И јас помислив исто, доколку е можно да се разведе каде што живее во моментов, ако е некоја појака и поправна држава од нашата.
Ќе се разведеш таму каде што живееш, каква Мк. Најпрво обрати се во Центар за социјални работи, ако имате деца. Почнувате од таму и они ќе ти дадат насоки. Значи најпрво се обраќаш на Центарот. Не знам во која држава си, но обично почетна точка кога имаш деца е таа. Тука без деца и нотар разведува. Во Мк нема што да се разведуваш, имаш пријавено престојувалиште ви друга држава и таму ќе си терате. Ако не е спогодбено, тогаш тужба на суд поднесуваш.
Не знаев дека може и тука да почнам постапка, мислев само мк смеам, уште подобро вака фала ви многу ќе растражам по нетов сега.
Здраво. Се работи во врска со моја блиска роднина. Пред развод се. Беа 5 години во брак. Имаат детенце неколку месеци помало од моето, значи околу година и 9месеци. Роднинава е вработена зема плата ама има неколку брзи кредити. Има куќа се врати кај нејзините има услови за гледање детето ама се плаши дали брзиве кредити ќе и сметаат на суд. Заради ситуацијата веќе била во задоцнување со кредитите. Дали имате некакво искуство? Ви благодарам.