После темава што гледам колку ќе се потепаат некои членови да докажат колку се немакедонци мислам ќе почнам да верувам во бројките
Ох боже, каде го реков тоа? Постои, секако. И секој различно го сфаќа. На пример тие што гласаа за промена на име, си го продадоа идентитетот на државата. Ама не видов тогаш некој вака да рипаше. Уствари чекај, тоа не е идентитет како се переше мозок тогаш, тоа не се важи. Абе уште ќе те убедуваат како се чувствуваш.
Ви нема логика муабетов.Као абе живеам у Грчка, Германија, шо ќе се замарам ау бау.А пола коментирате за цените у Македонија, за продавници овде, за политичка состојбa, еве и пописов го коментирате.На крај краева, зборите на македонски бе.Како иде тоа ,,нема да се пишам Македонка пошо живеам у Deutschland ама зборам македонски”.Ако не се осеќаш ко Македонка, шпрахај дојч бе.Може и ќе ве разбере некој.Контрадикторни сте малце.И да живееш у Свети Германија, по потекло сте Македонци, сакале вие или не.И после зборите за патриотизам или глупости некои.Албанциве, у држава шо практично не е нивна, гледаат како да се напикаат у сите дупки, ама фрау у Германија неќе 10минути да потроши пошо не ѝ се сфиѓал системот у Македонија…сами си го вртите на политички партии.Ова не е за дали ви се сфиѓала државата во време на ВМРО или СДСМ, па затоа сте си отишле.Него да преброиме колку сме и шо сме.Не е битно шо живеете у Австралија, Лапонија, Русија, него да видиме колку МАКЕДОНЦИ сме.За попис ве мрзи 10минути, ама година дена да се влечете за бугарски пасоши не ве мрзи а? И да лапате по 1000€ плата.Ја мајката ама сте паметни бреј
Барем да ги направеа 30ка на рамното Сега почнува јакото. И ко и секогаш ќе се поделиме во две групи, борци за човекови права. Едните ќе јадаме гомна на тастатура, ќе кукаме, ќе се "периме" од сопствената негрижа и неинтерес за здрава држава, ама Грујо вака, ама Црпко така, а другите со чизмите од таван и калашот, ќе се курчат. Море мрш
Зошто е убаво чувството? За некои луѓе е рамно ко да кажеш црна ми е косава. Идентитет е субјективна работа, некои се осеќаат и тоа е ок, некои не се осеќаат и не им е гајле за бројки на попис и толку. Ај Косми објасни што е идентитет да видам дали се осеќам. Мене лично никаков филинг посебен не ми се ствара ако му кажам на некого дека сум македонка, само факт ми е што го констатирам и тука завршува. Многу им се нафрливте на дијаспорците што не се потпишале, скрос непотребно.
Мене воопшто не ми е убаво да кажам дека сум македонка затоа што веднаш не мислат албанци, муслимани итн. Тоа е главната причина зошто не ми е драго да кажам од каде сум.
Па тие некои прости и глупи Географија изгледа немаат у странство ко предмет, или Википедија, историја нешто
Добро, ај не ја полните темата со глупости. Конкретно се пишува за пописот. Помеѓу неизјаснетите/непопишаните има и Албанци, Турци, Роми итн. Не се само Македонците непопишани. Тука мора да сме на јасно. Не може Ромите, кои се најфертилна популација во Македонија, да имаат пад, а буквално под 5 деца не се. Македонците, горе-долу, очекувано. Некој плус повеќе може, но тоа е. Гледано реално Албанците имаат многу повеќе деца од Македонците. Ромите уште повеќе. Имаме среќа што многу повеќе се иселуваат, инаку ќе ја поклопеа Македонија уште поодамна.
Што не ќе прочита човек, не знае што е идентите, па уште се фали со тоа филозофира, не знае како да се оправда и најстрашно од све е тоа што на секој чекор ве има вакви без идентитет, кај што дува ветрот, изгубени во простор и време. Како е можно на вештачки создадени нации како што ни се соседиве толку да им е силно националното чувство и да се тепаа за државите, а ние индеферентни, ништо не не интересира, за ништо не се бориме, а секаде коментираме и секаде да се умешаме и да го кажеме нашето мислење. Јас знам дека и нашиот образовен систем е така направен да цело време повеќе учиме за други отколку за нас самите и знам дека 30 години лоша политика си го напрае своето, ама до толку да се откажам од себе си, не можам да разберам. Да ми биде убоо да бидам неодреден, да не знам кај терам.
Браво брат миии Браво Слажем се Учиме туѓа историја економија итн А нас нѐ мешаат со шипци, бугари и грци
Плукајте ме колку сакате, знам дека одма ќе почнете... Според мене иселениците на пописите во нивните држави треба да си се изјаснат како македонци.. А на македонскиот попис ич да не се попишуваат. Не можеш да се осеќаш и како македонец и како германец, американец, русин..бугарин. А богами и двојното државјанство е јака глупост. Арно прават германците.. Исто така стојам на тоа што го имам кажано и пред 10тина години дека на иселениците не треба да им се дозволи да гласаат. Колку сме - толку сме. Сами сме си криви што сме на ова дереџе. А тие што се иселиле нема зошто ни да се попишуваат.. се осеќале како македонци, да бе.. осеќајте се ама кога ќе дојдете со нас рака под рака да мизеруваме
Абе се убаво и идентитет и све, ама тој идентитет нема да ми ја смири кожата откако ќе ми удрат едно убаво бричење на суво во државичкава. Не знам дали кон вас е мајка, ама кон мене и моето опкружување на млади луѓе е маќеа. Цените се отидени у пичку матер, платите се УЖАСНИ, мито и корупција насекаде, закони не важат, секаде во државни инстутуции и на листи за работа и за напредување факултетско се пикаат партиски активни лебарки, едноставно од секаде те ебат без лубрикант. И после оти некој не си ја осеќал државава за своја? Е ајде зошто, еве и јас се прашувам зошто. Оти идентитетот нема да ми ги плати сметките, ниту пак нема да ми ги даде парите за дијазепами што ми требаат секоја вечер да заспијам дури мозокот ми иде на сите страни како да скрпам крај со крај. Секој има право да си се идентификува како сака и секој има право да се сели и секој има право дали откако ќе се иссели да не го боли курот за овде. Оти од арно никој не бега. Сите бегаат оти имаат секирации и не им е прејако тука. И арно ви рече Бриџа, ретко се согласувам со неа во теми за политика, ама овде е скроз во право. Државата нема право да бара од иселениците нешто кога никако не ги спречила да заминат од тука. И да, штанцани се бројките, апла некои поголеми политики се во прашање, ние овде само може да се занесуваме дека некако влијаеме. Не се изгласа ни референдумот за влез во НАТО, па пак не пикнаа. Оти нели, се признава нашето. Јас се потпишав, не затоа што сакам да калкулирам политики, туку затоа што тоа е вистината, тука живеам и тука плаќам даноци. Кога и ако се исселам, ич курот нема да ме боли оти сега дури сум тука крв плукам. Ајт.
Браќата имаат многу повеќе деца од нас, ама и пари имаат за да ги одгледаат. А ние ако раѓаме деца колку само на попис да нè има повеќе тогаш ќе бидеме баш како Ромите кои неконтролирано се размножуваат, а после просат пари за леб по улици и немаат ни услови каде да живеат. Со минимални плати, со немање доволно работни места за сите, не се гледаат деца. А Албанците спијат на пари, па може да си дозволат колку сакаат деца.
Епа на тие бизниси со дрога и коли како да немаат пари? Ќе речев уше погоре ама ќе беше ,,глобализираш” или ,,јадеш гомна” А ние ќе плачеме за 18,000