Класичен паразит е човек што не ни работи. Двајцата работат. Членката не ја напаѓам дека не е во право. Секој за себе е во право. Не знам по кој пат само ќе кажам дека нејзиното не е ништо поарно од неговото. Се спуштиле на исто ниво. Да се работи за ваше дете некој да му изнакажува се и сешто, пак никој не ми одговори, ќе му кажете океј е, не те удри? Тргни од тоа. Не треба никој да биде удрен, ама и никој и навреден. Ај доста ви е. Продужете без мене, гледам на сите ни е досадно, ама веќе нема поента. Таа пак ќе го направи она што го намислила, како некој на планетава да послушал совет. Сите доаѓаат за да побараат публика и да си го потврдат она што го мислат.
Еве јас ќе се држам до темата. На пример, мојата золва некогаш се вклучува во дискусија неповикана да го брани брат и како тој да е дете.
Не се спуштиле на исто ниво. Тој ја нападнал физички, откако со месеци психички ја малтретирал, постојано, вербално, и' го исфрлал кучето на улица итн. 0% почит кон неа нема. Кога конечно се спротивставила, ја удрил. Не верувам дека толку ти си ниски читачките капацитети, колку што мислам дека си проектираш лични сценарија во ситуација која нема врска со твојот личен живот. Нивото на девојката се гледа со тоа што си заминала, ете си плаќа кирија за себе, си го земала кучето и не комуницира со нив никако. Ете им ја куќата, ни золва, ни куче да им смета. Е сега ќе им смета свекор, свекрва, другиот брат што е дете, сега ќе си најдат некој друг да им е крив што се тие неспособни. Само за среќа девојкава нема да е таму да им ги трпи глупостите, а ако е паметна, ќе ги остави на старост мажиштево од брат да ги гледа со снашка заедно, како што е редот, не тогаш да се сетат дека имаат и ќерка.
Мајката земала кредит за свадбата на синот, ама ќерката ја избркале од дома, ја малтретирале и тепале. Што ако работеле, пак се паразити, оти девојката пиша дека последни 5-6 дена од месецот фрижидерот бил празен, ама тие не се замарале. Па и таа што се земала со некој што ја брка и тепа сестра му, се усреќила, прашање на време кога и нејзе ќе ја тепа.
Не знаеш ти колку е лесно со просечна плата од 40000 (а минимална 26 за жал) , да купиш стан кој кошта 100к евра, да го опремиш и да живееш колку толку нормален живот. Не знам зошто луѓето толку летаат во облаци ко да не знат кај живееме.
Не мораш ни да купуваш ни да одиш под кирија, никој не те тера. Ама не мораш ни да се мажиш ни деца да имаш нели, и тука никој не те тера.
Не бе не знајме Знајме Ама ке гледаш други опции немора да бидиш на таа работа Ке надеш друга поплатена,ке одиш надвор од мк,ке најдеш втора работа,ке земеш кредит Значи опции има ама неќите Полесно е шо ми е гајле ке се насадам кај старите и пуштам корења не мрдам
Делумно се согласувам со постов. Најголем проблем според мене е што луѓето (и мажи и жени) влагаат во некоја си комфорна зона од која што не сакаат да излезат макар и х500 би им било подобро за година/две/пет.
Малку заминавте во други насоки. Изгледа не знаете какви предизвици носат тие поплатени работи. И јаре и паре нема, од нешто човек мора да се откаже. Е сега кој/а до каде и колку може е веќе субјективно. Ама дека секој/а мора - ништо не мора ако тоа се коси со своите убедувања. Затоа и оттука сите со своето тешко. Да не ја изоставиме и среќата која и те како е битна (колку и да ја негираме дека постои, сепак некогаш зависи од околностите).
Колку страни изнапишавме, а типката ладно не откачи со две изјави. Дај да отвориме нова тема. Предлог наслов ?
Пу пу. Скраја да е. Јас со золва не сум скарана, со јатрва пијам кафе. Да отвориме тема како трачарско ќоше, за туѓи золви, јатрви, свекрви што сме чуле и виделе. Spoiler: Спојлер и може таму нашите да ги коментираме како други да се
А, што треба да прави? Секој час да ви дава отчет? Си објасни и праша тоа што требаше и толку. Нема да се објаснува со вас
Па дискутираме, затоа сме на форум. И да не е девојката, некоја во слична ситуација може да прочита и да си ги примени истите совети.