Класичен паразит е човек што не ни работи. Двајцата работат. Членката не ја напаѓам дека не е во право. Секој за себе е во право. Не знам по кој пат само ќе кажам дека нејзиното не е ништо поарно од неговото. Се спуштиле на исто ниво. Да се работи за ваше дете некој да му изнакажува се и сешто, пак никој не ми одговори, ќе му кажете океј е, не те удри? Тргни од тоа. Не треба никој да биде удрен, ама и никој и навреден. Ај доста ви е. Продужете без мене, гледам на сите ни е досадно, ама веќе нема поента. Таа пак ќе го направи она што го намислила, како некој на планетава да послушал совет. Сите доаѓаат за да побараат публика и да си го потврдат она што го мислат.
Еве јас ќе се држам до темата. На пример, мојата золва некогаш се вклучува во дискусија неповикана да го брани брат и како тој да е дете.
Не се спуштиле на исто ниво. Тој ја нападнал физички, откако со месеци психички ја малтретирал, постојано, вербално, и' го исфрлал кучето на улица итн. 0% почит кон неа нема. Кога конечно се спротивставила, ја удрил. Не верувам дека толку ти си ниски читачките капацитети, колку што мислам дека си проектираш лични сценарија во ситуација која нема врска со твојот личен живот. Нивото на девојката се гледа со тоа што си заминала, ете си плаќа кирија за себе, си го земала кучето и не комуницира со нив никако. Ете им ја куќата, ни золва, ни куче да им смета. Е сега ќе им смета свекор, свекрва, другиот брат што е дете, сега ќе си најдат некој друг да им е крив што се тие неспособни. Само за среќа девојкава нема да е таму да им ги трпи глупостите, а ако е паметна, ќе ги остави на старост мажиштево од брат да ги гледа со снашка заедно, како што е редот, не тогаш да се сетат дека имаат и ќерка.
Мајката земала кредит за свадбата на синот, ама ќерката ја избркале од дома, ја малтретирале и тепале. Што ако работеле, пак се паразити, оти девојката пиша дека последни 5-6 дена од месецот фрижидерот бил празен, ама тие не се замарале. Па и таа што се земала со некој што ја брка и тепа сестра му, се усреќила, прашање на време кога и нејзе ќе ја тепа.
Не знаеш ти колку е лесно со просечна плата од 40000 (а минимална 26 за жал) , да купиш стан кој кошта 100к евра, да го опремиш и да живееш колку толку нормален живот. Не знам зошто луѓето толку летаат во облаци ко да не знат кај живееме.
Не мораш ни да купуваш ни да одиш под кирија, никој не те тера. Ама не мораш ни да се мажиш ни деца да имаш нели, и тука никој не те тера.
Не бе не знајме Знајме Ама ке гледаш други опции немора да бидиш на таа работа Ке надеш друга поплатена,ке одиш надвор од мк,ке најдеш втора работа,ке земеш кредит Значи опции има ама неќите Полесно е шо ми е гајле ке се насадам кај старите и пуштам корења не мрдам
Делумно се согласувам со постов. Најголем проблем според мене е што луѓето (и мажи и жени) влагаат во некоја си комфорна зона од која што не сакаат да излезат макар и х500 би им било подобро за година/две/пет.
Малку заминавте во други насоки. Изгледа не знаете какви предизвици носат тие поплатени работи. И јаре и паре нема, од нешто човек мора да се откаже. Е сега кој/а до каде и колку може е веќе субјективно. Ама дека секој/а мора - ништо не мора ако тоа се коси со своите убедувања. Затоа и оттука сите со своето тешко. Да не ја изоставиме и среќата која и те како е битна (колку и да ја негираме дека постои, сепак некогаш зависи од околностите).
Добро утро. Да пишам Иако бев решена дека сепак треба да отидам на крштевката зошто тоа е дете од брат ми. Брат ми и снаа ми не се како што треба но сепак прво внуче и тоа е еднаш во животот, реков ќе замижам и ќе отидам само ради детето на еден саат ништо повеќе. Сепак се случија други работи. Таа покана и извинување, во меѓувреме и други пораки ми пишуваа на социјалните мрежи наводно сме можеле да ја надминеме ситуацијата. Сето тоа било пошто заглавиле финансиски. И колку и да звучи чудно да се вратам јас таму за да продолжам да ги оправам. Закажале крштевка со 80 луѓе и брат ми успеал да ја увери мајка ми да извади друг кредит, без знаење на татко ми. Снаата имала став дека моите се тие што треба да ја платат крштевката пошто внучето било во нивна куќа, а нејзините ќе дале повреден подарок. Плус се захтевало некакво злато и за внучето и за снаата. Мајка ми без знаење на татко ми го рефинансирала кредитот кој веќе го плаќаше и му дала 5000 евра на брат ми. Брат ми и снаа ми го лажеле татко ми дека заштедиле пари за крештевката но и татко ми не е глупав, ја притиснал мајка ми и таа признала дека пак заглавила. Тука дома настанал хаос и брат ми паметниот дошол на идеја дека е најдобро да се извини и јас да се вратам дома додека да испливаат од кризата. Татко ми притисок доби и месецот зеде прва пензија картичката ми ја даде мене. Не сакав да земам и да трошам од тие пари, негови си се и не сакам да си имам работа со нив да мислат дека го манипулирам и му ги земам парите, никако тоа но малку ја претераа овој пат. Крштевката се направи се потрошија сите пари и тие си уплатија одмор, а моите мизеруваат. Искрено од оваа перспектива мислам дека паметно изиграв што не попуштив и не отидов. Можеби ќе омекнев и ќе се враттев, ќе подпаднев на емоции и пак ќе имав проблеми. И искрено ми е жал за татко ми и за помалиот брат, за мајка ми воопшто.
Да не си ни помислила да се враќаш да ги финансираш. Ама ни случајно. Ете ви го муабетот што го мотав минатите страни, дека многу пати до приоритетите е. Ама океј, јас не сум знаела оти деца немам. Ти рековме и дека ќе се извинуваат кога ќе им дојде јајцето под гз. Уживај си сама, они нека јадат леб и паштета
Божем свадба правеле, а не крштевка. Арно си се воздржала од одење. Не си должна да финансираш идиоти.
Бегај од таа куќа подалеку. Твојата снаа е едно себично, лакомо суштество кое живее за народот, брат ти кретен спремен да ги изгази сите само на нив да им е арно а мајка ти наивна, им угодува и се жртвува и себеси и вас за да има повеќе за нив. Ма немој, старите требале да прават крштевки ко свадби. Снаата ќе се коти а сите околу неа ќе и ги дадат платите и пензиите за да може да се занесува повеќе. Да ја чуваш картичката на татко ти обавезно. Договори се со него, давај му колку што му треба ако нешто остане нека биде под твоја контрола. Во спротивно може да го измамат и неговите пари да ги соберат некогаш кога ќе посакаат некоја друга свадба да прават. Не знам само со кој мозок мислат дека ти треба да ги финансираш. Денар не би дала на вакви скотови. Малку им се нивните примања, им ги земаат и на старите па сега и тебе сакаат да ти ги земат. Нека бара лакомата снаа дома од нејзините. Па уште злато барала, сељандура.
Леле ај сеа нека дое пак Арабела нека кажува дека на ваков начин се штити примарната фамилија А ти, ко шо си тераш до сеа така и од сеа. Никад да не дозволиш такви мизерии од луѓе да те манипулираат, не си дозволувај да потпаѓаш под влијанија, пошо е крајно забегано нивното. Внучето нека е живо и здраво, ама со вакви родители нема да биде ништо поарно од нив. Најубаво скроз контакт да прекинеш, исто ко да не постојат.
Кога и шо го роди, кога и шо бидна кредитот за крштевката, кога и шо биде крштевката. Ова веќе гледам дека некој се заебава и е измислена приказна.
Не е ниту чудно што кај нас на балканот се очекува секогаш едно дете да им биде грб на родителите во старост. Да биде мост помеѓу дете - родител ако детето забега по лош пат. Затоа во младоста раѓале по 7-8 деца, едно за на нива, друго за добитокот да го чува, трето дома да поспрема и ручек да прави… Штета што уште се практикува овој начин на живот и многу млади, па дури и во нивните зрели години се чувствуваат должни да им помагаат на родителите и да ја спасат фамилијата од пропаст.
Не бе, тоа е дека дечари биле Колку е жално што плански праат деца за да има кој да ги дочува најчесто, да им се најде, да им биде слуга и роб.. Со очекувања се, а не размислиле дека детето не го прашале дали сака да дојде на овој свет. Едно е од почит, човечност и емпатија да си тука за родителите, да им помагаш, крв ти се, твои се, ама тоа да биде заслужено, не наметнато, уште имаш фамилии кои сакаат да се закануваат, сакаат да уценуваат, да биде по нивно по секоја цена.