Првото - тоа вештачки создадени нации и за украинците го велат во моментов кај што има војна, е од тој став бегаат многу дијаспорци, од ставот од Македонија постаро е само сонцето пошто е језив став малце и подгрева нетрпеливост и конфликти. За второто - оние што не се потпишале од дијаспора точно знаат кај тераат, а тоа е подалеку од тука, после се видено во државава, е малце смешно да очекувам попис со реални бројки, така што скрос ми е сфатливо зошто не се потпишале, едноставно за 15 мин потпис подобро шпагети ќе сварат, е толку им е гајле за крајните бројки и за попис кој безразлика на нивниот потпис секако ќе е нереален на крај.
Ана, со сета должна почит спрема тебе, ама не можеш ти некому да му кажуваш дали да седи или не на македонски форум. Исто не можеш да плукаш по луѓе кои оставиле цел свој живот тука за да најдат подобро место под сонцето. Секој за себеси. Секој кога се сели си знае како му е да отиде у странство и да почне од 0. И да, иселениците апсолутно, никако, ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ не се криви што сме рекордери во загаденост, мито и корупција, шверц, беззаконие, безредие и црното под ноктите во светов. Криви се тие што го довеле човек до тој раб на очај, да единствен начин да преживее е да бара чаре на друго место. Криви се тие што лапаат тендери со вртоглави бројки, а нас овде трошки ни фрлаат.
Абе има разлика од некој што е привремено во странство и од некој што 15 години живее во странство и веќе има и фамилија таму и државјанство и све. Може само да се сметаат вториве како број на иселени и толку, без да се навлегува во мажи/жени, верска припадност итн. Не пошто иам нешто против нив него само малце ги измрдува статистиките вака. Туку ако памти некој лани за локални испаднаа исто гласачи колку население... Едит А и да се попишеле повеќе дијаспорци или не, тоа не го менува фактот у границите на државата кои сме и колку сме.
И ова што го напиша нема никаква врска ни со пописов ни со национален идентитет. Никој не бара да ја сакаат државата,ниту дека се криви за состојбата во државата,ниту ги обвинува некој што се отселиле,туку да се попишат тоа што се,Македонци.Само тоа.Зошто сега со се нив сме 50 и кусур посто ,а реално да се попишале сме повеке.
И? Легитимен ќе е пописот? Нема да се штанцаат бројки, транспарентно ќе биде се, фер и коректни одлуки ќе се носат и нема да се некои задкулисни игри за виши политики во прашање? Како да ти кажам дека луѓево се максимално разочарани и апсолутно немаат никаква волја да учествуваат во игри кои не се фер.
И ова е наместено како се друго, можеле барем да дадат на регулаторна да средат со математиката им тргна добро последните 5-6 недели, толку немаат решавано последните 30г.
Што им менува на тие што се трајно иселени дали на пописот ќе сме 50 и нешто отсто или многу повеќе? Во душа се осеќаат ко Македонци и друго не ги интересира. Дека викаш само да се потпишеле, што им менува дали ќе се потпишат или не? Нели ти рече не е битен националниот идентитет, епа што има да докажуваат на хартија си се осеќаат така ко што се осеќаат и толку.
Мене лично повеќе ме засега колку Македонци сме у границите на државава, не вкупно. Оти ако добро памтам, тие "над 20%" или колку се однесува во државата, односно населеното место, не вкупно.
Кај да се свртиш Роми има, во повеќето градови, а како не пркнаа во бројки и статистика не ми е јасно на попис? Ти што мислиш?
Попис -статистичка операција за пребројување на целокупната популација во рамките на една држава https://www.ilo.org/surveyLib/index.php/catalog/PC/about Го збореше некој ова пред пописот ама не беше битно. Ќе играме не лути се човече со правила од мал мозок, па после ќе се лутиме. Колку луѓе живеат во една држава, па биле македонци турци или кинези е небитно. Ако е битно, кој направил тоа да биде битно и со каква цел? А целта нели, ги оправдува средствата. И дали, ако по 10 години, има на пример 100.000 кинези, ќе се збори кинески?
Ке имавме пореален резултат колку македонци живеат дијаспора и колку учествуваат во вкупен процент,ние зошто се попишавме тогаш? И тие не се Шваби или Италијанци,Македонци се.Разочарани биле сега да ги жалиме треба ко Бугари што се идентификуваат. Нека не се попишуваат,нека не снема,па за 20 години кога ке бараат имот од наследство во државава,ке треба да го бараат во други држави,ке не нема.Немаш народ,немаш држава.
Точно. Ама нас секако ќе не снема. Затоа што играме како што ни свират. А ако не играме Украина ќе ни се случи. Тоа е нажалост.
Ами може и не сакаат да се Македонци, не се ни осеќаат како такви. Добар дел со две раце се откажуваат од македонското државјанство. Некогаш па и не ти се и кажува од кај си. Јас не знам зошто мислете дека е гордост да си Македонец, специјална раса па да не сме. Излезете од бајката. Мене се уште ме боли за државата, ама син ми секако дека нема. Гајле ќе му биде и за пописот, бројките и слично.
Тие имаат слобода што сакаат да бидат, поточно сами да се идентификуваат. Ако јас земам Италијанско државјанство а се откажам од Македонско, каде и да одам каде треба да покажам документ јас ќе сум Италијанка. Може Косми да оди по мене и да вика - лаже кучката, од Босилово е ја знам, мајка и татко и тутун садеа за да и платат карта до Италија...како да ти кажам, небитно е. Никој не го занима. Само тебе.
А зошто да не кажувам? Кога они можат да тупат дека сме биле предавници оти сме го смениле името, дека сме биле непатриоти иштотијазнам... А они патриотишта големи! Лицемерие до бескрај. Немам јас против тие кои зеле БГ пасош и си ќутат. Не се силат дека се не знам какви патриоти. Оние другине ми сметаат „патриотиштата„ со б'лгарски пасоши кои од далеку ја сакаат татковината и пукаат сеир. Допрва ќе видиме каква улога они ќе имаат во цел овој циркуз и трагедија која ни се случува. А ќе имаат! Да, имам право да мрчам и да бидам лута. И да ги нарекувам со какви сакам имиња! За државава и говната во кои сме, сите сме подеднакво одговорни. Разликата е што некој сака да се потруди да ја оправи, додека друг си фаќа патот и бира друга солуција
Кој збори за државјанство и пасош? Од државјанство можеш да се откажеш ама ти си Македонка,ако не си,што си еве кажи ми? И син ти ке биде Македонец,Словенец никогаш нема да биде. Ке има словенечко државјанство .И јас имам хрватски пасош ама сум Македонка по националност. @Bridget Каква врска има пасошот,жити се. И албанците имаат македонски пасош,ама се Албанци.
Џабе им објаснуваш. Во сите држави постои национален идентитет, само нашиве гастрабајтери не го признаваат. Од пуста желба да бидат тоа што не се Трагично е уствари
Ова второто не знам дали и ќе биде Македонец. Зошто, оти родителите ли му се? Што сака нека се, како се осеќаат така. Искрено гајле ќе им е, дали воопшто и ќе размислуваат за идентитетот. Се иселиле и завршиле со државата. Еве може на гости ќе одат само. Толку е врската.