Форумџика на годината

Развод

Дискусија во 'Брак' започната од lalezzz, 2 јуни 2010.

  1. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    4.957
    Допаѓања:
    16.138
    Пол:
    Женски
    Абе сите знаеме дека мора да штеди, ама сама со 600 евра и две деца, одете заштедете, па јавете се тука, да е се така лесно како што се пласира, светов ќе беше одличен. Ама не е!

    И не се само одморите, каде се сите останати трошоци за децата, каде што татково не се замара ниту 1% да ги плати?
    Курс, спорт, целодневна, храна, излегување.. тие деца не може да седат само дома, на крајот од денот се само деца.

    Пола и повеќе сами не можат да излезат на крај со плата од 600 евра, а не па со две деца плус. Најлесно е да се каже и пише овде, одете тоа искусете го, па ќе дискутираме.
     
    На JasBee11, Trexane, riba79 и 9 други им се допаѓа ова.
  2. KiT

    KiT Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    1.546
    Допаѓања:
    8.242
    Пол:
    Женски
    Па ја зошто не се осудувам, сега ќе звучам како Нина, ама тука барем кирија не плаќам. Буквално денар нема да ми останува, дали и ќе ми стига платата, знаеме дека трошоците се големи.
     
    На JasBee11 и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  3. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.874
    Допаѓања:
    30.447
    Пол:
    Женски
    Ти откако ќе заминеш и кога ќе дојде работата до суд, барај таму децата да се една недела кај тебе, па една недела кај татко им, или тебе како ти одговара.
    Така би било најдобро за тебе, ем ќе имаш слободно време, ем ќе можеш на работа, ем и таткото ќе биде форсиран да плаќа и да ги гледа додека се кај него. Тоа многу ќе ти олесни и на тебе во однос на финансиите.
    Поарно така отколку да чекаш алиментација, која е премала, не стига ни за патики на децата а и не се знае ни дали ќе ја добиеш.

    А додека се отселиш, ќе штедиш. Нема одмори, нема луксузирања. Ако децата сакаат нешто, нека бараат од таткото.
     
    На JasBee11, SummerGirl, Трагедијаупмм и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.549
    Допаѓања:
    199.378
    Јас само прашав, што се случува ако место 600 евра почне да троши 500.
    Јас не реков- разведи се, членката пиша сака да се разведе. Ама, имало многу ама.
    Ако дошла само да се испука за после да и биде полесно, нека каже, да не даваме совети безвезе.

    Инаку, дали ова нејзиното е брак- не е. Ама има 33 години, има неколку избори како ќе го помине животот што е пред нејзе, тоа си е нејзино.
     
    На JasBee11, SummerGirl, theowndemon и 7 други им се допаѓа ова.
  5. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.471
    Допаѓања:
    20.198
    Абе да не звучам како сељак, ама тоа е реалноста на разводот.
    Што мислите, зошто многу остануваат во несреќен брак? Па баш поради финансискиот аспект.
    Од две плати на кои си можел да се потпреш, останува една.
    Добро е ако само одморите и луксузите се засегнати, ако нема потреба на храна и лекови да се штеди.

    Супер е кога има опција баба, дедо да ускокнат привремено со финансиска инекција. Ама кога ги нема, или полошо-не сакаат, теретот паѓа врз родителот.

    @KiT, за жал, магично решение нема.
    Или ќе останеш таму каде си, или ќе заминеш и ќе се снаоѓаш со платата, толкава колкава што ти е.
    Ти си ја знаеш ситуцијата со твоите, и дали има опција за смирување па понатаму тие да ти помогнат, дали со пари, дали со сместување.

    Ако си решила за развод, тогаш- штеди.
    Се што можеш да заштедиш од платата, ти тргај на страна.
    Не ти ја знам домашната ситуација, ама ако сопругот работи, тогаш тој нека плаќа за повеќето работи.

    Не избрзувај, не реагирај емотивно и планирај си го заминувањето од таму.
    Секако, ова важи доколку нема семејно насилство и си безбедна.
    Во спротивно, твојата безбедност и безбедноста на твоите деца е на прво место, имаш работа, платата и не ти е толку мала и ЌЕ БИДЕТЕ ВО РЕД!
     
    На JasBee11, riba79, st-el и 8 други им се допаѓа ова.
  6. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    4.957
    Допаѓања:
    16.138
    Пол:
    Женски
    Не беше кон тебе упатено, ама тешко е да си сам со две деца, без помош, ама две добри нема, некогаш треба и жртва, јбг.
     
    На JasBee11, eliesaab, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.704
    Допаѓања:
    23.941
    Пол:
    Машки
    Лесно ја советувате ОТСЕГА ДА ПЛАЌА ТОЈ, а досеа на грејс период беше или е умешен манипулатор, бескруполозен идиот што не се грижи за децата? Или едноставно така биле поделени обврските?


    Овде може да си нагаѓате до бесконечност, базирајќи се врз мислења...
     
    На KiT му/ѝ се допаѓа ова.
  8. KiT

    KiT Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    1.546
    Допаѓања:
    8.242
    Пол:
    Женски
    Баш и мене тоа ми падна у очи. Па он не сака да плаќа. А децата бараат, не те прашуваат имаш или немаш.
     
  9. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.704
    Допаѓања:
    23.941
    Пол:
    Машки
    Никогаш не си го замислувам вака бракот, ако некогаш влезам во брак ама кога веќе игра валкано, играј и ти?
    Речи им одете кај татко ви нека ви даде пари?
     
    На JasBee11, SummerGirl, Трагедијаупмм и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    4.957
    Допаѓања:
    16.138
    Пол:
    Женски
    Многу е лошо децата да се користат за нашите игри, како родители. Тоа е исто како што за се сè вика "прашај ја мајка ти" како друг родител да не постои, па за се мора мајката.
     
    На theowndemon и KiT им се допаѓа ова.
  11. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.704
    Допаѓања:
    23.941
    Пол:
    Машки
    Ами убаво е вака таа да плаќа се и на крајо децата да и речат тато шо че прај сам...

    Душата да ти се распара, кога не знаат што ти се случува тебе итн. Женава ко што вели 5 пари не и остануваат во џеб заради децата, а то копитото истовремено и се заканува суптилно....

    Колку шо е таа мајка, толку е и тој татко нека ги заангажира на ваков начин...

    Децата ко деца, и јас сум дете на разведени, токсични родители итн, знам како е, ама и неизбежно е некои работи ги сфаќаме порано или покасно, на нас останува како би се оформиле или скршиле. :)
     
    На JasBee11, st-el, SummerGirl и 10 други им се допаѓа ова.
  12. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.171
    Допаѓања:
    134.869
    Пол:
    Женски
    извини а како си се довела до ова дереџе се ти да плаќаш? И те молам немој заради децата зашто веќе е излитено. Кажи си тебе не ти се иде од таму под кирија. Си вложувала во туѓо? Без потпис на нотар што и колку си дала? Е па тоа ти е. Кола имате он не вози? Кој К му е тогаш?
    Се ти плаќаш, па одмори па украси па ова, она.. и за што го зема него?
     
    На JasBee11, riba79, TrueToMyself и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    4.957
    Допаѓања:
    16.138
    Пол:
    Женски
    Апсолутно е така, знам. Се ми е јасно верувам, и на крај уште ќе ти рече "каква мајка си ти, сакаш да се разведеш, и да одиш под кирија" токсичен манипулатор кој не се нафаќа на спогодбен развод.
     
    На JasBee11, SummerGirl, Biljarkata и 3 други им се допаѓа ова.
  14. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.144
    Допаѓања:
    41.790
    Пол:
    Женски
    А зошто тој не дава на децата?
    И што толку бараат децата?
    И како тоа со 600 евра месечно се постигнува да се оди на летен и зимски одмор, да се платат сметки, да се купува за дома се од храна до облека? Де просветлете ме како е можно тоа
     
    На JasBee11, riba79, TrueToMyself и 7 други им се допаѓа ова.
  15. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.471
    Допаѓања:
    20.198
    Немаш.

    Ако си сериозна во намерата да се разведеш, немаш :)
    Се додека децата се сити и облечени, ти повеќе немаш пари за луксузи.

    Пак ќе кажам, одлуката е твоја.
    Ама во оваа ситуација и јаре и паре нема.

    Е сега, како некој што пиша погоре, ако сакаш да си ги кажеш маките и да се олесниш на темава, тоа е ок. Ама кажи си, за да не си го трошиме ние останатите времето за да ти даваме совети.
     
    На JasBee11, riba79, SummerGirl и 7 други им се допаѓа ова.
  16. KiT

    KiT Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    1.546
    Допаѓања:
    8.242
    Пол:
    Женски
    Кога ќе се изнервирам така им кажувам, ама тие велат па тато не дава. И ми паѓа жал
     
  17. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    4.957
    Допаѓања:
    16.138
    Пол:
    Женски
    Па ваљда татково нешто сметки плаќа дома:?:
     
    На KiT му/ѝ се допаѓа ова.
  18. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.171
    Допаѓања:
    134.869
    Пол:
    Женски
    А што и каже? Иди жено јас ќе ти плаќам и кирија?
    А бе на маж не се закнуваш. Решаваш, зимаш деца и со идеш. И нема враќање. А не ќе се натегам вака онака. Земам стан под кирија, големи се децата , сакате со мене или со татко ви. Со татко ви? Ајде седете си. Одам. Душа ќе ми се пара ама ќе одам. Мјка ми така направи. Среди се и рече идеш? Идам. Толку беше. Во 3 дена.
     
    На Mother of 2boys, riba79, st-el и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    4.957
    Допаѓања:
    16.138
    Пол:
    Женски
    Абе Нена, па може не сака децата да ги остави во токсична средина, а таа да замине без нив. Значи не е така лесно, кога си без доволно финансии за сам да издржуваш се, јас среќа имам помош, да немав не знам што ќе правев, и од оваа гледна точка пробувам да ги сфатам сите мајки кои немаат друг избор..
     
    На JasBee11, riba79, azelea и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. KiT

    KiT Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    1.546
    Допаѓања:
    8.242
    Пол:
    Женски
    Дели со татко му по пола од сметките. Другото јас, покуќнина, за децата, храна. И ми има речено не е лошо да учествуваш и ти во сметките и да ги делиме на три дела.