Јас сакав апсолутно да се надоврзам, никако не оправдувам да се збори лошо пред децата за родителите дури и самите родители, не е оправдано. Ако страната на сопругот ги преминува границите и јас сум да не посекоја цена децава се влечкаат каде мајка им е плукана или вака на бабата и текнало "ќе го шишам детево", непрашана. Мислам детево ко играчка. Фуј. Секако овој мој став како и што погоре напоменав не одобрувам нит мајката да збори лошо за таткото!
Извини, ама после се што ти направил мажот тебе и на децата непосредно и те како не треба да имаат контакт со него, и секако дека треба да ги заштитуваш од квази фамилија. Не е поентата да растеш со донатор на сперма, туку со татко, и колку и да ти личи тебе дека се осамостојуваат и учат, не го менува фактот дека биле и сеуште се само деца, а последиците од ова што им го правите ќе ги сносат кога ќе треба да основаат своја фамилија. Да минимализираш тоа што си преживеала ти, па со тебе и децата па еве и сега да кажеш дека психолошко насилство и манипулација биле само муабети, мислам оправи се. Тебе буквално сите ти се криви, и судови и петковци и станковци, освен бившиот ти маж...
Овие ситуации се поинакви од само муабет против мајката како што беше претходно наведено. Каде јас реков дека он не е крив за сѐ што направил? И те како е крив, ама моите "фрустрации" не ги лечам преку децата со забрани и лишување од татко им. Тоа што ми направил мене не треба да ги засега децата, нема потреба и јас да ги трујам со нашите проблеми и глупости. Тие работи се решаваат на друг начин кој за жал кај нас слабо функционира. А ако зборувањето лошо за другиот родител пред децата и манипулациите се психичко насилство поради кое се забранува контакт со родител, тогаш на 90% мајки треба да им се одземат децата.
Izvini, no cinam maz ti i sestra ti te pravea luda i ti gi zedoa decata. Taka te imam citano. Pa uste kje pisuvas deka treba da bidat decata so takvi? Maz ti ne e vistinski roditel, treba da ostane sam bez nikoj. Edno e da se kaze neshto losho, a sosema drugo da te pravi nekoj luda.
Децата не се своина на мајката, па она да одлучува на кого ќе ги дава Лош сопруг, не е автоматски лош родител и децата имаат право на двата родители без разлика каков им бил бракот и разводот. Се гледа добробитот на децата, а не личните фрустрации на родителите.
О, и те како ги лечиш своите фустрации од детството преку твоите деца со тоа што не им ,, забрануваш,, контакт со психопат и негово психопатско семејство кој и до ден денес психички ги тероризира, а кој по некоја случајност им е и татко. Децата биле, сеуште се и ќе бидат тероризирани додека се во контакт со него и и те како ги засега се што се случува во семејството. Децата не се наши аватари преку кои треба да си ги лечиме нашите трауми, нит па ние сме нашите родители, нит ти си мајка ти, нит он е татко ти и не треба децата да ги ставаш у твоја кожа коа си била мала, туку ти треба да се ставиш у нивна кожа и да размислиш малку за нивно добро.
Ma nemoj. Ti clenkata ja nemash citano izgleda. Pisuvash neshto za plus lajk. Dobrobit na decata so bolen covek? Ok.
Да, точно така. И пак ќе повторам дека тоа ми го направи мене. За среќа, не успеа. Според многумина од вас и маж што ја изневерил жената не е вистински родител, што апсолутно не е така. И покрај тоа што тој немил настан што ми се случи уште ми е траума во животов, гледам да не го пренесувам на децата и да бидам што е можно пообјективна во моите одлуки, а да е на што помала штета за децата. Многу ме интересира што би им кажала во тој случај на децата, зошто не смеат да се гледаат со нивниот татко? Би им ја кажала целата приказна? Би ги лажела нешто за да ги убедам дека он не е вистински родител? Или едноставно би им рекла дека така треба без никакво објаснување? За нив тој е татко и го сакаат, што е нормално и логично. На крајот на краиштата, колку и да не сум во право, јас не се каам воопшто за мојата одлука децата да имаат двајца родители, а кој сака слободно може да забранува, лишува, казнува, труе, да се одмаздува и слично...впрочем закониве и праксата тоа и го дозволуваат. Децата нема да се вечно деца, ќе пораснат брзо, па тие најдобро ќе пресудат.
Имам блиска братучетка ,има проблеми со сопругот.Тој не сака да преземе одговорност никаква за едното дете со психички проблеми,родено здраво ама сега има некоја дијагноза.Она го носи на лекари,доктори,полага винредно ,дава лекови и плус има уште едно едно дете.Овој нејзиниот не остава доволно храна во фрижидер,има приход и нема кредити.Ми кажа дека цела кредитна картица ја има потрошено, во минус е и плус некоја заштеда што и дале родителите.Ја тера да работи,преходно има работено сега напушти поради нега на детето док се оправи,не се знае.Пари кеш не сака да и даде само со молење нешто ситно.Со здравото дете има супер однос го шета,игра ,прават заедно се,ама болеста на другово ја игнорира.Многу чудна ситуација.Прашање ----дали може да поднесе пријава во ЦРС да ги повикаат двајцата на муабет и да го потсетат дека има обврски кон детето,да ја каже ситуација,има белешки од доктори,извод од сметки што е трошено ,и да се вклучи и он.За да може да се врати на работа и да функционира со свој приход.Не сака да се разведе ,туку да биде советување .Дали центарот може да реагира ,и би направил нешто,ако никој овде не се разведува.Главни се децата ,за понатака она си знае што ке прави.Јас нејкам да се мешам.
Од каде ја извади дијагнозава? Ако е вака, тогаш и еден куп мајки се “болни” оти прават и измислуваат разноразни ситуации за да ги задржат децата за себе? Ја имам читано @zuto и и се восхитувам на трпението и карактерот Камо среќа повеќето родители да беа како неа