Дали пиете некои витамини за време на ПМС и кога добиете циклус, и какви ? Јас моментално магнезиум и б комплекс ама од скоро ги почнав. Сум приметила дека кога пијам магнезиум кога добијам болките се скоро неприметливи. Претходниот месец ги изоставив и болката беше ужасна исто како кога имав циклус пред да се породам. Ама останатото е скоро исто во однос на ПМС симптоми пропратено со напнатост, раздразливост, главоболка, гадење
Девојки некоја испробана техника за побрзо добивање,мислам јас требаше денес да добијам, ама абер немам, пијам по едно аспирин на ден, по едно витамин Ц, 2 шољи чај од магдонос, ставам топло на стомакот ова веќе го практикувам 4,5 дена и резултаѕи нема
За жал нема техника за донивање. Можеш да стимулираш со апчиња ама немаш потреба. Ќе добиеш деновиве.
Сакам утре,најдоцна другиден да ми дојде, сабота ке одам на одмор, ич несакам уште од прв ден со тампони, какви се тие апчиња? Знам дека има за одложување, а за стимулирање незнам
Истите тие кои се користат за одложување се и за да ти дојде. Тие ја одложуваат менструацијата додека ги пиеш, но кога ќе ги испиеш, за два дена ќе добиеш Ништо страшно не се тампоните, само редовно ќе треба да го менуваш после секое излегување од вода и ќе избегнуваш дирекно изложување на сонце. Убаво да си поминеш на одмор
Читав за дабростон ама нели треба барем 10 дена предходно да се почнат, јас имам дома утрогестан од 200мг,нели се исти? се мислев да се напијам денес и утре, ама така се зголемуе нивото на прогестерон и не се добива, нели треба да падне и да се добие? Веке незнам што да направам за да ми дое,само скакам низ соба за џабеее
Појди до кај матичниот и замоли да ти препише примолут нор. Ќе ги пиеш додека си таму и нема да имаш менструација.
Пробај со чај од магдонос, литар-литар и пол. Не туку пиј апчиња. Ако не ти успее ќе си носиш тампони и тоа е тоа
@Leviosa2503 Баш сега и пијам испив едно пакетче сув, денес земав свеж, ова ми е трета шоља, тампони со апликатор имате ли користено? или да земам и за првите 3дена поголеми и за при крај некој по мали, по 5 дена ми трае Значи кој малер сум ем не прашаа од 27ми или од 3ти јас од третии таман да ми помине ама кој да знае дека ке касни, воа е се од времиштево пеколно, секое лето ми е вака, да не имам некој контра ефект од толку чај не би требало ама шознам, и нз дали да престанам со аспиринов и вит. Ц од 1000мг пијам
Мене требаше да ми дојде на 27ми ама сеуште ништо.. Плус секретот ми е како бел, лепе, како во плодни денови што е, не знам зошто ми е вака, сега да ми се плодните денови не верувам.. некое искуство? Ме фаќа паника во сабота треба на одмор да одам белким нема тогаш да ми дојде
Исто е и кај мене, и јас требаше да добијам ама ништо немам ни симптоми за добивање, а исто имам бел исцедок,ама кај мене не е оној како кај плодните денови, и си се помирив дека со тампони ке си се бањам
Нее сега пијам ајдучка трева, се надевам до задутре да ми дое барем првиот ден дома да го поминам, до душа и вториот е катастрофа, за од трет не ми е веке толку проблем, ама несака
Здраво женски. Иам едно прашање, малку се уплашив.. Менструација ми доаѓа точно на 30дена, евентуално ден два плус минус. Овој пат ми дојде на 23дена, една недела порано. Без никакви симптоми, баш ништо буквално. Е сеа, дали е нормално? Сменав место на живеење, стрес, клима и нонстоп сум на сува исхрана. Можно е да е до тоа?
Мене од промена на клима, место на живеење и стрес ми доцни секогаш. Можно е кај тебе да има обратно влијание.
Мене ми има подрането недела и пол кога сменив клима, т.е. патував кај мајка ми и останав месец таму. Секогаш кога одам таму поради патот и климата и општо промената, ми подранува или ми касни. Ништо страшно
Феминки, откако добив 2 години не ми беше стабилизирана менструацијата. Сега веќе 1ипол год ми е регулирана на околу 23-4дена. Сега ме интересира дали може да ми касни, еве веќе 37 ден немам добиено од антибиотик ама не апчиња, туку крема. Можеби малку глупаво прашање ама да знам А и во меѓувреме сменив клима (бев на одмор), не знам тоа колку би можело да влијае.
Вчера добив, и имам многу обилна менструација. Никогаш волку многу не сум крварела, и малку паничам. Вообичаено циклусот ми трае 2-3 дена, и не ми тече многу. Инаку да напоменам дека сум анемична, и имам благи вртоглавици, и ради тоа ми е страв. Последен пат бев на гинеколог во мај, и освен цистата која ми пука секој месец со добиено, се беше нормално. Дали да се обратам на лекар ако продолжам волку да крварам? Или за џабе паничам