Тргни застани правам со диетата, ама не е тоа. Под стрес бев и уште сум ради испитната, времето крш е, а постојано сум во исчекување дека ќе ми дојди и валјда затоа вака.
И кај мене е вака. Ми касни а осеќам симптоми, не сум на диета ама под стрес сум ради испитнава, плус промена на време, се надевам дека ќе ми дојде кај и да е
И јас се надевам. Мене многу ме нападна паника пред да напрам тест, си напрајв милион филмови за бременост иако немав ризичен однос. Сеа барем помирна сум и ја чекам да дојди.
Здраво на сите малку помош пирв апчиња едни за алергија дали може од тоа да ми касни немам односи ако можр нркој да ми одг некој што омал искудтво и чај пиев од камилица сеуштр нрма ништо а имам гледам нршто како воденикаво да ми кажете нешто фала.
Откако почнав да пијам Диане 35 таблети менструацијата ми е потемна од порано. Дали е нормално ова или нешто не е во ред?
Можно е. Јас кога намалив со исхрана и менструацијата ми се поремети ми каснеше. Му треба време да се навикне на новиот начин на исхрана . Ќе се среди со тек на време .
Дали е нормално трет ден на добиено , да ми се лоши од сабајле, да ме фаќаат бранови жешко, ладно, низок притисок, менување расположение? Сношти мн сум искрварила.
Дали овулацијата е секогаш 11, 12 ден од првиот ден на мензис, или може и на 8, 9 ден да биде? Јас ја чувствувам по тапата болка што ми се јавува во јајник кога сум во овулација. Додуша еднаш и на доктор завршив од јака болка кога бев во ваков период. Освен тоа за време на овулација јас сум беттер од ПМС, тогаш полесно поминам отколку во овулација, дали е нормално? Не секој месец ама овој лошо го поминав. Сега во овулација психички сум хаос имам некоја безвеза напнатост, потење, мачнини, некоја безвеза паника или страв. Не ми трае толку долго со денови ама во неколку месеци ме здрма многу на неколку часа. Еве на пример оваа вечер, обично секогаш навечер ми се случува да се чувствувам вака. И за да одбегнам паники и глупи мисли си наогам занимации. И витамини пијам и пак чат пат ме фати криза. Знам дека утре ова чудно ќе ми биде како ништо да не било ама во моментот ми е многу мачно и напнато, и ме исцрпува до бескрај. Кога се породив ми кажаа дека болки и се ќе ми се среди по порагај, аха нема што од болки некни се валав по земја и мм се испаничи. А психички без вакви кризни епизоди бев се додека не добив пак мензис. Додека немав добиено по порагај, буквално немав никаков симптом на болка а камоли паники и стравови. Како ги пребродувате ваквите денови и дали имате некоја комбинација со витамини, за да полесно поминувам?
Дали овој период ова само мене ми се случува, ми доцни кога требаше да ми дојде само ме болеше стомакот а ставив улошка и не ми дојде ми касне 12 дена веќе имам симптими.. бубалици, зголемена желба за секс како и обично 4 5 дена пред да ми дојде, периодот ослабев а и вежбав многу вежби за стомакот, заштитен секс имавме
Да нормално е ако си имала некои стресови нервози бидејќи и јас исто како тебе што ми каснеше чекав 45 дена за да ми дојде, не се грижи чимси имала заштитен ќе дојде само смирено и ако имаш некои сиптоми земи напиј се некој чај камилица чај од магдонос помага тоа без грижи само..
Мене ми доцни скоро 10 дена, сум немала ризичен однос. Меѓутоа пијам апчиња за алергија, осеќам симптоми како да добијам, но никако да дојде. Имав премногу стресен период и се уште сум во паника....
На сите периодов ни доцнеше, мене 6 дена ми закасна а баш рано ми пројави симптоми и си помислив порано ќе ми дојди. До времето e изгледа, крш е.
До тоа што си ослабела е. Му треба време да се навикне на новото тело ако можам така да кажам. Јас кога ослабнав и мене така ми беше. Ќе се среди.
Прашање за тие што доите и имате редовен циклус, дали ви се случило заради зачестено доење (зголемена продукција на пролактин) да добиете порано циклус и тој да биде обилен? Еве веќе една година имам редовен циклус на 28 дена, сега добив на 23, ја дојам бебка често зашто е настината.
И мене ми касни а симптоми лудница. Де ми е топло,де ми е ладно, де ми се јаде,де ми се спие. Низок притисок и глава ме боли. Инаку бременост исклучена, гинеколошки се е океј.
Исто, требаше пред два дена да ми дојде, мислам дека кај мене е поради промена на времето, стрес. Пмсто го поминав.