Сметам дека немам смисла за хумор, сериозна сум секогаш, во друштво никогаш не зборам и не се истакнувам, појќе сакам да си правам сериозен муабет со другарки.. Сеето ова ме прави малку досадна личност, па барам совет од вас, како да станам по забавна, друштвена и пред се да ја подобрам смислата за хумор?? Фала женски
Не дека имам некоја смисла за хумор, ама еве на пример, кога немам што да кажам, си мавам ремет на моја сметка. После тоа, може малку да се префрлам, на нечива друга сметка... И така си ги мењам сметките. Наизменично. Ама немој ни да претераш со сметките. Може после ти да ги отплатиш. Не, озбилно... имај секогаш насмевка на лицето. Да не бидеш погрешно сфатена, дека си саркастичен намќор што е незадоволен од себе и од другите. Кога ќе ти се погоди друштвото, ќе ти тргне ко локумче. Нема многу да му ја мислиш што да кажеш, дали нешто да кажеш. Смеј се и пеј и се е океј.
Никој не е роден со смисла за хумор де.. Биди си насмеана, како што ти кажа елена! И зборувај нешто, трескај глупости и на твоја сметка кажувај нешто. Кажувај ситуации каде си се многуу засрамила, како си се сопнала и слично. Биди опуштена. А и добро е да имаш сериозен пријател. Just saying...
Тиа не е нешто што се учи или стекнува. Со тоа треба да си роден. Ама треба да се ослободиш, иако нешто ти звучи глупаво- да го кажеш. Не се воздржувај, опушти се, не ги бирај зборовите секогаш.
Смислата за хумор е вид талент.Или ја имаш или ја немаш.Најмногу доаѓа до израз во друштво.Разговорот често пати води и до хумор,па некогаш знам и да се шегувам на моја сметка што не ми пречи. Оваа особина ми е особено важна кај спротивниот пол за да ме привлече.
Spoiler Покрај тоа што овде на форумот, ме сметаат за најсериозна, во реалниот живот јас сум спротивност од тоа. Луѓето што ме познаваат, често ми велат дека имам смисла за хумор. Па повеќето од нив слатко се смеат на моите шеги. Не оговарам , не навредувам , не провоцирам , ...не правам шеги на ничија сметка. Тоа се шеги во зависност од ситуацијата.Знам да насмеам и кога станува густо кога лугето се лути да речеме се расправаат . Тогаш стапувам најмногу во акција се додека не ги насмеам. Моите шеги често наликуваат како оние од Хикирику, и К15 . Воопшто не се срамам, кога се работи за шега.Знам да изненадам,(да трескам зелени)сето тоа го правам со само една единствена цел. Ме исполнува кога ги гледам лугето насмеани.
Почитувам т.н. "интелегентен хумор" бидејќи е спонтан (без претходен концепт, прочитан виц па прераскажан и тн...), моментално инспириран и уфрлен во контекст на муабет а за оние кои го поседуваат викаат дека можат да стават "капаче" на се...
Ами, така и треба.Човек треба да има талент од трагедија да прави комедија, убо е да се има смисла за хумор, нонстоп насмеан да си е човек.Само што има и такви луѓе, кои се намќори, ни шега не успева кај нив, ама тоа е...
Имам смисла за хумор, и самата си кажувам, ама и оние со кои се дружат знаат дека во друштво секогаш ги смеам. Убаво е кога сте ведри и расположени и умеете да се насмеете себе си и другите.
Сакам да ми помогнете, имам потреба од тоа.. сакам да ми кажете како да се стекнам со смисла за хумор. Воопшто не сум забавна личност, не сум интересна, пријатна. Како да имам смисла за хумор ??? Ве мола :yawnм кажете ми
Научи да кажуваш некои вицови, тоа ќе ти биде добро за почеток и смеј се на своја сметка почесто, чисто да се опуштиш, на пр. спомни некои свои свои смешни искуства.
Ако не можеш да смислиш нешто смешно, тогаш побарај на интернет, прочитај некои вицови, па запамети ги и кажувај ги во друштво, исто прочитај некои досетки, нешто смешно, било што. Друго, кажувај шеги и на своја сметка, многу пати го имам правено ова, и успева да насмееш некој. И како феминките што кажаа на преходната страна, со тоа си роден, мислам дека нема начин да го стекнеш. Инаку, многу луѓе велат дека имам смисла за хумор. Кога седиме во друштво и правиме нешто муабет, знам во секундата да измислам нешто смешно и го кажувам. Поголем дел од времето, кажувам шеги на моја сметка.
Како прво, смени ги смајлињата со вакви Значи нема стекнување на смисла за хумор. Сите можеме да бидеме интересни, но и досадни понекогаш. Не се труди да бидеш нешто што не си, биди природна, своја. Хуморот не е само кажување на виц, хуморот може да се направи и во интелигентен разговор помеѓу образувани личности. Не е секогаш смешно да го имитираш Миле паника, смешно е и ако со твоите знаења успееш да воочиш грешка на некој што зборува нешто а нема врска со истото. Смешно е постојано да си ведар, насмеан, да се обидеш да бидеш пријатна личност за другите, да сакаат да бидат со тебе. Значи никако да не бидеш депресивна, постојано биди насмеана, дури и кога не ти е денот. Секако дека би помогнал и некој прочитан виц, еве пробај со чет, пишувај вицеви, смеј се, уживај, ослободи се. Понекогаш е интересен и сарказмот, иронијата, па ете и малото оговарање во друштво, но се во граници.
За мене, немање смисла за хумор, помеѓу другото е и незнаење на прифаќање шега на сопствена сметка. Не сакам такви лутковци, буквалисти, кои не знаат да ја прифатат шегата да ја преформулираат и направат уште посмешна. Имам другарки кои се неверојатно смешни, ама дефинитивно мојата сериозност кога кажувам смешки за мене е причината зошто многупати сите се вратат по нас да видат што е толку смешно. Ако не ти доаѓаат на памет смешни вицов, можеш едноставно да се смееш за кажаните и да додаваш нешто на тие шеги. Мислам дека е особено важно друштвото, не можеш да бидеш забавна со некои кои се пресериозни и најлутковци, ако ти речеш нешто како - леле види го колку е смешен оној со шешир и мустаќи, а они почнат со - па и тато има такви, шо сеа? знаеш дека не ти е местото со такви. Гледај комедии, викни друштво да ги гледате и мислам дека со тек на време ке биде океј.
Имам смисла за хумор, и не го велам само јас тоа туку и околината околу мене. Нема некој кој не се смеел на моите работи кои ги кажувам. Прифаќам и хумор на своја сметка но да биде до граници на нормалата. Исто така и јас знам да правам на моја сметка и на туѓа. Не сакам луѓе кои не знаат да се зезаат, кои постојано се намуртени и не прифаќаат зезања на своја сметка. Ако цел живот сме намуртени што фајда?
Јас немам воопшто смисла за хумор, т.е. не кажувам шеги. Често сум повлечена. Ако некој во друпа кажува смешки или се смеат некои личности, а мене не ми е пријатно, само се повлекувам. А кога сум сама со некој, тогаш чувствувам како да морам да се смеам. Прегрдо чувство е, но не можам ништо да сторам..