Втор ден, нервите ми се в таван, ништо не можам да поднесам, па ни себе. Менувам расположенија,плачам, па се смеам, па нз што. Не знам дали е сето ова нормално. Иначе минатито месец не ми дојде и чекав дали ќе ми дојде овој и ете. Не знам дали да одам на гинеколог. Инаку примам терапија за анксиозност.
Можеби е глупаво прашањево, ама колку најмногу е "нормално" да доцни циклусот поради стрес? Ми доцни веќе 2 недели, а бев под преголем стрес, ама се замислив дали е можно од стресот волку долго или сепак треба да одам на лекар да се проверам да не имам некој проблем?
Веќе 3 дена ми доцни, пиев 1 година Микрогинон, да не ми доцни од што ги прекинав? Ви се има случено да ви доцни откако ќе прекинете со контрацептивни таблети? Ќе направам и еден тест за бременост за секој случај.
Здраво.. ми касни менструација полни 4 дена неодамна имав сообраќајка дали може да е од стрес фала однапред..
Девојки, можно е да ви доцни циклус од стрес, меѓуоа секогаш најдобро е да се посети гинеколог, бидејќи причини може да има многу. Климатските промени, стресот, контрацептивните таблети, се тоа влијае, но причините можат да бидат и хормонски, полицистични јајници, итн, затоа секогаш е подобро да се провери која е причината, отколку да се препише на случајност.
Повеќето пишуваат за задоцнување на циклусот, јас имам мака со пребрзо добивање. Значи добивам на 21 ден отприлика,често по два пати во месецот ако ми е околу 1ви, околу 21 повторно добивам, ми трае по 5-6 дена и фактички цело време имам добиено
Да знам дека е нормално, се имам консултирано со гинекологот, сакав само да кажам дека ми е мачно веќе ама тоа е
Ист случај со моја другарка. Таа добива на 22-23 дена и некогаш два пати во месецот како тебе ако добие на почеток, а и трае по 6-7 дена. За разлика од мене, јас пак се мачам додека дојде, на 35 дена некогаш. Ама во ред е, циклусот меѓу 21-35 дена, се смета за нормален.
Девојки дали е нормално пред да ми дојди да имам зголемен исцедок? 29ти ден ми е, прошлиот месец на 32 дена ми дојде. Исто, осеќам тапи болки во долниот дел од стомакот али со овај исцедокот нерви искинав. Цело време мислам ми дошла пошто нонстоп сум " водена "
Здраво девојки, обично имам редовна менструација од 29-32 дена обавезно ми доаѓа. Но сега на 30 декември ми заврши вчера ми дојде пак и тоа баш добиено нема ни една недела поминато, не знам што да мислам, ѕвонев кај матичниот гинеколог никој не се јавува, сигурно не работи сега за празнициве, дали ви се има случено, многу се исплашив не знам што да мислам а на дежурен не ми се иде во државна...
Последниов пат кога имав добиено крвта ми беше некако посветла црвена,за разлика од порано кога ми е баш онака темна.Нормално е ова? Од што би можело да биде? Почнав да паничам да не е симптом на рана бременост.А не ми доцнеше ниту еден ден,точно ми дојде кога што требаше ама ете некако чудно ми е...
Неколку месеци пијам цикло-прогинова за циклусот( поради нагло растење при крај на пубертет ми доцнеше циклус и ми рекоа да пијам некој месец од нив.) До сега претходните месеци ми доагаше после пиење на целата лента апчиња а сега еве 8мото го испив денес а имам неколку капки добиено. Некој што има искуство со овие таблети?
Мене циклусот секогаш ми бил редовен. На 18 години ми задоцни добри 9 дена. Откако ми заврши менструацијата отидов на гинеколог. Ми кажа дека имам полицистични јајници. Година време пиев микрогинон. Ги прекинав кога сакав да останам бремена и целиот циклус ми се поремети, добив и крварењето беше многу обилно проследено со страшни болки во јајниците. Откако ми заврши секој ден практикувавме односи и останав бремена тој месец. Но имав многу задоцнета овулација скоро 10 дена (двајца доктори потврдија) и сега само се надевам дека после породувањето ќе ми биде повторно нормална менструацијата..
Мене ми доцни 6 дена иако ми беше редовен циклус а ретко да се деси да ми доцни но овој пат мн е 6 дена, немав сексуално односи но пиев антибиотици поради настинка и се сетив на тоа и ги прекинав апчињата. До вчера ме болеше градите и деновиве некогаш ми се повраќа а не ми се јаде, што мислите најверојатно не е што сериозно, некој ваше мислење и секако неколку дена ќе почекам и ќе отидам на гинеколог?