Попис 2021

Дискусија во 'Политика и настани' започната од DenicijaNaPetre, 25 февруари 2021.

  1. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски
    Ако отвориш врата, законски мора да се попишеш, да ги дадеш потребните информации на попишувачот.

    Ако не отвориш врата(не си дома, пољубат врата) немаш никаква казна.
    Врз основа на кој закон и за што би те казниле??
    Едноставно не те нашле дома.

    Само заплашуваат да се попишат што повеќе луѓе, за тие полесно да си ги наштимаат резултатите.
    Им треба "излезност" ...
     
    Последна измена: 27 март 2021
    На Аргентина * и butterfly6223 им се допаѓа ова.
  2. blackhorse20

    blackhorse20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2014
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    107
    Добро еве ако прашаш кој е и ти кажат дека се попишувачи. Или во тоа време требало некој од домашните да дојде дома и отвориш ама тоа да ти биле они. Тука што правиме?

    Едит - и да стварно ај некој правник нека каже дали имаат право да казнуваат и по кој закон.
     
  3. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски
    Мое мислење е штом ти се претстават дека се попишувачи, и веќе увиделе дека дома има некој, веќе треба да се попишеш( не сум 100% сигурна само)

    Иако не верувам дека тука така лесно ќе пишуваат казни на секој кој ќе одбие да се попише.


    *слободно ѕирни на шпиунката од вратата, ќе ги познаеш кои се, и кулирај си дома.
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  4. butterfly6223

    butterfly6223 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2012
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    1.256
    Некни го слушав Апасиев и кажа исто како што ти кажала членката. Дека ако отвориш, мораш да се попишиш, ако не отвориш, нема што да плаќаш казна.
     
    На cresa-jagoda и Ева33 им се допаѓа ова.
  5. blackhorse20

    blackhorse20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2014
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    107
    Ја читав темава и го видов ова.
    Третово вели БЕЗ ОПРАВДАНА. Страв од корона оправдана ли е?
     
  6. Hacon

    Hacon Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2020
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    540
    Пол:
    Машки
    Што и да направиме, нацистичката "власт" нема да го земе во предвид.
     
  7. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски
    Апсолутно,

    Постои закон за загарантирана неповредливост на домот и приватноста на граѓаните.

    Плус, до Јуни прогласена е кризна состојба заради пандемија..

    Еден куп законски мерки и одлуки да НЕ ОТВОРИШ врата на попишувачите.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Kanya

    Kanya Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2015
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    4.509
    Пол:
    Женски
    И да не отвориш врата, попишувачот ќе ти остави порака дека поминал и не ве нашол дома, и кога повторно ќе помине/или ќе побара од вас вие да си оставите порака кога сте слободни за да намине и да ве попиши.
    Ако не направите ништо од горенаведеното тој ќе ви го попише станот како ненаселен според упатствата од комшиите, односно ако е стан во иста зграда скоро се е исто. И неговата работа ќе заврши.
    Но доколку од општина имаат сознанија дека станот е населен (живее некој во него, а сигурно плаќате даноци чуда) постапката ќе си ја превземат други надлежни лица не попишувачот. Тоа се инструкциите.

    И дечки, не ги навредувајте, бркајте, падете и не удирајте по попишувачите. Во најголем број тоа се млади лица кои имаат потреба од средства особено сега во ваков период. Не одлучуваат тие кога да се одржува пописот и најмалце се виновни, а најмногу ќе го "јадат".
    И уште нешто за вие кои живеете во зграда, сигурно имате барем малку простор пред влез на кој можете да поставите барем едно столче ако не и масичка. Па слегувајте еден од семејство. На отворено помал е ризикот. Можете да се договорите меѓу вас станарите. Постапката и онака е брза и системот автоматски ќе влечи многу податоци.
    Еве кај мене ќе им извадеме столче и масичка пред влез во паркчето.
     
    На Pixi5, Guns N` Roses, Hristina7991 и 9 други им се допаѓа ова.
  9. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.868
    Допаѓања:
    173.442
    Пол:
    Женски
    Ниту се попишувам ниту им отварам врата..
    Сега најдоа во време на пандемија они држава да си играат...
    Според мене попис ТРЕБА да има..ама не сега..
    Со години го чекаме пописот, сега ли им текна? Или сега албанците бараат да се над 30% за да бараат и други бенефити...
    Проѕирни сценарија на еден зајак и фаци од планина симнати..
     
    На butterfly6223, Tanjamm, темјанушка и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски
    Ама не ги терајте и плашите со сила да се попишат.

    Поишувачот ако те попише ќе ќари плус пари, и со тие финти и карти не проаѓа веќе ништо.

    "Ќе оставам" јас ливче, утре те чекам во толку и толку часот..

    Поминал, го фрлил некој листот, не сум јас крива...

    НЕ СТАВАЈТЕ ЗДРАВА ГЛАВА ВО ТОРБА..

    СТОП ЗА ФАЛС И ДОГОВОРЕН ПОПИС НА ДУИ-СДС..
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.006
    Допаѓања:
    9.816
    Пол:
    Женски
    Пописот нека го одложат и нека не се изложуваат на дополнителна бламажа која може да однесе и животи и да се претвори во нечија трагедија под покровителство на Влада. :puke:
    За нивните фалсификати има време понатаму, освен ако не паѓа сдсм од власт наскоро, па мора да се заврши со оваа превара што е можно побрзо, да не си ги валкаат рацете и вмровците со истата работа. А може и коронава им одговара за што помалку луѓе да се попишат.
     
    На Tanjamm и Ева33 им се допаѓа ова.
  12. blackhorse20

    blackhorse20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2014
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    107
    Кај мене пред влез има тротоар и после него паркинг со коли. Нстрана од влезот има дуќани и издигнат бетон на кој има засадени цвеќиња. Ако сакам баш тука пред влез да ги седнам и тоа на дистанца, треба другиве да чекаат кој сака да си влезе дома оти има права патека кон влезот, од страните е тесно.
    Има згради со дворче надвор. Мојата нема, баш до улица е
    Баш повеќе простор имам дома во салонот ама еве моите нема да се попишуваат.
     
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.304

    глоба.png
    Едит: ПДФ е законот... првиот линк од пребарувањево е.
    собрание.мк
     
    Последна измена: 27 март 2021
    На princess5 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски
  15. Kanya

    Kanya Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2015
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    4.509
    Пол:
    Женски
    Јас со сила никого не терам, нити имам намера да терам, не ги давам парите од џеб и не ме интересира дали некој сака да се попише или одбива. Има во системот опција одбива да се попише за понатаму друг си води постапка ја немам намера да се замарам, не сум ни платена за тоа.
    Само ви ја објаснив постапката за сите заинтересирани кога веќе споделувате податоци, барем да бидат точни, а не само теории на заговор.
     
    На princess5, christinnn, X.X и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Kanya

    Kanya Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2015
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    4.509
    Пол:
    Женски
    Ти можат зошто во општина се знае дека станот е населен. Крај краева ќе те викнат на разговор во општина и ќе те попишат таму.
     
    На Pixi5, WildMk и La.RagazzaMisteriosa им се допаѓа ова.
  17. Kanya

    Kanya Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2015
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    4.509
    Пол:
    Женски
    Ако мислите дека дома имате повеќе простор и е побезбедно направете така, крај краева ставете стол пред врата на станот во ходник сигурно има место, не е слон, 1м квадратен е потребен. Во ситуацијава верувам дека секој ќе се штити, така да вие ќе си одлучите, и сами си знаете како е.
     
    Последна измена: 27 март 2021
  18. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.868
    Допаѓања:
    173.442
    Пол:
    Женски
    А зошто би одела да се пикам по општински гужви?
    Ќе ме приведат со полиција?
    Ќе ме уапсат?
    По кој основ?
     
    На Ева33 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Kanya

    Kanya Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2015
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    4.509
    Пол:
    Женски
    @Dust Не знам точно која е процедурата не сум од ДЗС информациите ги знам заради платформата, бидејќи се тестираше на терен и се вршеа обуките на инструкторите државни и реонски.
    Она што го имам како информација е дека ако некој одбива да се попиши ќе биде викнат во општината на живеење за да ги достави информациите, а на кој начин не прашав, ама можам да прашам ако сакате од понеделник, секако пак ќе се тестира платформата.
    Ама ако информацијата е точна, помал ќе ви биде ризикот од попишувачот одколку во општина, плус и изгубеното време.
     
    На WildMk и princess5 им се допаѓа ова.
  20. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски
    Крај краева, ништо ЗАКОНСКИ не ни можат, а да ме викаат во општина, на сред корона, со по 1400+ дневно заразрни и 30 починати, мало сутра.