Тука ќе пишувате од што се ежите Еве на пример, јас се ежам од жили,гребење по ѕид или табла и бутање прсти во пупе А вие?
Од стиропор, да гледам на некого да му земаат крв или некој да зборува за болести уфф едноставно немозам да слушам
Од гребење со вилушка по тањир, или кога некој агресивно сече со нож, па го има оној звук од тањирот кррррррррррррр
Што е интересна темава . Па се ежам од шкрипење на стол, кога ќе шкрипне креда од табла, гребење виљушка од тањир, кога некој збори страшни работи, кога ќе си влезам од ладно под туш.
Јас се ежам кога ќе допрам штотуку неотворен весник/книга/тетратка. Тоа мазно, мазно, мислиш шкрипи под прстите, а мене секое депилирано влакненце - коренчето де - ми рипа нагоре. Кога ни ги даваа книгите на школо, другарка ми ми ги стави во ќесе, дома мајка ми ми ги подвлачи за јас да не морам да ги допрам. Денеска кога ми стигнаа книги од сакамкниги ми беше шубе да ги фатам, не можам, ме ежат.
чкрипење гребење по ѕид од сеченица од хартија и од тој дел на хартијата . т.е од самата помисла на тој дел...ама убаво објаснив шмизли
гребење со лажица или виљушка по тањир ааааауууууу неможам да го замислам дури сега се наежив кога ми текна на тоа, потоа на тажни приказни и среќни моменти
Кога јадам нешто што не ми се допаѓа Исто и ја од списанија, книги, како Дузи, кога менувам страници, леле целата како кокошка станувам кога гледам некоја модринка, крв... и да, кога некој убаво пее и кога ми студи, најмногу
да тријам свила, или оној материјал нешто ко тврда свила е што ставаат бобони (оние белине) за свадба да го тријам тој материјал меѓу прсти! леле, желудникот ми се крева од тоа не знам зашто... Aко некој сака да ме измачува, нека ми даде да го тријам материјалот, поготово оној ко од бомбоните
Кога поминувам со рака низ тепих,кога слушам крцкање на хауба од кола,креда на табла или било на било што што ствара језив звук кога ќе се изгребе со прсти. Се ежам кога некој стварно убаво пее. Се ежам од грдо на некои турбо фолк песни (особено од оние на Аца Лукас) ама ова искрено,не за претеранција,стварно имам приметено... Се ежам кога ќе допрам јамболија. Кога гребе виљушка по тањир. Се ежам кога некој ме чешка,а се ежам и кога се возбудувам. Се ежам од крв,од инјекции и игли.Богами од нив и уплав имам.
Се ежам од ладно, и многу, МНОГУ се ежам кога шкрипи прибор за јадење.. нож со нож, нож и вилушка итн.. недај Боже да забоцнеш мевце или шта год по грешка, па да земеш со вилувчето да го оттргнеш надоле лелеле, цела се наежувам неможам да поднесам. Spoiler Кога ги миеме садовите, и приборот нели, ги ставаме на едно пластично од страна, да се исцедат, па после нели ги префрлуваме на соодветните места.. Епа кога ке има собран прибор таму, ножеви лажици вилушки, кој дојде од семејството, да ги врати.. јас неможам да ги фатам сите наеднаш, одвај ги вракам кога ке ми зашкрипат едно од друго лелеее, се наежив еве и сега од што ми текна.. исто и на некоја песна, ако ептен ми се допадне, на нечиј глас, кога некој убаво свири..
Се ежам најмногу кога гребе виљушка или лажица по тањир,кога гребе креда на табла и се ежам кога некој ке гребе со ноктите по некој предмет
Па, речиси од ништо не се ежам.. Ама неможам да поднесам кога несакајки ќе загребам со ноктите по табла! Еве сега се замислувам и се ежам!
Се ежам од волнени работи, морска пена, шкриптење по табла, кога некој ме допира по ногава, од заболекар, од прашина, од плиш материјал.! Тоа е тоа
Се ежам од некакви материјали што ќе ги пипнам, а претежно кога ми се ептен суви рацете, се ежам кога имам долги нокти и кога ќе ми се подвитка еден нагоре и кога слушам дека некој ептен убаво пее.