Попис 2021

Дискусија во 'Политика и настани' започната од DenicijaNaPetre, 25 февруари 2021.

  1. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски
    Еј па го направи ти пописов државна тајна, а треба да е само статистичка операција |(

    Не бе срцка, на сите јасно ни е се околу пописот, да не се правиме на тошо.

    Ќе попишува кој како знае и може!

    Еден човек за цела населба или
    населено место само со матични броеви без лични документи и без никој да одговара за злоупотреба на лични податоци.


    ПОПИС СДС-ДУИ, за отпис на Македонците како државотворен народ..
     
  2. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    17.379
    Пол:
    Машки
    Ти ја сфаќам фрустрацијата, ама се тоа што кажа Ефтов е така, жал ми е. :nod:
    Не, не се тешете вака, џабе е, битно не бевте достојни да излезите и да си го одбраните името туку под наредба моравте да се криете дома, истото ова го призна и Груевски со статус од туѓина дека голема грешка направиле што го принудиле членството да не излегува на референдум...
    Нема да бојкотираат без гајле, на никој не му се плаќа големи казни. :mm:
    :beer:
     
    На GrimTheReaper му/ѝ се допаѓа ова.
  3. mesecar

    mesecar Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2020
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    715
    Пол:
    Машки
    Ако попишувањето е само во електронска форма, без хартиен запис, која е гаранцијата дека материјалите ќе се веродостојни и 100% заштитени од хакерски напади (намерни или ненамерни) познавајќи ја нашада држава и буквално секојдневните скандали?!
     
    На Ева33 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Kanya

    Kanya Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2015
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    4.509
    Пол:
    Женски
    Личните податоци мора да се чуваат во тајност и да се користат исклучиво за статистички цели. А за давање на информации за друго лице кое не е дел од вашето семејство се бара ЕМБГ и дозвола и може да биде за син, ќерка, брат, сестра доколку не се наоѓаат во местото на живеење.

    Според пописниот законик семејство се дефинира како вонбрачна и брачна заедница на маж и жена и нивните деца доколку ги имаат. Толку, ниту свекори, свекрви, браќа, сестри, први, втори, 100ти братучеди.

    Ако лицата не се попишале во странство бидејќи не можеле/знаеле и сл, потребна е согласност од истите во писмена форма. Така е по закон како ќе биде на терен не знам, јас мојот реон ќе си го гледам и за секоја грешка ќе си правам записник. Па сега нека повелат да внесуваат така слободно.

    За албанските заедници не можам да гарантирам, зошто не е во моја надлежност. Да беше, друга песна ќе се пееше не само за нив туку за сите.
     
    На GrimTheReaper му/ѝ се допаѓа ова.
  5. mesecar

    mesecar Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2020
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    715
    Пол:
    Машки
    Ништо. Нема да ги пуштите дома. Никој не може сосила да ви влезе дома, тоа е противзаконски.
     
  6. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски
    Се си кажа со последната реченица, се разбравме ;)
     
  7. Mistery Girl5

    Mistery Girl5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2016
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Зошто би се вакцинирање попишувачите со вакцини кои не се сигурни? И што ќе се случи со тие што попишувачи што нема да сакаат да примат вакцина?
     
  8. Kanya

    Kanya Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2015
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    4.509
    Пол:
    Женски
    Од каде знаете дека нема албанци во моето место на живеење?

    Пак ќе повторам за последен пат, нити сум партиски определена, нити сум партиски вработена, нити пак работам во државно.

    Не се плашам ама баш од никој, да ме поткупат нема шанси, нека повелат слободно да прават грешки зошто моите извештаи не одат само за МКД органи ќе одат и на друго место. Па сега нивна глава, нивна капа.
     
    На ForeverYoung и GrimTheReaper им се допаѓа ова.
  9. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.057
    Допаѓања:
    17.276
    Пол:
    Женски
    Никој не смее да обврзе некој да се вакцинира ако не сака.
     
    На Kanya и Mistery Girl5 им се допаѓа ова.
  10. Mistery Girl5

    Mistery Girl5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2016
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Дали тоа би значело дека попишувачите би требало да си одат доколку не сакаат да примат вакцина?
     
  11. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.057
    Допаѓања:
    17.276
    Пол:
    Женски
    Појма немам, кога беа конкурсите за попишувачи никаде не пишуваше дека треба да се вакцинирани.
     
    На Mistery Girl5 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.453
    Пол:
    Машки
    Да да, ете ти поверувавме.
     
  13. princess5

    princess5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    4.999
    Допаѓања:
    34.785
    Пол:
    Женски
    Ако ги вакцинираат ќе треба да се одложи...нели треба и ревакцинација??


    Инаку Попис 20години немало Да треба да има е дали е време или не сега ...ако јас се прашувам(а не се прашуваме ни јас ни ние) можеби подобро ќе беше Мај-јуни,штознам...на потопло време(не во жештини) ама и да се одложи пр. во септември кој го гарантира бројот како ќе е ???
    А околу дали треба да се примаат попишувачите?па немора во соба може и во двор тераса и слично,па и пред зграда....кога може по кафани на кафе ручек во затворен простор без маски,а незнаеш кој седи на соседната маса па и 10тина мин ќе се преживе со маска....
     
    Последна измена: 27 март 2021
    На GrimTheReaper и Mistery Girl5 им се допаѓа ова.
  14. Kanya

    Kanya Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2015
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    4.509
    Пол:
    Женски
    Јас пак за форумски лик се загрижив дали ми поверува.

    Ви прочитав едно мислење и еве знам дека сте за ДПНЕ, да без ВМРО и М, зошто го изгубивте правото на тоа одамна. Всуштност воопшто немате право да го користите.
     
    Последна измена: 27 март 2021
    На Bratot, Pixi5, GrimTheReaper и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.768
    Пол:
    Женски
    Искрено, не може помалку да ми е гајле за какви било партиски, патриотски, меѓуетнички муабети и поделби, заговори, местенки за кои се зборува околу пописов... ме интересира само и само здравствениот ризик кој го носи примање лице што поминало стотици други домови/фамилии во оваа алармантна доба од пандемијава. А тоа е доволна причина за пописот да биде неприфатлива ствар во моментов.
    Се надевам дека попишувачите ќе бидат обврзани да ги почитуваат коректно сите превентивни мерки...
     
    На Mistery Girl5 и princess5 им се допаѓа ова.
  16. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.057
    Допаѓања:
    17.276
    Пол:
    Женски
    Само тие што ќе се попишуваат се луѓе, а попишувачите се монстроуми што шират зараза.
     
    На christinnn, X.X, princess5 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски
    @Kanya те прашувам тебе, бидејќи гледам цело време пишуваш и се однесуваш како владин мегафон, и "имаш" информации кои "ние "не ги знаеме:

    Дали Бугарскиот “донатор” на платформата за попис има пристап до податоците, кој извршил процена на техничката заштита на платформата и каде е објавено тоа, ти благодарам?

    Дали пред два-три дена, на ГЕНЕРАЛНА ПРОБА паднала бугарската платформа на која се поврзуваат попишувачите кои на терен работат на внес на податоци на граѓаните?
    А биле приклучени не повеќе од 50 попишувачи во исто време, на иста платформа каде сигурно за време на пописот ќе бидат вклучени илјадници попишувачи.

    ДИКОТ ПАК ЌЕ ПАДНЕ??
    Кој ќе одговара тогаш?

    Веќе видена малверзација!
     
    На BORKA му/ѝ се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.304
    Абе шо ви е на сите?
    Законот е тој, натаму, вие сами одлучувате што ќе правите.
    Ако ви се ризикува, ризикувајте.

    Ама после да пишите овде како си поминавте.
    Мојт?
     
    На Bratot, christinnn, Pixi5 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Kanya

    Kanya Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2015
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    4.509
    Пол:
    Женски
    Каде виде дека ја бранам владеачката партија, во кој дел те молам посочи ми. Прочитај ми ги сите мислења на темава и кажи каде ги поддржав? Ќе видиш дека цело време сум неутрална, не завземам страна, а ги напаѓам подеднакво. Ама изгледа читате и толкувате така како што ви одговара.

    Она што го бранам е начинот на работа на платформата заедно со базите на податоци и статистичката методологија како и значењето на пописот како статистичка операција ништо друго.

    Истотака ќе забележите дека и јас сум против одржување на пописот сега, ама јас не го организирам. Затоа и во неколку постови посочив неколку можности како да се заштитат сите страни при попишувањето. И во однос на ковид и во однос на пристапот кон домаќинствата.

    Притоа во останатите мислења им дадов поддршка на сите оние кои ќе учествуваат како попишувачи , кога ќе се одржуваат обуките, со што се задолжени и како да се подготват. Толку.

    А ова што го пишувате за бугарска платформа, не знам за каква платформа станува збор, не сум работела на таква платформа во последниве месеци.

    А ДИК е за избори локални, парламентарни и претседателски, може да паѓа и станува колку што сака, не ме интересира.

    И да појаснам дека повеќе не сакам и немам намера да се објаснувам со членови на политички партии во однос на пописот.
    За сите оние кои што ќе имате прашања и како попишувачи и како домаќинства, сум на располагање како и до сега.
     
  20. Kanya

    Kanya Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2015
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    4.509
    Пол:
    Женски
    Ќе се самоциторам само уште за последен пат, пописницата за Лица не може да се менува, и никој освен ДЗС нема да има пристап до неа. Што значи дека попишувачот прашува, лицето одговара, попишувачот ќе провери дали се е пополнето така како што треба и готово. Менување нема, додавање, одземање нема. Нема ни да има пристап до неа. Затоа и има обука и ќе им биде нагласено дека во тој дел несмеат да прават грешки.

    Единствено што може да се смени е ако згрешил во делот на зграда и стан, од тип на згрешил спрат згрдата имала 6 стана не 5, приклучок за водовод/канализација и сл.

    Врските меѓу домаќинствата и семејствата и нивините пописници се заклучени и ставени на располагање само на ДЗС и никој друг. И тоа значи дека на ДЗС нема да им испадне лицето ПП е Албанец, и Работи во Џонсон Мети.
    Не. Туку ДЗС ќе гледа, толку и толку од тој реон се мкд, алб..., толку и толку од тој реон работат во Џонсон Мети. Што значи пописницата е заклучена.
     
    На Kerim и cresa-jagoda им се допаѓа ова.