Многу паметно постапуваш, некој да им веруваш никако, па види бе и одмор уплатиле а фамилијата нека трпи, т.е мајка ти, не знам со кој памет ги слуша, ќе ја исцедат ко лимон.
Мајката си е пристрасна кон најстариот син а и не расудува правилно. Дали толку може, знае или ја изманипулирале, сеедно. Таму нема предомислување, таа секогаш ќе во брани и потпира и на своја штета. Таткото во небрано побарал помош од неа, ама тоа ми е меч со две острици, оти утре пак можат да и префрлат (мајка и, младите немаат право) дека се меша или не знам што. Овие млади јас искрено не ги разбирам. Јас на свадба немав 80 души. Ќе си ја пуштиш ногата колку што ти е чергата. Ама изгледа виделе дека можат да се облегнат како трутови, па користат до максимум. Домаќинов е тотално незрел и неодговорен, кај не мисли за неговите што го става во долг, не мисли ни за своето дете, со тој мајндсет не ќе да го обезбеди ни материјално ни инаку. За золвата само не ми е јасно како при имашни родители си дозволува да се бута во една соба и ги фрла во долгови. И тоа дека живеат таму па да платат крштевка - искарај ги на клоци, па нека се чудат што да прават. Бог да чува, неблагодарни. Важно, членката испадна паметна и иако е добра, не е наивна и глупа и не им влезе во стапицата под изговор "љубов кон семејството". Само продолжи си така, научи за себе да си водиш сметка, а ако се створат компликации со картичката од татко ти врати му ја и гледај си твојот живот - таму нема оправачка и не е твое да ги оправаш.
Не знам што ти е чудно. Некаде веднаш по 40 дена прават крштевка. Ко што ги дал господ овие, за првиот роденден пак свадба ќе направат на туѓа сметка. За золвата: Да не ти паднало на памет да се враќаш. Јас да сум на твое место, би прекинала контакт со сите, вклучително и таткото, оти кога беше нападната од брат ти, никој не ти застана во одбрана. Гледај си го раатот и уживај си на страна
Искрено, заборави дека имаш брат и снаа. А и мајка. Ни татко ти не е поарен што УШТЕ го чува брат ти дома. Едит: Јас бев на крштевка на 29 дневно бебе. Нема правило кога може/треба да се крштева. Молитвите (мала и голема) се за мајката, не за бебето, бебето може прв ден од раѓање да се крсти. Што е небитно за дебатава овде секако
Не гледам поента зошто би лажела и измислувала на анонимен форум. Немам што да ти објаснувам тебе и да ти се правдам, ако не ти е верно слободно одмини ги моите постови. Сето ова се случувало меѓувремено и јас не бев запозната со ништо. А на мајка ми ова не и е прв пат вака да направи нешто зад на татко ми грб.
И мене веќе ми изгледа дека приказнава се развива во насока на шпанска серија. Со необични пресврти и кулминации.
Тие татко ти да,њ маж како шо не е да земе да ги избрка и брат ти и снаата и мајка ти па нека одат кај знаат Алал да им е на брати и снаати и до одмор допреле а воа најмалото дали ке има патики и јакна да му се купе Ти реков земи си го малото братче со тебе психички ке го оболат детето
Ке земеш кредит што треба да го враќаш. Ке одиш надвор од мк. Може да се снајдеш а може и не. Точно. Опции има многу. А најмогу ги знаат тие што едвај стаж имаат.