Попис 2021

Дискусија во 'Политика и настани' започната од DenicijaNaPetre, 25 февруари 2021.

  1. Escape83

    Escape83 Активен член

    Се зачлени на:
    19 август 2021
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    153
    Во право си.
    Јас не се нафатив баш ради ковидов да идам да попишувам
     
  2. Escape83

    Escape83 Активен член

    Се зачлени на:
    19 август 2021
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    153
    Во двор е океј ама во зграда во двор ли?
    Аха во влез...смешки
     
  3. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.775
    Допаѓања:
    141.883
    Саат време со дете на врата не стојам
     
    На Luciferka, Ева33 и Escape83 им се допаѓа ова.
  4. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски
    Од 6 спрат ќе викам на приземје..

    Пиши матичен:12212122....:rofl:
    Пиши број на ЛК.... 42517 :rofl:

    *А на 2 спрат некој комшија запишува лични податоци, и ти подига брзи кредити во твое име.... (facepalm)

    Фуј... Стравааа брате...
     
    На Luciferka, IRBBB и Escape83 им се допаѓа ова.
  5. Escape83

    Escape83 Активен член

    Се зачлени на:
    19 август 2021
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    153
    Ве построила пред влез и со деците во рака ве прашува :lol:

    Јас сум со двор во куќа и неам деци ама тие што имаат?:shake:
     
  6. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.993
    Допаѓања:
    9.800
    Пол:
    Женски
    Зафркнато ќе е ако те начекаат пред врата, на излегување или на враќање... Инаку и јас на попишувачите им се чудам, ама ај си реков да не коментирам.... не е моја работа.

    А пописот веќе треба да биде електронски. Не сакам јас да споделувам лични податоци со некого и да го отварам домот за непознати. Тоа што е време на пандемија, башка.
     
    Последна измена: 26 август 2021
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Escape83

    Escape83 Активен член

    Се зачлени на:
    19 август 2021
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    153
    За колку за 600?
     
  8. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски
    Зезнати работи...

    Највеќе дека пандемијава е полн ек, и зема голем замав..
     
    На Luciferka и Escape83 им се допаѓа ова.
  9. Escape83

    Escape83 Активен член

    Се зачлени на:
    19 август 2021
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    153
    Сите знаат дури и малите деца зашто е пописов
     
    На Ева33 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Kerim

    Kerim Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2020
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    217
    Во темава сакам да прашам некој што е попишувач, има ли некој што во моментот е во изолација?

    Мене изолацијата ми завршува на 29.08. до тогаш ги испуштив двете тестирања. Некоја информација што ви кажале?
     
  11. Kanya

    Kanya Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2015
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    4.509
    Пол:
    Женски
    Не знаев дека кога ќе отидете во банка, пошта, мвр, или во било која друга институција каде што е потребна лична идентификација, со дерење ги кажувате матичните броеви.

    Толку ли е тешко да им ги дадете личните карти, бидејќи мора да ве идентификуваат дека вие сте лицето Петко Петковски. Како мислете дека ќе биде? Ќе довикувате од 5ти спрат, а попишувачот на жими мајка ќе ве попише? Ова не е фрлање на ѓубре, иако никоја здраворазумна личност не смее да си дозволи да фрла ѓубре низ прозорец.

    Потоа, ќе седеле со саати на врата, а системот откако ќе го внесе ЕМБГ автоматски ги повлекува сите податоци, со исклучок на личната пописница (националност, етникум, мајчин јазик, државјанство и сл). Значи 5 минути работа. Ако седите со саати, тогаш дома имате над 1 000 членови на семејството, или попишувачот упаднал на свадба. Друго објаснување нема.

    А вие што кажувате за пари дека иделе. Па поголемиот дел се на возраст од 20 до 27/8 години, значи студенти, скоро дипломирани и невработени млади лица. Толку е тешко да се разбере ако некој сака да заработи.

    Ама што зборувам јас, само во Македонија е срамота да сакаш чесно да заработиш. А не се срамота да бидеш партиски га** лижач.

    Ако толку сакаат да го протуркаат пописот, за кој реално имаме потреба, особено бизнис секторот, можат да направат комбиниран модел.

    Поголемиот процент од населението е оспособен за дигитална комуникација и може да се самопопише. Може да помогне да се попишат и членови од најтесната фамилија. А за лица кои нема кој да им помогне (претежно пензионери или постари лица, на кои децата им се во друго населено место/држава) ќе им се испратат попишувачи.

    Таков беше скорешниот случај со пописот во Австралија, тие што немаат/незнаат да се самопопишат им идеа попишувачи. И беше поделена на counties. Кај нас би било пр. Изборна единица 1 од 1.9 до 8.9 и така додека не дојде до 6ка.

    Значи ако се сака се се може.

    Искрено ми се смачи политизирање на сите можни места. И на ТВ, и на нет, па и на форум. Колку и да ги тргам од news само уште од фрижидер не ми искочиле со секојдневноте срања.

    И едно прашање до вас, ако попишувањето може да ја зголеми веројатноста за ширење на пандемијата зарем изборите во Октомври нема да придонесат за ширење на вирусот? Ама тогаш сите што паламудите од билокоја партија ќе се нацртате како попчиња на избирачкото место.

    И да пандемијата се прошири бидејќи во Македонија задолжителни се кафаните/кафичите/кафулињата... а не дистанца, маска, и дезинфекција. Па и тое што се вакцинираат не се ништо подобри, се вакцинирале и по 1 час, нема потреба од маска, дезинфекција. Веднаш на прослава во кафана.

    Секоја чест на исклучоците кои безразлика дали се вакцинираа или не од оправдани или други причини, сеуште се придржуваат со сега веќе неважечките протоколи.
     
    На oblace1, violetblue, ForeverYoung и 14 други им се допаѓа ова.
  12. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    57.486
    Пол:
    Женски
    Ами ај не мора ич да се прави попис, м? Секако скоро 20 години поминаа од последниот, што ќе се мачиме сега?
    Можело народот да се шета слободно без маски, да се пика в гужви, да организира протести против 5џи прскање и чипирање, ама попишувач никако не смее да се доближи без разлика што е вакциниран и со маска. :clap:

    Бтв, уште нема информации кога се обуките? :?:
     
    На oblace1, nena2010, princess5 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.775
    Допаѓања:
    141.883
    Епа 20 год немаше ама мора баш сеа у најголемата пандемија да се направи. Перални на пари
     
    На Ева33 и Escape83 им се допаѓа ова.
  14. Kerim

    Kerim Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2020
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    217
    Od Nedela
     
    На Amellie13 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.764
    Допаѓања:
    21.477
    Пол:
    Женски

    Каква црна администрација, каква плата?
    Бев на обука на пописот шо требаше да биди во март, буквално еден не беше партиски дојден од попишувачите. Сите бевме со намера да извадиме некој денар плус, пошто сите или невработени или студенти бевме.
    А се изначитав секакви погани и одвратни коментари за нас, ама лесно е од страна да коментираш кога ти течи сигурна плата секој месец.
    Попишувачите намерно ќе идат да ве заразат само, чувајте пушка или секира зад врата во случај да сакаат насилно да влезат!
    Искрено се надевам дека нема да ве пуштаат сами да попишувате како шо беше нагласено во март, секакви ретардирани створења има шо ич око нема да им трепне да се испонашаат насилно со попишувачите, ситуацијата ама ич не е сјајна.
     
    Последна измена: 26 август 2021
    На oblace1, Kerim, theowndemon и 9 други им се допаѓа ова.
  16. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.775
    Допаѓања:
    141.883
    Поарно ќе копам ниви и ќе берам грозје него да одам по вратите и да бидам директно одговорна за смртта на луѓето.
     
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Erina98

    Erina98 Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2021
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    105
    Пол:
    Женски
    Од недела до среда
     
  18. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    57.486
    Пол:
    Женски
    Мене ми се јави еден и ми кажа за од сабота. :| А за утре да се земеле некои материјали, не го разбрав добро оти ептен тивко се слушаше.
    А во мкд си идам тек в сабота.
     
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.680
    Допаѓања:
    14.145
    Ако сакаме професионален попис, мора да има хонорар над 1.000 евра за попишувачите и пописот да го сработат луѓе со кредибилитет и дебело искуство зад себе ( никако студенти и млади по мое мислење, нека не се лутат). Важни се парите ако сакаме квалитет, а важно е писмени и искусни луѓе да го сработат, за да не биде на терен да се двоумат дали, кој, како треба да се попише. Пописот кој пропадна, беше со организација нула. Многу млади луѓе беа пријавени, и кога им се дадоа материјали, имаше коментари „ама јас не знам кај е оваа улица“, „јас не сакам во тоа населено место, дај ми друго село, таму имам познати“. Епа така попис не се прави. Некои за тие денови до прекинување на пописот, поминале 10%, а имаше и такви кои поминаа 90% од реонот кој им бил даден.

    Имам работено попис порано, за американска организација беше, не ваков државен попис, а имам и искуство со други теренски активности. Ме прашува една пријателка дали сум се пријавила за пописот. Не сум. Прво тоа се малку пари, друго сега сме во време на корона, трето и да не се претходните два фактори, знаеме дека овде кој како сака се попишува, лажат за националност и слични податоци, и зошто да му ја мислам. Сепак тие податоци се многу важни, и не треба да се дозволи импровизирање.

    На пописот кој пропадна ми доаѓаат двајца попишувачи, еден од македонска и еден од албанска националност. Ние си работиме во двор. Не прашуваат за податоци, даваме се што треба и имаше прашање колку јазици зборувате, велам “три“ и кажувам кои. Попишувачката ме гледа бледо со сомнеж. По оваа реакција на попишувачката, мајка ми не ни кажа дека зборува руски јазик, кажа дека не знае ниту еден странски јазик. Вториот попишувач кој му е улогата кога едвај разбираше македонски јазик?
     
    На Ева33 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. asimoska

    asimoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2014
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Мене ми рекоа од недела до вторник, јас сум во Аеродром :)