Прашање е дали таа женска особа треба да остане со него. Штом го контролора значи сватила дека тој оди и со други...има швалерки. Веројатно му "простила" и затоа сега пробува да го проверува. Прашањето не верувам дека ти е за некој од семејство/фамилија бидејќи во првичниот пост не пиша пр.имаме женска особа во фамилија..не малтретира...како да се спасиме или ете ти како да се спасиш. Ти праша дали да се разведе? Мој совет нека се разведе бидејќи ла.но цел живот е ла.но. Или нека си го држи к.рот во гаќи. Тие што се тешат дека поради жените биле такви итн и глумат светици за да ги спасат од тој брак, најчесто завршуваат како првите жени а може и полошо. Затоа убаво ти кажаа членките, ако ти е за фамилија нема што да се мешаш, ако имаш некоја емотивна врска бегај што подалеку.
За свекрвата ми е.Почна истото што го прави и на мажот и истото и на нејзиниот син.Пред 1 месец си ги помина границите дојде во нашиот стан и почна да коментира муабети за бркање од истиот.Хистерична е.А овој кутриот не знам зошто ја трпи.Едноставно има две опции или тој самиот да и покаже црвен картон или синот да ја збрише од животот трето нема! П.с.без осуда,на секој можен начин е пробано да и се угоди
На тебе ништо нема да ти смени ако они се разведат, она пак може да ви доаѓа и да ве нервира. Спасот е само клуч на врата и игнорирање.
епа како ќе ве брка од истиот? Ја тука више би му барал на мажот имотен лист да видам дека е на негово име хаха
А сопругот не може да воведе ред, или евентуално да ја однесе на лекар, психолог, психијатар? Ти на дистанца или што викаш црвен картон додели и.
Жената веројатно има психички проблем, од кога е вака, маж ти што вели? Ако можете со убаво да ја однесете на психијатар, колку години е?
Из ит џаст ми, ама Се сеќавам во Снаи и Свекрви, пред само некој месец, 10 страни се испишаа, кога сте отишле на гости кај нив, луѓето ви ја отстапиле нивната спална. Ноќта културно си ја заклучиле трпезаријата, за да си бидат интимни. И тоа наводно беше страшен проблем Сега во 3 теми од вчера се прашува исто, а вметнат делот за секс again Like who on Earth, ако свекрвата е вистински проблем за цело семејство, ќе го постави прашањето вака? Зошто во акцент пак е бракот и нивниот секс?
Чекав да видам на кого ќе му текне. Некој овде не е во ред, дали снаата, дали свекрвата-не знаеме. Чекаме да пише и свекрвата, да праша дали (и како) синот да се разведе од снаата
Па како да ви објаснам дека нејзините пиздарии продолжија..Тогаш испадна работата дека била љубоморна на синот и намерно глумела мед и млеко.Сега уште триста пиздарии ни направи на цела фамилија и се прашувам како може некој да живее со таков човек што си го прогонува сопствениот син најпрво а после сопругот. Ја да сум машко не би трпела таква жена па мајка Јана да е Па жената на нас ни вика да сме оделе на психолог..а не сфаќа дека таа е самата проблем во семејството со нејзините фрустрации ..ме има и мене вреѓано пред сите дека сум била дебела..а и самата не се погледнала во огледало дека не е способна за ништо и дека старее.Ама ептен свекоров ја трпи дека нема каде да оди
Женава навредува на големо и од твоја страна е за црвен картон, јас не би и дозволила да ми стапне дома. И треба установа некоја, но ти за тоа не треба да се мешаш, тоа е работа на сопругот/синот. И прашања од типот дали мажот нејзин ја трпи или не, тоа тој треба да си реши, пресече. Ти само треба да ја игнорираш и да и кажеш дека твојот живот, изглед, дом е твоја лична ствар. Коментарите нека си ги задржи за себе и ако евентуално има пријателка да ја трпи вака "сезнајка".
Па искрено не знам.Го демнее маж ми со пораки навечер кај си дома ли си и сл.и кога е излезен истото.Јас еднаш и реков има сопруга(јас)и јас ќе се грижам за тоа кај е и што е ако не е способен за брак нека седи кај вас на цицка и нека цица на 30 години.И заќуте
Искрено не посакувам на никој да се најде во ваква ситуација во животот и вакви проблеми,а и хистерична е и спрема пријателите нејзини и на свекорот сите и сметаат и кој и да дојде на кафе му одвраќа све и свашта.Плус научена е цел живот сите дома да и попуштаат и да биде по нејзино и јас сега бидејќи не и попуштам и правам контра од нејзиното се нервира.Еднаш и со нејзина пријателка се караше по телефон и се дереше зошто сфати дека нема да биде по нејзино.И јас многу се навредив во ситуацијата каде што не бркаше од станот наш а свекорот ќутеше како муле некое и ништо не и рече.Која е причината не знам.Ама знам само едно дека вистински маж не би ја трпел и би ја отстранил одма па не за секс да е за шо сака нека е.А и човекот ми се пожали дека ќе се пресели во викендица и дека постојано се караат и дека веќе ништо не му е убаво со неа и дека ради реда ги прави сите работи(у превод сопствени потреби)ама ајде да видиме .
Како ги сеќавате Јас треба да лутам низ беспатијата на фемина за да ми текне кој е кој член..немам шанса за тонч А како може да го прогонува ако овој на пример ја блокира на сите апликации? Станот е поклон или маж ти го заработи. Ако е поклон ваљда и свекрва ти го плаќала, па сега си изведува бесни глисти.. Шо има тебе да те навреди, ако маж ти е муле, мајка му ќе го вози. Обично така оди со мамините синови.
Нема врска тоа никој не е вреден да трпи некого.Маж и нејзин е муле што ќути ,ја би ја остаила без кров доста ни е од малтретирања.Не се разбира жената од муабет