Смени адвокат Или еден за двајцата нека ви биде Се согласи ли да се разведете? Ако одите спогодбено ке одите во цср и таму ке договорите двајцата за гледање старателство и се тоа
Смени адвокат како ти сама да бркаш или нема фајде тој големо од ова па затоа не сака... Идиоти.. Јас кога се разведувва отидов на адвокат му кажав се што треба и тој си ја збрка работата јас после 3месеци му дадов мислам тогаш околу 15.000ден ме фати и толку ... Не сака да се замарај бидејки деца имате најдобро побарај си друг и поскапо да те фати барем да завршиш работа.
@KiT Дали најде стан? Прво обезбеди си стан каде ќе живееш, да не ти се закачат дека нема каде децата да живеат. Да не си имаш потоа главоболки плус за тоа.
За спогодбен развод не доаѓа до овој дел, како што не се мешаат за алиментацијата доколку се договрите, така не се мешаат и за ова ако се договорите, кога се двајцата согласни за кој да биде старател, колкава алиментација да се дава, колку дена ќе ги зема другиот децата, не прават никаков проблем, ве разведуваат побрзо и полесно. Едно нешто да не е согласно од другиот партнер, нема да е спогодбено, и ќе завршите на суд, сее биде преку суд, ЦСР, и адвокат.
Јас колку што ја разбрав сопругот не прифаќал развод, доколку е спогодбен уште подобро. Побезболно ќе помине, како и да е, судот и да не и прави проблем мора сигурност да си најде каде ќе живее штом нема подршка од нејзините. Надвор од темата, жално е колку жените се оставени сами на себе. Никаква држава, услови лоши, прелоши. Затоа се чека последен момент за развод. Кај некои и родителите што ги профаќаат низ нос им вадат, па не смеат со животот да продолжат, ова за жените, мажите, син на мајка мора да излегува, да се дружи па наскоро пак да се ожени. Се нервирам од околината во нашата држава. Ние жените, мајките најголемиот товар и мака ја носиме. Ретко која жена може да си обезбеди стан сама да купи, добро е ако кирија може да плаќа. Сум кажала и 5 деца да имам ако немам повеќе на секој по една соба макар и посебен влез правеле ама мора да имат некаква сигурност и кров над глава. Да знаат дека секогаш имаат каде да се вратат.
Апсолутно е така, се што кажа си во право. Ниту една институција не се замара за самохрана мајка, и да била малтретирана, немаат никаква емпатија спрема тебе, дури во ЦСР може уште 10 други во соба на тријажа да ти седат, и да го слушаат разговорот, никаква помош од нив не видов. Сам на себе си оставен, 1 денар плус немаш помош, емоционална исто така. Ниту за стан, ниту за градинка, ниту за поддршка, за ништо буквално, и на крајот од денот не знам зошто го имаме Центаров.
Разведена сум 4 години Со ех сопругот немам комуникација откако си се ожени ,комуникацијата е само со детето . Он си прекина комуникација со мене не знам може и сметаа на таа со него. Но еве пред некој ден после толку години он се јави кај мене наодно да се догориме околу одмор за детето кое одбива да оди со него. Јас кажав дека ќе разговарам и направам што можам ако одбива пак со сила не бива. И одма почнува со закани навреди . И после толку време кога мислиш страстите се смириле тој е ист и бетер веднаш почнува со навреди. Се прашувам дали некогаш ваквите луѓе се менуваат? Кога веќе он си продолжил нов живот ,Зашто уште вреѓа кон мене кога јас сум си настрана оддалечена.
Затоа шо тоа му е изговор за новата жена, да и каже дека ти си кривата и дека не дозволуваш детето да дојде со него. Зарем ќе и каже дека бил никаков татко и дека затоа детето не сака со него? Нормално дека не. Не се замарај, едноставно дај му на детето нека му каже дека не сака и готово. Па он ако сака да ти црка на тебе, спушти му слушалка, кој го ебе. Не оти сака он да го носи детето на одмор, туку тпа е само за да ја импресионира неа.
Вреѓаат исфрустрирани луѓе само. Што и да кажеш, како и да направиш ти ќе си крива. Ќе рече ти го вртиш детето против него. Мислам да не се замараш, детето си е со тебе, си продолжил он со животот, ако сака да го гледа нека си се потруди околу детето, не знам колкаво е детето за да разговара со него, ама со тебе ако не знае да комуницира човечки, не заслужува да му креваш телефон и да слушаш навреди.
Јас немам против да оди на одмор ,и јас би сакала да поминат време заедно ама ете не сака . Јас не сум виновна што не сака па да ми кажува мене погрдни зборови. Детето си е 12 години како јас на сила да терам.
Немој да го тераш детето да оди, доволно е големо за само да каже што сака. Може има причина зошто не сака со него да оди. Убаво ти пишала адидас ако ти се дере спушти му, не си должна да го слушаш завршено е меѓу вас.
12 години дете е големо. Дај му го на телефон нека си зборне и ти немаш што да разговараш. Со сила ли ќе дојде да го земе ?
Спогодбен развод е најдобро, ако ти подадеш на адвокат, ти го плаќаш понатаму, сега за рочиштата не знам како е, зошто јас спогодбено сум, 15.000 ден. не фати целата процедура, ако едниот не се нафаќа за развод, многу поголеми трошоци има.
Ако се договорите за спогодбен развод, мора да се договорите и за алиментација, во самиот договор мора да го има тоа впишано. Се што не можете да се договорите, не е спогодбен развод, и ќе оди со тужби, што ќе ве чини над 1000€.