Од 6 спрат ќе викам на приземје.. Пиши матичен:12212122.... Пиши број на ЛК.... 42517 *А на 2 спрат некој комшија запишува лични податоци, и ти подига брзи кредити во твое име.... Фуј... Стравааа брате...
Ве построила пред влез и со деците во рака ве прашува Јас сум со двор во куќа и неам деци ама тие што имаат?
Зафркнато ќе е ако те начекаат пред врата, на излегување или на враќање... Инаку и јас на попишувачите им се чудам, ама ај си реков да не коментирам.... не е моја работа. А пописот веќе треба да биде електронски. Не сакам јас да споделувам лични податоци со некого и да го отварам домот за непознати. Тоа што е време на пандемија, башка.
Во темава сакам да прашам некој што е попишувач, има ли некој што во моментот е во изолација? Мене изолацијата ми завршува на 29.08. до тогаш ги испуштив двете тестирања. Некоја информација што ви кажале?
Не знаев дека кога ќе отидете во банка, пошта, мвр, или во било која друга институција каде што е потребна лична идентификација, со дерење ги кажувате матичните броеви. Толку ли е тешко да им ги дадете личните карти, бидејќи мора да ве идентификуваат дека вие сте лицето Петко Петковски. Како мислете дека ќе биде? Ќе довикувате од 5ти спрат, а попишувачот на жими мајка ќе ве попише? Ова не е фрлање на ѓубре, иако никоја здраворазумна личност не смее да си дозволи да фрла ѓубре низ прозорец. Потоа, ќе седеле со саати на врата, а системот откако ќе го внесе ЕМБГ автоматски ги повлекува сите податоци, со исклучок на личната пописница (националност, етникум, мајчин јазик, државјанство и сл). Значи 5 минути работа. Ако седите со саати, тогаш дома имате над 1 000 членови на семејството, или попишувачот упаднал на свадба. Друго објаснување нема. А вие што кажувате за пари дека иделе. Па поголемиот дел се на возраст од 20 до 27/8 години, значи студенти, скоро дипломирани и невработени млади лица. Толку е тешко да се разбере ако некој сака да заработи. Ама што зборувам јас, само во Македонија е срамота да сакаш чесно да заработиш. А не се срамота да бидеш партиски га** лижач. Ако толку сакаат да го протуркаат пописот, за кој реално имаме потреба, особено бизнис секторот, можат да направат комбиниран модел. Поголемиот процент од населението е оспособен за дигитална комуникација и може да се самопопише. Може да помогне да се попишат и членови од најтесната фамилија. А за лица кои нема кој да им помогне (претежно пензионери или постари лица, на кои децата им се во друго населено место/држава) ќе им се испратат попишувачи. Таков беше скорешниот случај со пописот во Австралија, тие што немаат/незнаат да се самопопишат им идеа попишувачи. И беше поделена на counties. Кај нас би било пр. Изборна единица 1 од 1.9 до 8.9 и така додека не дојде до 6ка. Значи ако се сака се се може. Искрено ми се смачи политизирање на сите можни места. И на ТВ, и на нет, па и на форум. Колку и да ги тргам од news само уште од фрижидер не ми искочиле со секојдневноте срања. И едно прашање до вас, ако попишувањето може да ја зголеми веројатноста за ширење на пандемијата зарем изборите во Октомври нема да придонесат за ширење на вирусот? Ама тогаш сите што паламудите од билокоја партија ќе се нацртате како попчиња на избирачкото место. И да пандемијата се прошири бидејќи во Македонија задолжителни се кафаните/кафичите/кафулињата... а не дистанца, маска, и дезинфекција. Па и тое што се вакцинираат не се ништо подобри, се вакцинирале и по 1 час, нема потреба од маска, дезинфекција. Веднаш на прослава во кафана. Секоја чест на исклучоците кои безразлика дали се вакцинираа или не од оправдани или други причини, сеуште се придржуваат со сега веќе неважечките протоколи.
Ами ај не мора ич да се прави попис, м? Секако скоро 20 години поминаа од последниот, што ќе се мачиме сега? Можело народот да се шета слободно без маски, да се пика в гужви, да организира протести против 5џи прскање и чипирање, ама попишувач никако не смее да се доближи без разлика што е вакциниран и со маска. Бтв, уште нема информации кога се обуките?
Каква црна администрација, каква плата? Бев на обука на пописот шо требаше да биди во март, буквално еден не беше партиски дојден од попишувачите. Сите бевме со намера да извадиме некој денар плус, пошто сите или невработени или студенти бевме. А се изначитав секакви погани и одвратни коментари за нас, ама лесно е од страна да коментираш кога ти течи сигурна плата секој месец. Попишувачите намерно ќе идат да ве заразат само, чувајте пушка или секира зад врата во случај да сакаат насилно да влезат! Искрено се надевам дека нема да ве пуштаат сами да попишувате како шо беше нагласено во март, секакви ретардирани створења има шо ич око нема да им трепне да се испонашаат насилно со попишувачите, ситуацијата ама ич не е сјајна.
Поарно ќе копам ниви и ќе берам грозје него да одам по вратите и да бидам директно одговорна за смртта на луѓето.
Мене ми се јави еден и ми кажа за од сабота. А за утре да се земеле некои материјали, не го разбрав добро оти ептен тивко се слушаше. А во мкд си идам тек в сабота.
Ако сакаме професионален попис, мора да има хонорар над 1.000 евра за попишувачите и пописот да го сработат луѓе со кредибилитет и дебело искуство зад себе ( никако студенти и млади по мое мислење, нека не се лутат). Важни се парите ако сакаме квалитет, а важно е писмени и искусни луѓе да го сработат, за да не биде на терен да се двоумат дали, кој, како треба да се попише. Пописот кој пропадна, беше со организација нула. Многу млади луѓе беа пријавени, и кога им се дадоа материјали, имаше коментари „ама јас не знам кај е оваа улица“, „јас не сакам во тоа населено место, дај ми друго село, таму имам познати“. Епа така попис не се прави. Некои за тие денови до прекинување на пописот, поминале 10%, а имаше и такви кои поминаа 90% од реонот кој им бил даден. Имам работено попис порано, за американска организација беше, не ваков државен попис, а имам и искуство со други теренски активности. Ме прашува една пријателка дали сум се пријавила за пописот. Не сум. Прво тоа се малку пари, друго сега сме во време на корона, трето и да не се претходните два фактори, знаеме дека овде кој како сака се попишува, лажат за националност и слични податоци, и зошто да му ја мислам. Сепак тие податоци се многу важни, и не треба да се дозволи импровизирање. На пописот кој пропадна ми доаѓаат двајца попишувачи, еден од македонска и еден од албанска националност. Ние си работиме во двор. Не прашуваат за податоци, даваме се што треба и имаше прашање колку јазици зборувате, велам “три“ и кажувам кои. Попишувачката ме гледа бледо со сомнеж. По оваа реакција на попишувачката, мајка ми не ни кажа дека зборува руски јазик, кажа дека не знае ниту еден странски јазик. Вториот попишувач кој му е улогата кога едвај разбираше македонски јазик?