И јас помислив исто, доколку е можно да се разведе каде што живее во моментов, ако е некоја појака и поправна држава од нашата.
Ќе се разведеш таму каде што живееш, каква Мк. Најпрво обрати се во Центар за социјални работи, ако имате деца. Почнувате од таму и они ќе ти дадат насоки. Значи најпрво се обраќаш на Центарот. Не знам во која држава си, но обично почетна точка кога имаш деца е таа. Тука без деца и нотар разведува. Во Мк нема што да се разведуваш, имаш пријавено престојувалиште ви друга држава и таму ќе си терате. Ако не е спогодбено, тогаш тужба на суд поднесуваш.
Не знаев дека може и тука да почнам постапка, мислев само мк смеам, уште подобро вака фала ви многу ќе растражам по нетов сега.
Здраво. Се работи во врска со моја блиска роднина. Пред развод се. Беа 5 години во брак. Имаат детенце неколку месеци помало од моето, значи околу година и 9месеци. Роднинава е вработена зема плата ама има неколку брзи кредити. Има куќа се врати кај нејзините има услови за гледање детето ама се плаши дали брзиве кредити ќе и сметаат на суд. Заради ситуацијата веќе била во задоцнување со кредитите. Дали имате некакво искуство? Ви благодарам.
Знам дека си у Швајцарија, ако не е спогодбен бракот дури после две години не живеење заедно може да се разведете така да можда боље у Мк ако маж ти не ти дава развод.
Во Германија било 1 година, во Австрија 6 месеци. Стварно е 2 години во Швајцарија, абе богдачува И во мк имаше некој таков услов, не знам точно колку, ама 2 години сигурно не е.
Да прочитав. Единствен начин тука ми е сега да тражам одлука на суд за посебно живеалиште, мора 2 години да поминат за официјален развод. Во среда ќе одам на разговор во судот и ќе видам што ќе направам. Фала ви на сите, претежок период е и ми значи ова поддршка
Јас мислам дека прво треба адвокат да си најдеш. Адвокатот ќе те застапува во сите барања, стан, алиментација и сл. Барем тука во Германија е така. Тука и за време да таа една Trennungsjahr има рочишта на суд на кои се решаваат прашања поврзани со целиот процес, а се чека да помине една година за да се официјализира разводот. Ако не работиш или немаш доволно високи примања, истражи дали не ти следува помош за адвокатските трошоци.
Ќе гледам да средам за бесплатна адвокатска помош. Работам ама на скратено раб време и го фаќам условот. Премногу се скапи адвокатите тука
Здраво, како психолошки го поминавте разводот, како ја надминавте болката, како децата го надминаа. Одевте ло на психолог. Сестра ми моментално е во постапка, многу сме загрижени за нејзиното ментално здравје, децата исто. Ве молам споделете
Здраво гледав по темиве видов дека нема оваква , ме интересира дали во форумов има адвокати што можат правни прашања да ми одговорат без да морам да прашувам адвокати од градот се со цел несакам да се дознае предвреме ништо, сакам да се разведам и да биде колку што може по брзо и по мирно иако реално знаеме дека не оди така тој пат али пошто прв пат се соочувам со обакво нешто а несакам да останам во брак каде што не гледам иднина со тој човек-барам правни одговори за полесно да почнам постапки да знам на што и како сум и нај важното колку ќе чини сето тоа финансиски..
Обавезно на психолог, многу тежок пат е разводот и за двајцата, посебно ако имате деца. Со тек на време се помируваш да, ама психолошка поддршка итоа како е потребна. Жената се разделува од мажот и се спрема на развод, уште додека се во брак, посебно ако не била третирана како што треба. Мој совет е обавезно да оди на психолог!
Ви благодарам, денес се слушна со еден доктор психијатар, познаник. И даде да пие ХидроксиТриптофан и Мелатонин. Па ке видиме, ако не помогне ке мора антидепресиви. Психолог секако, и за неа и за децата.