Вака, незнам како и од каде да почнам.. Моите се во брак скоро 25 години, и ме имаат само мене. Цело време им велев дека несакам да сум сама и дека сакам брат, значи нонстоп.. Мајками имала спонтан, тоа го дознав пред 4 месеци и оттогаш многу се повлеков во себе. Пред 4 години во нашата куќа влезе една жена со што буквално не извади од кал дома (премногу проблеми со родителите на таткоми,финансиски и сл.), оттогаш со неа сите дома станавме блиски како да се знаеме цел живот. Е сега.. Недоразбирањата и кавгите се неизбежен дел од секојдневието на моите, тоа секако влијае на мене и моето ментално здравје. Бидејки сум сама нели, без брат или сестра гореспомнатата жена ја сметам за дел од мене и секако и се доверував на неа што и како ми се случува мене. Таа истотака е во брак и има 2 деца, но тоа на неа не и пречеше мене да ми помогне кога и да ми бидат потребни било какви средства.. Моментот беше кога дознав дека наскоро ќе имам полубрат од неа и таткоми.. Како да го поминам сето ова? Како да ја гледдам неа? Жената што ја сакав како сестра, носи дете од таткоми? Како ќе живеам без ликот на мајками во нашиот дом? Како... Ве молам за помош, совет.. Премногу ми се потребни.....
Вика дека во секој дом има кавги, што значи дека и мајка и е тука, а после кажува дека оваа другава е трудна од татко и, а има и свое семејство, а исто дека и мајкава нема да ја има дома. Ништо не разбрав.
Можеби ќе изгледа како црн хумор, но јас гледам две варијанти: 1. Бидејќи теткава ве извлекла од финансиски гомца и кризи, татко ти и платил во натура, заборавајќи да стави кондом, а и финансиски слаб бил човекот па оправдано му е што немал купено заштита 2. Втора варијанта-сурогат мајка,ама и тоа паѓа во вода бидејќи тогаш би имала брат а не полубрат 1 а. На првата опција не знам како би реагирала мајка ти, а особено мажот на теткава спасителка при кризи, кај е тој во ситуацијата и дали на него му рекла дека носи дете од друг? Сигурно не му рекла-срце прости ми ама јас ќе родам син на незнаен јунак, не е он Миле паника 1 б.Од кога почнаа непознати жени да извлекуваат од финансиски кризи? Дај ми број да ми ги подобри и моите финансии, да ја искористам додека е трудна и безбедна за хуманитарна акција Зошто не си најдеш другарка на твоја возраст а не тетки што те шокираат вака? Ама па татко ти е брзоплет па и другарка не би била сигурна. Приказнава е оригинална за шпанска серија, може и турска. Особено би била добра за индиска серија, бидејќи може да трае и трае, повеќе од "малечката невеста", такви жестоки погледи помеѓу две сопарнички може да траат цела една сезона од серијалот, па до крај на серијата може и ќе го роди, освен ако не открие дека не била трудна туку само дебела. Може татко ти и харем да направи дома, освен спасителката да викне уште две три мајки терези, па има серијалот да го гледаат и внуците и да пцујат-мм кој прв почна
1 б.Од кога почнаа непознати жени да извлекуваат од финансиски кризи? Дај ми број да ми ги подобри и моите финансии, да ја искористам додека е трудна и безбедна за хуманитарна акција i ja bi za ova ako mozi drugoto nee vazno
Luge daj ne se zafrkavajte so devojkava imaat problem doma dajte nekoj sovet a voo megju vreme i br od zenickava za da me izvlece i mene od krizava hhhhh ne be se zezam dajjte sfatete ja rab ozbilno i da se izvinam za lat od mob sum pozz i dr niss ne razbrav od prikaznava ako nekoj razbra neka mi prevedi fala od napred
Немам ништо против сапуници, без разлика чии се, индиски, наши, турски... одмор на мозок, ама фантазијата да ви бега вака не е арно Да погледенете некој хорор, да се филмате како да си ја продадете душата на раскрсница, па да ви бараме чаре со Оче Наш и светена вода. Всушност, можеме и за проблемов на темава да пробаме со светена вода? Замиј се, некаде во цвеќиња дека не се гази, и може ќе ја снема теткава
Што да сфатиме озбилно кога врска нема проблемов што го пишала. Ништо не можеш да разбереш. Или е трол или и се измешани времињата и настаните.
Па тебе девојче ти се исполнија желбите доби и финансии и братче ,може од друга мајка ама брат си е брат
Девојчево прашува ... Како ќе живеам без ликот на мајками во нашиот дом? Веројатно мисли дека таа ќе се всели кај нив дома, а претпоставувам дека куќата/ станот е на татко и (наследен од мајка,татко), па мајка и ќе мора да си оди. Мене друго не ми е јасно. Како можеш да прашаш како ќе живееш без мајка ти во својот дом? Зарем има простор за размислување? Нема да си одиш со мајка ти? Зошто? И ти ќе и свртиш грб на мајка ти?
И јаспомислив дека тааке остане со татко и и со братот и со финансиите, а мајка и ќе се снајдува надвор некако. Него каде ќе живеат и другите две деца од оваа финансискава спасителка?
Со жената сите биле блиски, жената веќе има две деца. Ако таа дојде кај нив, тогаш што со нејзините деца, ќе ги донесе ли и нив? Дали се развела од претходниот маж? Имотот се дели меѓу сопружниците, не може таа да си оди ако станот е заеднички. Девојчево според профилот има 18 години и не е мала, таа би бирала со кого ќе живее, полнолетна е а и доволно голема за да се изјасни како што треба. Муабетов не ми личи на полнолетно девојче а приказнава накај научно-фантастична или можеби само фантастична.
Ау ај дај ми број од таа жената да не извлече и нас дома од криза Тролчиња мили не се заебавајте со вакви ствари пошо поима немате како е стварно да имаш семејни проблеми најди си некоја боље занимација и не замарај многу. Пуса!
Јас мислам дека девојката не е трол. Дома и влегла друга жена и таа останала трудна. Јас тоа го сфаќам како таткото си нашол љубовница, и сега мајка и дознала, а оваа љубовницата останала трудна. Не верувам дека е трол. Зар вие немате полубрат? Се обложувам дека барем 60% од некои семејства имаат по еден полубрат, дали ќе се роди порано или подоцна, исто јаже.