Дали ви се допаѓа стилот на рускиот модел Irina Shayk? Ставете исто така и вие слики од омилените комбинации и парчиња облека што ги носи Ирина.
Мене ми се допаѓа како се облекува.Иако реално женската е толку згодна што и вреќа би и стоела убаво.Нема некој препознатлив стил но убаво се облекува.Има некои утки,како на првата и втората слика што си ја постирала,боите ми бодат очи ама другите ми се допаѓаат ептен. Еве некои кои многу ми се допаѓаат.
Не е нешто нај во однос на стилот, али убаво е облечена на речиси сите слики девојката. Веќе видено, ништо особено, фино е средена. Ама ко за мојата замисла за лепота, ми е преслаба. Ваков тип на тело никогаш не сум поштувала ниту некогаш ќе, овие ноџенца ко на 12 годишно девојче мене ми се се` освен секси. Да сум машко, а и ко женско еве, пример во секое време би избрала ваков изглед на тело, искрено. А и многу поубава ми е. Спојлер
Убава е, убаво се облекува и има многу убави парчиња облека што супер и стојат. АМА не ми е јасна комбинацијава на пример. Чоекот позади неа со право е зачуден, видете му фаца. Со апостолки бе алооооо, што глумела се прашувам И дали се тоа истите апостолки? Си ги обожава изгледа
Па гледаш не е црвен килим ова, не е доспремена, ни коса ни шминка има. Ја имаш погоре на сликите во истово скоцкана. Ништо посебно. Стил класичен. Секси е само и тоа многу. Да немаше убаво тело немаше никад да забележам нејзин стајлинг. А и да не беше Кристијано Роналдо нејзината слава сега ќе беше 95% помала. Само не ги сваќам сликите ставени од нејзини фотосесии. Тоа не и е стил нели Еве како се слика на црвен килим
Да де, знам, ама комбинацијава како комбинација никако не и ја бива, ни за до продавница. Што го облекла фустанот и чантата и е во рака, на спремање се оди најобично облечен и потоа се облекуваш колку што знам, а не полу-средена На ништо не личи ама добро. Другите комбинации и се стваааарно убави И ги сакам парчињава, особено фустаните и салонките На моменти ме потсеќа ептен на Лима
Многу ми е секси Ирина. Страхотно секси. Стилот ми е океј, има убави парчиња облека што би ги носела и како и да е што и да облече и стои. Што пишала некоја феминка и вреќа да облече пак ќе и стои.
е оваа од коа го носеше анџелина сите вејке почнаа сите да го носат можам да кажам дека има добар вкус за модата и комбинациите.
Ја обожавам, има свој уникатен стил.. тоа е најдобро.. а пак каков дечко има.. аууфф Голема среќа ја прати нејзе во животот..
Стил-просечен. Не дека нешто посебно ја пратам, ама гледајќи ги вашите слики тие од неа на интернет ќе заклучам дека не е ништо посебно. Има убаво тело, слаба е, и нејзини најголеми адути е што е приличн висока, и нога има екста долга. Но згодна не ми е. Нема ни бутче, а за гз и цицка муабет да не праиме. А како добро фотошоп игра улога со градите, алал да им е. На една слика и се мали, на друга средни, на треа воопшто и нема. Преслаба е за мој вкус, и нема некоја посебен шарм според мене, ладна убавина, без нешто посебно во неа. Ова ми се има допаднато од неа најмногу, ама тоа е од реклама Овде е фантастично добра,али глејќи ја подобро, фотошоп чуда ради... Иначе колку катастрофа комбинации имала, и тоа за на red carepet убаво си имаше некој напишано, да не му беше девојка на Кикица, тешко дека воопшто ќе беше зборена. Немала до сега никаква воодушевувачка комбијнација, за да биде запаметена или истакната.
Се му седи на Ирина од шо е прејака....ама си ја сакам најпојке ми е една од најубавите жени на светот Спојлер ]
Него само нешто да прашам не е за во темава ама ајде, само мене овој дечко и ми има страшно сељачка фаца?