Смени адвокат Или еден за двајцата нека ви биде Се согласи ли да се разведете? Ако одите спогодбено ке одите во цср и таму ке договорите двајцата за гледање старателство и се тоа
Смени адвокат како ти сама да бркаш или нема фајде тој големо од ова па затоа не сака... Идиоти.. Јас кога се разведувва отидов на адвокат му кажав се што треба и тој си ја збрка работата јас после 3месеци му дадов мислам тогаш околу 15.000ден ме фати и толку ... Не сака да се замарај бидејки деца имате најдобро побарај си друг и поскапо да те фати барем да завршиш работа.
@KiT Дали најде стан? Прво обезбеди си стан каде ќе живееш, да не ти се закачат дека нема каде децата да живеат. Да не си имаш потоа главоболки плус за тоа.
За спогодбен развод не доаѓа до овој дел, како што не се мешаат за алиментацијата доколку се договрите, така не се мешаат и за ова ако се договорите, кога се двајцата согласни за кој да биде старател, колкава алиментација да се дава, колку дена ќе ги зема другиот децата, не прават никаков проблем, ве разведуваат побрзо и полесно. Едно нешто да не е согласно од другиот партнер, нема да е спогодбено, и ќе завршите на суд, сее биде преку суд, ЦСР, и адвокат.
Јас колку што ја разбрав сопругот не прифаќал развод, доколку е спогодбен уште подобро. Побезболно ќе помине, како и да е, судот и да не и прави проблем мора сигурност да си најде каде ќе живее штом нема подршка од нејзините. Надвор од темата, жално е колку жените се оставени сами на себе. Никаква држава, услови лоши, прелоши. Затоа се чека последен момент за развод. Кај некои и родителите што ги профаќаат низ нос им вадат, па не смеат со животот да продолжат, ова за жените, мажите, син на мајка мора да излегува, да се дружи па наскоро пак да се ожени. Се нервирам од околината во нашата држава. Ние жените, мајките најголемиот товар и мака ја носиме. Ретко која жена може да си обезбеди стан сама да купи, добро е ако кирија може да плаќа. Сум кажала и 5 деца да имам ако немам повеќе на секој по една соба макар и посебен влез правеле ама мора да имат некаква сигурност и кров над глава. Да знаат дека секогаш имаат каде да се вратат.
Апсолутно е така, се што кажа си во право. Ниту една институција не се замара за самохрана мајка, и да била малтретирана, немаат никаква емпатија спрема тебе, дури во ЦСР може уште 10 други во соба на тријажа да ти седат, и да го слушаат разговорот, никаква помош од нив не видов. Сам на себе си оставен, 1 денар плус немаш помош, емоционална исто така. Ниту за стан, ниту за градинка, ниту за поддршка, за ништо буквално, и на крајот од денот не знам зошто го имаме Центаров.