Еј па го направи ти пописов државна тајна, а треба да е само статистичка операција Не бе срцка, на сите јасно ни е се околу пописот, да не се правиме на тошо. Ќе попишува кој како знае и може! Еден човек за цела населба или населено место само со матични броеви без лични документи и без никој да одговара за злоупотреба на лични податоци. ПОПИС СДС-ДУИ, за отпис на Македонците како државотворен народ..
Ти ја сфаќам фрустрацијата, ама се тоа што кажа Ефтов е така, жал ми е. Не, не се тешете вака, џабе е, битно не бевте достојни да излезите и да си го одбраните името туку под наредба моравте да се криете дома, истото ова го призна и Груевски со статус од туѓина дека голема грешка направиле што го принудиле членството да не излегува на референдум... Нема да бојкотираат без гајле, на никој не му се плаќа големи казни.
Ако попишувањето е само во електронска форма, без хартиен запис, која е гаранцијата дека материјалите ќе се веродостојни и 100% заштитени од хакерски напади (намерни или ненамерни) познавајќи ја нашада држава и буквално секојдневните скандали?!
Личните податоци мора да се чуваат во тајност и да се користат исклучиво за статистички цели. А за давање на информации за друго лице кое не е дел од вашето семејство се бара ЕМБГ и дозвола и може да биде за син, ќерка, брат, сестра доколку не се наоѓаат во местото на живеење. Според пописниот законик семејство се дефинира како вонбрачна и брачна заедница на маж и жена и нивните деца доколку ги имаат. Толку, ниту свекори, свекрви, браќа, сестри, први, втори, 100ти братучеди. Ако лицата не се попишале во странство бидејќи не можеле/знаеле и сл, потребна е согласност од истите во писмена форма. Така е по закон како ќе биде на терен не знам, јас мојот реон ќе си го гледам и за секоја грешка ќе си правам записник. Па сега нека повелат да внесуваат така слободно. За албанските заедници не можам да гарантирам, зошто не е во моја надлежност. Да беше, друга песна ќе се пееше не само за нив туку за сите.
Зошто би се вакцинирање попишувачите со вакцини кои не се сигурни? И што ќе се случи со тие што попишувачи што нема да сакаат да примат вакцина?
Од каде знаете дека нема албанци во моето место на живеење? Пак ќе повторам за последен пат, нити сум партиски определена, нити сум партиски вработена, нити пак работам во државно. Не се плашам ама баш од никој, да ме поткупат нема шанси, нека повелат слободно да прават грешки зошто моите извештаи не одат само за МКД органи ќе одат и на друго место. Па сега нивна глава, нивна капа.
Ако ги вакцинираат ќе треба да се одложи...нели треба и ревакцинација?? Инаку Попис 20години немало Да треба да има е дали е време или не сега ...ако јас се прашувам(а не се прашуваме ни јас ни ние) можеби подобро ќе беше Мај-јуни,штознам...на потопло време(не во жештини) ама и да се одложи пр. во септември кој го гарантира бројот како ќе е ??? А околу дали треба да се примаат попишувачите?па немора во соба може и во двор тераса и слично,па и пред зграда....кога може по кафани на кафе ручек во затворен простор без маски,а незнаеш кој седи на соседната маса па и 10тина мин ќе се преживе со маска....
Јас пак за форумски лик се загрижив дали ми поверува. Ви прочитав едно мислење и еве знам дека сте за ДПНЕ, да без ВМРО и М, зошто го изгубивте правото на тоа одамна. Всуштност воопшто немате право да го користите.
Искрено, не може помалку да ми е гајле за какви било партиски, патриотски, меѓуетнички муабети и поделби, заговори, местенки за кои се зборува околу пописов... ме интересира само и само здравствениот ризик кој го носи примање лице што поминало стотици други домови/фамилии во оваа алармантна доба од пандемијава. А тоа е доволна причина за пописот да биде неприфатлива ствар во моментов. Се надевам дека попишувачите ќе бидат обврзани да ги почитуваат коректно сите превентивни мерки...
@Kanya те прашувам тебе, бидејќи гледам цело време пишуваш и се однесуваш како владин мегафон, и "имаш" информации кои "ние "не ги знаеме: Дали Бугарскиот “донатор” на платформата за попис има пристап до податоците, кој извршил процена на техничката заштита на платформата и каде е објавено тоа, ти благодарам? Дали пред два-три дена, на ГЕНЕРАЛНА ПРОБА паднала бугарската платформа на која се поврзуваат попишувачите кои на терен работат на внес на податоци на граѓаните? А биле приклучени не повеќе од 50 попишувачи во исто време, на иста платформа каде сигурно за време на пописот ќе бидат вклучени илјадници попишувачи. ДИКОТ ПАК ЌЕ ПАДНЕ?? Кој ќе одговара тогаш? Веќе видена малверзација!
Абе шо ви е на сите? Законот е тој, натаму, вие сами одлучувате што ќе правите. Ако ви се ризикува, ризикувајте. Ама после да пишите овде како си поминавте. Мојт?
Каде виде дека ја бранам владеачката партија, во кој дел те молам посочи ми. Прочитај ми ги сите мислења на темава и кажи каде ги поддржав? Ќе видиш дека цело време сум неутрална, не завземам страна, а ги напаѓам подеднакво. Ама изгледа читате и толкувате така како што ви одговара. Она што го бранам е начинот на работа на платформата заедно со базите на податоци и статистичката методологија како и значењето на пописот како статистичка операција ништо друго. Истотака ќе забележите дека и јас сум против одржување на пописот сега, ама јас не го организирам. Затоа и во неколку постови посочив неколку можности како да се заштитат сите страни при попишувањето. И во однос на ковид и во однос на пристапот кон домаќинствата. Притоа во останатите мислења им дадов поддршка на сите оние кои ќе учествуваат како попишувачи , кога ќе се одржуваат обуките, со што се задолжени и како да се подготват. Толку. А ова што го пишувате за бугарска платформа, не знам за каква платформа станува збор, не сум работела на таква платформа во последниве месеци. А ДИК е за избори локални, парламентарни и претседателски, може да паѓа и станува колку што сака, не ме интересира. И да појаснам дека повеќе не сакам и немам намера да се објаснувам со членови на политички партии во однос на пописот. За сите оние кои што ќе имате прашања и како попишувачи и како домаќинства, сум на располагање како и до сега.
Ќе се самоциторам само уште за последен пат, пописницата за Лица не може да се менува, и никој освен ДЗС нема да има пристап до неа. Што значи дека попишувачот прашува, лицето одговара, попишувачот ќе провери дали се е пополнето така како што треба и готово. Менување нема, додавање, одземање нема. Нема ни да има пристап до неа. Затоа и има обука и ќе им биде нагласено дека во тој дел несмеат да прават грешки. Единствено што може да се смени е ако згрешил во делот на зграда и стан, од тип на згрешил спрат згрдата имала 6 стана не 5, приклучок за водовод/канализација и сл. Врските меѓу домаќинствата и семејствата и нивините пописници се заклучени и ставени на располагање само на ДЗС и никој друг. И тоа значи дека на ДЗС нема да им испадне лицето ПП е Албанец, и Работи во Џонсон Мети. Не. Туку ДЗС ќе гледа, толку и толку од тој реон се мкд, алб..., толку и толку од тој реон работат во Џонсон Мети. Што значи пописницата е заклучена.