш, мене во просек ми трае од 8 до 10 дена , со многу лесен проток во последните три дена , со консултација на гинеколог пијам витамин Ц од 1000 после дните денови и се е Ок , така сум веќе половина од животот, но сепак би ти препорачала да се консултираш со гинеколог .....
Здраво девојки. Збунета сум па сакам да прашам некој дали има слично искуство. Закажав на гинеколог во петок па дотогаш ќе се мрднам. Значи вака за да е појасно прашањето мајка сум на 14 мес. детенце добив 4 месеци по породувањето во јули и од тогаш добивам секој месец редовно. Циклусот ми трае околу 35 до 40дена. Последниов месец се загрижив. На 12 и 13 мај цел ден имав некој чуден лигав исцедок крвав (може слободно да го споредам со тоа кога ми паѓаше чепот на крајот од бременоста.) Читав на интернет можело да значи рана бременост или инфекција и таман решив ќе купам тест сабајлето. Ноќта на 13 мај почнав да крварам. Траеше 5 дена и имаше повеќе грутки "парчиња од обично. Но ме одврати од тестот и посетата на лекар. Арно ама денес 14 дена по циклусот пак цел ден имам ист таков крвав исцедок . По апликацијата што ја користам имам уште 6 дена до овулација. Значи не е она спотинг дека овулирам. Да е почеток на мензис нема ваљда да добијам два пати месецов. збунета сум... знае ли некој што може да е ?
Може само ти се балансираат хормоните и нема простор за паника... но ништо неможеш да знаеш додека не си направиш проверки на гинеколог... ехо брисеви и се тоа
Девојки Денеска ми е 5 ти ден од циклус и веќе ми е скоро завршен уште од вчера. Ми трае максимум 4 дена Сега имам само некој кафеав дури црн исцедок и силна болка во левиот јајник на моменти, трае неколу минути и престанува. Дали некој знае зошто може да се јавува болка бидејќи циклусот веќе е завршен ? Инаку чекам во болница за испитување скриен шеќер дури неможам да седам како со нож боде