Абе сите знаеме дека мора да штеди, ама сама со 600 евра и две деца, одете заштедете, па јавете се тука, да е се така лесно како што се пласира, светов ќе беше одличен. Ама не е! И не се само одморите, каде се сите останати трошоци за децата, каде што татково не се замара ниту 1% да ги плати? Курс, спорт, целодневна, храна, излегување.. тие деца не може да седат само дома, на крајот од денот се само деца. Пола и повеќе сами не можат да излезат на крај со плата од 600 евра, а не па со две деца плус. Најлесно е да се каже и пише овде, одете тоа искусете го, па ќе дискутираме.
Па ја зошто не се осудувам, сега ќе звучам како Нина, ама тука барем кирија не плаќам. Буквално денар нема да ми останува, дали и ќе ми стига платата, знаеме дека трошоците се големи.
Ти откако ќе заминеш и кога ќе дојде работата до суд, барај таму децата да се една недела кај тебе, па една недела кај татко им, или тебе како ти одговара. Така би било најдобро за тебе, ем ќе имаш слободно време, ем ќе можеш на работа, ем и таткото ќе биде форсиран да плаќа и да ги гледа додека се кај него. Тоа многу ќе ти олесни и на тебе во однос на финансиите. Поарно така отколку да чекаш алиментација, која е премала, не стига ни за патики на децата а и не се знае ни дали ќе ја добиеш. А додека се отселиш, ќе штедиш. Нема одмори, нема луксузирања. Ако децата сакаат нешто, нека бараат од таткото.
Јас само прашав, што се случува ако место 600 евра почне да троши 500. Јас не реков- разведи се, членката пиша сака да се разведе. Ама, имало многу ама. Ако дошла само да се испука за после да и биде полесно, нека каже, да не даваме совети безвезе. Инаку, дали ова нејзиното е брак- не е. Ама има 33 години, има неколку избори како ќе го помине животот што е пред нејзе, тоа си е нејзино.
Абе да не звучам како сељак, ама тоа е реалноста на разводот. Што мислите, зошто многу остануваат во несреќен брак? Па баш поради финансискиот аспект. Од две плати на кои си можел да се потпреш, останува една. Добро е ако само одморите и луксузите се засегнати, ако нема потреба на храна и лекови да се штеди. Супер е кога има опција баба, дедо да ускокнат привремено со финансиска инекција. Ама кога ги нема, или полошо-не сакаат, теретот паѓа врз родителот. @KiT, за жал, магично решение нема. Или ќе останеш таму каде си, или ќе заминеш и ќе се снаоѓаш со платата, толкава колкава што ти е. Ти си ја знаеш ситуцијата со твоите, и дали има опција за смирување па понатаму тие да ти помогнат, дали со пари, дали со сместување. Ако си решила за развод, тогаш- штеди. Се што можеш да заштедиш од платата, ти тргај на страна. Не ти ја знам домашната ситуација, ама ако сопругот работи, тогаш тој нека плаќа за повеќето работи. Не избрзувај, не реагирај емотивно и планирај си го заминувањето од таму. Секако, ова важи доколку нема семејно насилство и си безбедна. Во спротивно, твојата безбедност и безбедноста на твоите деца е на прво место, имаш работа, платата и не ти е толку мала и ЌЕ БИДЕТЕ ВО РЕД!
Не беше кон тебе упатено, ама тешко е да си сам со две деца, без помош, ама две добри нема, некогаш треба и жртва, јбг.
Лесно ја советувате ОТСЕГА ДА ПЛАЌА ТОЈ, а досеа на грејс период беше или е умешен манипулатор, бескруполозен идиот што не се грижи за децата? Или едноставно така биле поделени обврските? Овде може да си нагаѓате до бесконечност, базирајќи се врз мислења...
Баш и мене тоа ми падна у очи. Па он не сака да плаќа. А децата бараат, не те прашуваат имаш или немаш.
Никогаш не си го замислувам вака бракот, ако некогаш влезам во брак ама кога веќе игра валкано, играј и ти? Речи им одете кај татко ви нека ви даде пари?
Многу е лошо децата да се користат за нашите игри, како родители. Тоа е исто како што за се сè вика "прашај ја мајка ти" како друг родител да не постои, па за се мора мајката.
Ами убаво е вака таа да плаќа се и на крајо децата да и речат тато шо че прај сам... Душата да ти се распара, кога не знаат што ти се случува тебе итн. Женава ко што вели 5 пари не и остануваат во џеб заради децата, а то копитото истовремено и се заканува суптилно.... Колку шо е таа мајка, толку е и тој татко нека ги заангажира на ваков начин... Децата ко деца, и јас сум дете на разведени, токсични родители итн, знам како е, ама и неизбежно е некои работи ги сфаќаме порано или покасно, на нас останува како би се оформиле или скршиле.
извини а како си се довела до ова дереџе се ти да плаќаш? И те молам немој заради децата зашто веќе е излитено. Кажи си тебе не ти се иде од таму под кирија. Си вложувала во туѓо? Без потпис на нотар што и колку си дала? Е па тоа ти е. Кола имате он не вози? Кој К му е тогаш? Се ти плаќаш, па одмори па украси па ова, она.. и за што го зема него?
Апсолутно е така, знам. Се ми е јасно верувам, и на крај уште ќе ти рече "каква мајка си ти, сакаш да се разведеш, и да одиш под кирија" токсичен манипулатор кој не се нафаќа на спогодбен развод.
А зошто тој не дава на децата? И што толку бараат децата? И како тоа со 600 евра месечно се постигнува да се оди на летен и зимски одмор, да се платат сметки, да се купува за дома се од храна до облека? Де просветлете ме како е можно тоа
Немаш. Ако си сериозна во намерата да се разведеш, немаш Се додека децата се сити и облечени, ти повеќе немаш пари за луксузи. Пак ќе кажам, одлуката е твоја. Ама во оваа ситуација и јаре и паре нема. Е сега, како некој што пиша погоре, ако сакаш да си ги кажеш маките и да се олесниш на темава, тоа е ок. Ама кажи си, за да не си го трошиме ние останатите времето за да ти даваме совети.
А што и каже? Иди жено јас ќе ти плаќам и кирија? А бе на маж не се закнуваш. Решаваш, зимаш деца и со идеш. И нема враќање. А не ќе се натегам вака онака. Земам стан под кирија, големи се децата , сакате со мене или со татко ви. Со татко ви? Ајде седете си. Одам. Душа ќе ми се пара ама ќе одам. Мјка ми така направи. Среди се и рече идеш? Идам. Толку беше. Во 3 дена.
Абе Нена, па може не сака децата да ги остави во токсична средина, а таа да замине без нив. Значи не е така лесно, кога си без доволно финансии за сам да издржуваш се, јас среќа имам помош, да немав не знам што ќе правев, и од оваа гледна точка пробувам да ги сфатам сите мајки кои немаат друг избор..
Дели со татко му по пола од сметките. Другото јас, покуќнина, за децата, храна. И ми има речено не е лошо да учествуваш и ти во сметките и да ги делиме на три дела.