Јас пушам за да се чепатам, пет кутии у месец и тоа со алкохол, дефинитивно можам да преживеам. А и го немам разгледано детално законот, пошто не ми мења многу. Можам да излегувам и на -20 со пијачка, или да се усмрдувам во некаков „стакларник“ што треба да претставува просторија за пушачи, иако на два метра од мене, во истиот простор е делот за непушачи.Ама добро, СРМ е ова, многу работи немаат логика, исто како и она дека пушачите нема да смеат да пушат у сопствен автомобил (ако ова е точно). Убаво е што алиштенцата ќе ми мирискаат на Ленорче, и мене тоа како пушач на пет кутии месечно ми пречеше. Облекувам нешто испранко, се враќам - Топилница.