Снаи и золви

Дискусија во 'Брак' започната од tocka, 28 јануари 2011.

  1. MiloMalo

    MiloMalo Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    1.340
    Допаѓања:
    4.845
    Многу паметно постапуваш, некој да им веруваш никако, па види бе и одмор уплатиле а фамилијата нека трпи, т.е мајка ти, не знам со кој памет ги слуша, ќе ја исцедат ко лимон.
     
  2. _Vera_

    _Vera_ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 април 2020
    Пораки:
    4.033
    Допаѓања:
    51.255
    Пол:
    Женски
    Мајката си е пристрасна кон најстариот син а и не расудува правилно. Дали толку може, знае или ја изманипулирале, сеедно. Таму нема предомислување, таа секогаш ќе во брани и потпира и на своја штета.
    Таткото во небрано побарал помош од неа, ама тоа ми е меч со две острици, оти утре пак можат да и префрлат (мајка и, младите немаат право) дека се меша или не знам што.
    Овие млади јас искрено не ги разбирам. Јас на свадба немав 80 души. Ќе си ја пуштиш ногата колку што ти е чергата. Ама изгледа виделе дека можат да се облегнат како трутови, па користат до максимум. Домаќинов е тотално незрел и неодговорен, кај не мисли за неговите што го става во долг, не мисли ни за своето дете, со тој мајндсет не ќе да го обезбеди ни материјално ни инаку. За золвата само не ми е јасно како при имашни родители си дозволува да се бута во една соба и ги фрла во долгови. И тоа дека живеат таму па да платат крштевка - искарај ги на клоци, па нека се чудат што да прават. Бог да чува, неблагодарни.

    Важно, членката испадна паметна и иако е добра, не е наивна и глупа и не им влезе во стапицата под изговор "љубов кон семејството". Само продолжи си така, научи за себе да си водиш сметка, а ако се створат компликации со картичката од татко ти врати му ја и гледај си твојот живот - таму нема оправачка и не е твое да ги оправаш.
     
    На Gosh, CameliaMiller, bookslover и 2 други им се допаѓа ова.
  3. _Vera_

    _Vera_ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 април 2020
    Пораки:
    4.033
    Допаѓања:
    51.255
    Пол:
    Женски
    * Снаата де, се гледа колку ги знам фамилијарните врски :lol:
     
  4. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.403
    Допаѓања:
    39.140
    Пол:
    Женски
    Не знам што ти е чудно. Некаде веднаш по 40 дена прават крштевка.
    Ко што ги дал господ овие, за првиот роденден пак свадба ќе направат на туѓа сметка.

    За золвата: Да не ти паднало на памет да се враќаш. Јас да сум на твое место, би прекинала контакт со сите, вклучително и таткото, оти кога беше нападната од брат ти, никој не ти застана во одбрана. Гледај си го раатот и уживај си на страна ;)
     
    Последна измена: 6 август 2026
    На Gosh, JasBee11, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.522
    Допаѓања:
    280.347
    Искрено, заборави дека имаш брат и снаа. А и мајка.
    Ни татко ти не е поарен што УШТЕ го чува брат ти дома.

    Едит: Јас бев на крштевка на 29 дневно бебе. Нема правило кога може/треба да се крштева.
    Молитвите (мала и голема) се за мајката, не за бебето, бебето може прв ден од раѓање да се крсти.
    Што е небитно за дебатава овде секако :D
     
    На Gosh, nena2010, JasBee11 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. m.m12345

    m.m12345 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2019
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    335
    Не гледам поента зошто би лажела и измислувала на анонимен форум.
    Немам што да ти објаснувам тебе и да ти се правдам, ако не ти е верно слободно одмини ги моите постови.


    Сето ова се случувало меѓувремено и јас не бев запозната со ништо. А на мајка ми ова не и е прв пат вака да направи нешто зад на татко ми грб.
     
  7. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.590
    Допаѓања:
    18.487
    И мене веќе ми изгледа дека приказнава се развива во насока на шпанска серија. Со необични пресврти и кулминации.
     
    На DarkStormm, Adidas888 и ArabellaStarfall им се допаѓа ова.
  8. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    18.529
    Допаѓања:
    193.720
    Тие татко ти да,њ маж како шо не е да земе да ги избрка и брат ти и снаата и мајка ти па нека одат кај знаат


    Алал да им е на брати и снаати и до одмор допреле а воа најмалото дали ке има патики и јакна да му се купе
    Ти реков земи си го малото братче со тебе психички ке го оболат детето
     
    На bookslover, Gosh, nena2010 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.932
    Допаѓања:
    7.873
    Ке земеш кредит што треба да го враќаш. Ке одиш надвор од мк. Може да се снајдеш а може и не. Точно. Опции има многу.
    А најмогу ги знаат тие што едвај стаж имаат.