Тоа е точно во случај кога јарците не се криви, инаку тоа оди против принципиелноста, еве потврда долу
Некогаш се прашувам што се случува со луѓето што биле вирални преку ноќ на интернет за некои рандом случки. На пример, оние што се шврљаа на Coldplay концертот. Што бидна со нив? Заедно се? Се разведоа? Работат во истата компанија? Изгледа никогаш нема да дознаам, како ни остатокот од светот, оти секое чудо е за 3 дена и веќе никој не ги зборува.
Да си се пријавам и јас. Јас сум јануарско јарче. Признавам ко ќе згрешам и се каам и и кажвам на личноста, дека ми е жал и цело време ќе гледам да ја опрам работата.
Можеби ти беше реторичко прашањето, ама ќе ти одговорам... Не се заедно, не работат веќе во компанијата, и двата се отпуштени. Жената наводно била во процес на разведување од сопругот, а во меѓувреме ми излезе колумна од Њујорк Тајмс каде ја интервјуираат и се прикажува во светло на жртва.. За мажов не знам баш, немам многу пребарано...
Не знаев дека уште ги "зборувале". А сега пребарав, и мажот е сеуште со жена му, и си го оживеале бракот. Мене постот ми беше повеќе за вирални трендови, и колку (кратко) трајат. Ама од оваа ситуација можеме да научиме и друга лекција.
Таман си он топик, овие шо се расприкажаа за хороскоп ја згрешија темата. Да не може човек да дојде до збор, а баш имав нешто да кажам...ииии... заборавив
Годинава прв пат седнав да прам vision board. И стварно ми даде перспектива за то кои ми се желби и приоритети. Не планирам да го гледам секој ден и да го манифестирам, ама во ладно Јануарско утро ми требаше да фантазирам за остатокот од годината, особено после "побавна" 2025, која ми беше ко филер година искрено. И сакам ко ќе стигни да прам за 2027, да го отворам овој за 2026 и да видам колкав % ми се исполна. За хороскопот, јас сум неверник де. Нормално дека хороскоп, тарот, кристали и слично не ми менват во животот нешто особено. Ама дека е забавно? Ептен. Да, сакам да му пратам на другарка ми која Лана Дел Реј песна е базирано на хороскопскиот знак и кој камен е нејзин и да размисли да го користи на свадба, или да ѝ напрам годишно читање шо weirdly се поклопи со се шо се случи. Ама па потсвеста е силна, имаше знаци шо би натерале кон такво читање. Едно време на еден другар толку му праќав од тие "ова си према хороскопскиот знак" шо му заебав алгоритмот и почна и тој да ми праќа зошто само то имаше. Имаше еден рил: дали вервам дека убај камчиња имат значење? - да, и дали вервам дека уствари суштината е некаква spicy психологија? - апсолутно. И дали вервам во некаква енергија? - да, а дали вервам дека та енергија некогаш ќе можи да се објасни со наука, само не сега? - апсолутно да. Уствари, јас и другарка ми атеист најмногу вакви рилс си споделваме, за тарот, хороскоп, она со свеќите "ритуалите" и слично. И нас ни треба хоби/забава е се шо имам да кажам. Исто како деца кога си гледавме на кафе или на рака. Дали вервавме во то? Не, ама сакавме да верваме, ни одговараше во моментот за забавата. Така и ова. Башка од ко ќе читам карактеристики на мојата натална карта и големите три знаци - можи ќе провервам (не лол).
Сдк, ако некогаш сум кажала дека АИ да биде на власт ќе ги среди работите во светов, тоа било дури сум имала илузии оти АИ ќе биде некој супериорен код од супериорни програмери, со супериорни етички и морални вредности... во кратки црти - утопија, пред да ги видиме сите денес можни лица на АИ. Сдк, ни нема спас.
Скопје 2026: Продаваме луксузен стан во Даме Груев: 3500€ квадрат, плус паркинг место 25 000€ Паркинг местото: Spoiler
Сакам да кажам дека... ПОВЕЌЕТО МАЖИ НЕ СЕ СОПРУЗИ - ТИЕ СЕ САМО ОЖЕНЕТИ МАЖИ Мажи, ајде да ги отфрлиме илузиите. Прстенот не ве прави сопруг. Миразот не ве прави сопруг. Брачниот договор не ве прави сопруг. Тоа ве прави оженети - но не и мажи достојни да водите. Вистината е едноставна: многу мажи мислат дека бракот е за „добивање на жената“. Не. Бракот е за станување маж достоен за жената што веќе ја имате. А суровата вистина е оваа: Повеќето од венчаните влегувуваат во брак како сопрузи… Влегуваат како возрасни момчиња со документи. Затоа толку многу домови се распаѓаат пред да се појават документите за развод. 1. Вистинскиот сопруг е веќе мртов; Мртов за гордост. Мртов за ситни расправии. Мртов за потребата да се „победи во секоја расправија“. Маж е маж кој го закопал момчето во себе. Тој не се тресе од секој нејзин каприц. Нему не му треба признание за да води. Тој ја голта бурата и одговара со стабилност. Додека момчето во тебе не умре, сопругот во тебе нема да оживее. 2. Таа не се покорува затоа што ти си бура; Ниту една жена не треба да го следи хаосот. Ниту една кралица не следи маж без насока. Дали сакаш почит? Среди го својот живот. Дали сакаш доверба? Изгради стабилност. Вистинското лидерство е јасност, а не бучава. 3. Жените растат - мажите остануваат момчиња; Очекуваме девојките да станат дами. Дами - сопруги. Сопруги - мајки. А мажи? Го прескокнуваме растот. Се мажиме за жени, а ние момчиња - а потоа се прашуваме зошто жената е исцрпена, огорчена и скршена. Таа е уморна затоа што ве одгледува и вас и вашите деца. 4. Таа не е ваша рамноправна - таа е вашата прва ќерка; Не по вредност, туку по одговорност. Ти си глава. Градинар. Чувар. Ти го носиш товарот, дури и кога е неподнослив. Ако си нестабилна личност, лесно се навредуваш и копнееш по слепа послушност - не си лидер. Ти си ризик. Водењето жена значи заштита, водење, градење. 5. Сакаш таа да прави сè - додека ти ништо не правиш; Двајцата работите. Двајцата носите приход. Но, таа исто така: – Готви. – Чисти. – Се грижи за децата. – Води домаќинство. И сè уште се нарекуваш себеси „глава“? Тоа не е лидерство. Тоа е мрзеливост со титула. Вистинскиот лидер го носи товарот на своето семејство. 6. Не гради кралство на лаги; Изневеруваш „затоа што мажите се такви“. Лажеш „за да ја заштитиш“. Флертуваш „заради егото“. Но, очекуваш таа да се спротивстави на секое искушение. Да биде верна кога не си. Нејзината тишина не е глупост. Нејзиното трпение не е слабост. Маж кој гради на лаги си го копа разводот. Заклучни зборови: Мажот е градител Мажот не е само маж со прстен. Тој е човек со визија. Тој не живее само во куќа. Тој ја гради атмосферата на домот. Тој гради мир кога светот е хаос. Тој гради наследство за неговите деца да не мора да почнуваат од нула. Вистинскиот сопруг го одгледува момчето во него. Тој се дисциплинира пред да бара лојалност. Тој обезбедува стабилност пред да очекува послушност. Тој служи пред да сака да му се служи. Водач како сопруг. Љубов како татко. Жртвување како спасител. Додека не го закопате вашето его, не ги убиете изговорите и не преземете целосна одговорност за вашиот дом… Ти си само оженет маж. Не си сопруг. И светот не се сеќава на оние што штотуку се ожениле. Светот ги памети градителите.
Баш сум среќна Оффффффффф бе, колку само сум се мачела беспотребно Сите заслужуваме среќа, па и јас Неделава беше баш трауматична и тешка, но после ова ќе се спие мирно мислам дека Она коа паѓа камен од срце, буквално во права смисла
Добро, што е работава... Си рекламираат производи што нигде ги нема. Пример, Миле Паника рекламира некој долг чипс, нигде го нема да го купиш. Винчини 20 нови производи изрекламираа кај нив на стори, и тие нигде ги нема. Дали само во фабриките ги продаваат или моите истражувачки вештини нешто се зарѓани, па не можам да ги најдам во ниеден маркет?