Ако отвориш врата, законски мора да се попишеш, да ги дадеш потребните информации на попишувачот. Ако не отвориш врата(не си дома, пољубат врата) немаш никаква казна. Врз основа на кој закон и за што би те казниле?? Едноставно не те нашле дома. Само заплашуваат да се попишат што повеќе луѓе, за тие полесно да си ги наштимаат резултатите. Им треба "излезност" ...
Добро еве ако прашаш кој е и ти кажат дека се попишувачи. Или во тоа време требало некој од домашните да дојде дома и отвориш ама тоа да ти биле они. Тука што правиме? Едит - и да стварно ај некој правник нека каже дали имаат право да казнуваат и по кој закон.
Мое мислење е штом ти се претстават дека се попишувачи, и веќе увиделе дека дома има некој, веќе треба да се попишеш( не сум 100% сигурна само) Иако не верувам дека тука така лесно ќе пишуваат казни на секој кој ќе одбие да се попише. *слободно ѕирни на шпиунката од вратата, ќе ги познаеш кои се, и кулирај си дома.
Некни го слушав Апасиев и кажа исто како што ти кажала членката. Дека ако отвориш, мораш да се попишиш, ако не отвориш, нема што да плаќаш казна.
Апсолутно, Постои закон за загарантирана неповредливост на домот и приватноста на граѓаните. Плус, до Јуни прогласена е кризна состојба заради пандемија.. Еден куп законски мерки и одлуки да НЕ ОТВОРИШ врата на попишувачите.
И да не отвориш врата, попишувачот ќе ти остави порака дека поминал и не ве нашол дома, и кога повторно ќе помине/или ќе побара од вас вие да си оставите порака кога сте слободни за да намине и да ве попиши. Ако не направите ништо од горенаведеното тој ќе ви го попише станот како ненаселен според упатствата од комшиите, односно ако е стан во иста зграда скоро се е исто. И неговата работа ќе заврши. Но доколку од општина имаат сознанија дека станот е населен (живее некој во него, а сигурно плаќате даноци чуда) постапката ќе си ја превземат други надлежни лица не попишувачот. Тоа се инструкциите. И дечки, не ги навредувајте, бркајте, падете и не удирајте по попишувачите. Во најголем број тоа се млади лица кои имаат потреба од средства особено сега во ваков период. Не одлучуваат тие кога да се одржува пописот и најмалце се виновни, а најмногу ќе го "јадат". И уште нешто за вие кои живеете во зграда, сигурно имате барем малку простор пред влез на кој можете да поставите барем едно столче ако не и масичка. Па слегувајте еден од семејство. На отворено помал е ризикот. Можете да се договорите меѓу вас станарите. Постапката и онака е брза и системот автоматски ќе влечи многу податоци. Еве кај мене ќе им извадеме столче и масичка пред влез во паркчето.
Ниту се попишувам ниту им отварам врата.. Сега најдоа во време на пандемија они држава да си играат... Според мене попис ТРЕБА да има..ама не сега.. Со години го чекаме пописот, сега ли им текна? Или сега албанците бараат да се над 30% за да бараат и други бенефити... Проѕирни сценарија на еден зајак и фаци од планина симнати..
Ама не ги терајте и плашите со сила да се попишат. Поишувачот ако те попише ќе ќари плус пари, и со тие финти и карти не проаѓа веќе ништо. "Ќе оставам" јас ливче, утре те чекам во толку и толку часот.. Поминал, го фрлил некој листот, не сум јас крива... НЕ СТАВАЈТЕ ЗДРАВА ГЛАВА ВО ТОРБА.. СТОП ЗА ФАЛС И ДОГОВОРЕН ПОПИС НА ДУИ-СДС..
Пописот нека го одложат и нека не се изложуваат на дополнителна бламажа која може да однесе и животи и да се претвори во нечија трагедија под покровителство на Влада. За нивните фалсификати има време понатаму, освен ако не паѓа сдсм од власт наскоро, па мора да се заврши со оваа превара што е можно побрзо, да не си ги валкаат рацете и вмровците со истата работа. А може и коронава им одговара за што помалку луѓе да се попишат.
Кај мене пред влез има тротоар и после него паркинг со коли. Нстрана од влезот има дуќани и издигнат бетон на кој има засадени цвеќиња. Ако сакам баш тука пред влез да ги седнам и тоа на дистанца, треба другиве да чекаат кој сака да си влезе дома оти има права патека кон влезот, од страните е тесно. Има згради со дворче надвор. Мојата нема, баш до улица е Баш повеќе простор имам дома во салонот ама еве моите нема да се попишуваат.
Тоа и го кажав. АКО ОДБИЕ ДА СЕ ПОПИШЕ,ИЛИ ДАДЕ ПОГРЕШНИ ПОДАТОЦИ. Ако не ме нашле дома, НИШТО НЕ НИ МОЖАТ... Доста спинуваш 100 пати иста работа
Јас со сила никого не терам, нити имам намера да терам, не ги давам парите од џеб и не ме интересира дали некој сака да се попише или одбива. Има во системот опција одбива да се попише за понатаму друг си води постапка ја немам намера да се замарам, не сум ни платена за тоа. Само ви ја објаснив постапката за сите заинтересирани кога веќе споделувате податоци, барем да бидат точни, а не само теории на заговор.
Ти можат зошто во општина се знае дека станот е населен. Крај краева ќе те викнат на разговор во општина и ќе те попишат таму.
Ако мислите дека дома имате повеќе простор и е побезбедно направете така, крај краева ставете стол пред врата на станот во ходник сигурно има место, не е слон, 1м квадратен е потребен. Во ситуацијава верувам дека секој ќе се штити, така да вие ќе си одлучите, и сами си знаете како е.
А зошто би одела да се пикам по општински гужви? Ќе ме приведат со полиција? Ќе ме уапсат? По кој основ?
@Dust Не знам точно која е процедурата не сум од ДЗС информациите ги знам заради платформата, бидејќи се тестираше на терен и се вршеа обуките на инструкторите државни и реонски. Она што го имам како информација е дека ако некој одбива да се попиши ќе биде викнат во општината на живеење за да ги достави информациите, а на кој начин не прашав, ама можам да прашам ако сакате од понеделник, секако пак ќе се тестира платформата. Ама ако информацијата е точна, помал ќе ви биде ризикот од попишувачот одколку во општина, плус и изгубеното време.
Крај краева, ништо ЗАКОНСКИ не ни можат, а да ме викаат во општина, на сред корона, со по 1400+ дневно заразрни и 30 починати, мало сутра.