Среќата е релативна работа. Она што треба да го имаме во срцето и што би ја предизвикало е љубовта. Ако неа ја стекнеме, се она што го правиме ќе не исполнува и ќе не прави радосни (среќни). Она што за мене значи среќа е нешто многу повеќе. Не егоизам, за едно чувство на исполнетост и егоистична радост; не еден подарок, кој можеби е повеќе од потребен; не нешто материјално или пак само за себе добро... Среќата за мене значи насмевката на другото лице; подадената рака од срце, не штедејќи се себеси; помислата дека некому сум помогнала кога му било најпотребно... Искреното давање од срце, ја карактеризира среќата .
Најсреќна сум. Можеби немам многу, ама имам доволно. Имам кој да ме праша како сум, имам кој да ме гушне, да ми подаде рака кога ми е тешко. Имам на кому да се изкажам. Имам кого да ислушам (да се почувствувам и јас корисна). Се трудам да напредувам, чекам подобро утре. Ама знам зошто се трудам. Можеби моите не ми обезбедиле никаков луксуз, ама ми обезбедиле се што ми е потребно. И јас сум благодарна. Доволно ми е што се чувствувам сакана. Доволно ми е што има кој да ми каже браво. Повеќе не сакам, не ни барам повеќе. Можеби животот не е секогаш фер, ама секогаш по дождот иде сонце
Не знам дали сум -.-' Онака. Се трудам да бидам.Немам се ,ама имам доволно.Моите родители,мојот брат .. тие секогаш се тука за мене . Среќна сум што ги имам. Кога ќе подразмислам малце повеќе, и кога ќе погледнам наоколу,постојат деца кои немаат што да јадат,а ние плачеме за работи кои и што не се толку битни во животот.Постојат деца кои немаат што да облечат а ние го бараме недостижното.Сите ние сме среќни на овој или на оној начин но проблемот е во тоа што повеќето од нас се заслепени и го бараат недостижното,без да размислат дека и тоа што го имаат може да го снема
Срекна сум,мислам дека е поради тоа што ги свакам повекето работи здраво за готово...Оние кои се навистина неважни !
Поимот среќа на еврејски значи - средба со Бога. http://www.pravoslavni-odgovor.com/Crkv ... _sreca.htm на овај линк има објаснето што значи среќа.
Поентата на среќата е сама да наоѓаш причина да се осетиш задоволна и среќна, а не некој да те прави! Ако сака, секој може да е среќен!
не сум воопште среќна ,дебела сум неможам да ослабам сега со школо почнуваме немам што да носам имам ама не ми стои сега преку лето дома не се истакнувам таму ке ме гледаат многу ,комплекси,друга работа со моите сум во многу лоши односи само се караме ,друштвото не ме сваќа сериозно немам ни многу пријатели,несигурна сум во себе се срамам од све ,има стравови ,имам многу комплекси има и многу други раб кои неможам да ги кажам.незнам како да си го средам животот не сум ни комуникатвина многу како изгубена сум од трема пред други и многу добра душа имам и сите ме газат и лошо зборат за мене како глупава ова она ,како да се смени све се залажувам само а не се мења ништо
Па ... Сум, кога сум со дечко ми. Тогаш се исклучувам одсе и секого, немам никакви проблеми и да имам ги споделувам и тие едноставно исчезнуваат. Го сакам и искрено се би дала за нашава љубов. Не сум среќна во врска со семејството. Не ме подржуваат, тие го држат пенкалото на мојата судбина, значи буквално ми кажуваат каде да одам, што да правам ... Но веќе не може. Среќна сум затоа што тој ме прави среќна, оној единствениот за мене ... СРЕЌНА СУМ НО НЕ И ПОРАДИ ТОА ... Убава сум, затоа што јас мислам така, секогаш може и поубава но јас се трудам да сум најубава од што може. Се трудам да го држам во форма моето тело, се трудам да се насмевнувам, учам, читам книги ... но сепак ТОЈ Е МОЈАТА ПРИЧИНА ЗА СРЕЌА И НАСМЕВКА
Не е сето во сколото има и други работи кои ме прават среќна, а за школото таа е и да се нервирам и да не се нервирам ништо нема да се смене а и тоа ми е единствена обврска така да што ми е работата...
Воопшто не сум среќна Најлошото од се е што почнувам да ја губам надежта, дури и помислувам на самоубиство
Не треба да размислуваш на самоубиство, гледај на работите од позитивна страна, никој во денешно време не е среќен, тој што ќе каже дека е целосно среќен и дека ништо не му недостига, може само да излаже.