Јас сакав апсолутно да се надоврзам, никако не оправдувам да се збори лошо пред децата за родителите дури и самите родители, не е оправдано. Ако страната на сопругот ги преминува границите и јас сум да не посекоја цена децава се влечкаат каде мајка им е плукана или вака на бабата и текнало "ќе го шишам детево", непрашана. Мислам детево ко играчка. Фуј. Секако овој мој став како и што погоре напоменав не одобрувам нит мајката да збори лошо за таткото!
Извини, ама после се што ти направил мажот тебе и на децата непосредно и те како не треба да имаат контакт со него, и секако дека треба да ги заштитуваш од квази фамилија. Не е поентата да растеш со донатор на сперма, туку со татко, и колку и да ти личи тебе дека се осамостојуваат и учат, не го менува фактот дека биле и сеуште се само деца, а последиците од ова што им го правите ќе ги сносат кога ќе треба да основаат своја фамилија. Да минимализираш тоа што си преживеала ти, па со тебе и децата па еве и сега да кажеш дека психолошко насилство и манипулација биле само муабети, мислам оправи се. Тебе буквално сите ти се криви, и судови и петковци и станковци, освен бившиот ти маж...