Многу ја сакам Katy Perry не само по нејзиниот глас туку и по нејзиното детско облекување многу ми се допаѓаат нејзините интересни и впечатливи фустани... Како на вас ви се допаѓа стилот на Katy...?
За сите можни отворивте тема.Работа е навистина да има стил и убав начин на облекување,повеќето да ја сметат за модна икона и така натаму. А Кети Пери јас би ја ставила во групата на најлошо облечените,како циркузант ми е.
Ја ценам и ја почитувам како пејачка, но нејзиниот стил ми е ужасно лош.Со лејди гага ја ставам на иста вага.
Никогаш не ми била интересна (во стилот на облекување), туку скоро секогаш смешна. Не ми е ни креативно ни воодушевувачко. Ама ете, денес е такво времето та со облека само да се истакнуваш, а не со вредни способности.. нели?
има многу добри песни, секоја има по некоја приказна во неа, но темата не е за тоа нејзиниот стил е катастрофа, се прави за да привлече внимание
исто и мене овааа нема никаков стил има убаво тело мош ама не и иде до израс......мене вака срам не е за дома а не за пред цел свет...
Ја претеравте, за сите отворивте тема. Ако не и за Есма, Благица Павловска и Каролина Гочева. Како помала многу ја сакав, убаво ми се облекуваше, ама како мала не разбирав многу. Многу сака да експериментира - ама не и оди многу. Премногу е нападно за очи, многу привлекува внимание. Разбирам да привлечеш внимание со нешто убаво, скоцкано, а не со нешто грдо што си нема врска едно со друго. Незнам каква боја на коса не стави, не и стојат сите, многу како папагал е некогаш. Убава е Кети, кога е природна и своја. Со нормална шминка и нормална гардероба, а не кога има 5 кила пудро и личи на четка за во веце или она за пајажини собирање на мама.
И‘ давам дијагноза тотален откачитис на девојкава. Ептен ми е интересна, ама како дете ми е во облеката. Само што на одреден аутфит ќе лупне штикли.
Убава ми е во лик, има убаво тело и убави песни.. Али стилот и е катастрофа.. . Има 2-3 секојдневни комбинации што ми се допаѓаат.
Значи има убави песни, си има нежно убавко лице, ама некои комбинации и се бетер од кловн. own: 1463847274 перики/коси смени, ама сепак најприродна црна ми е најубава. Овде ми е преубава! Секојдневни, НОРМАЛНИ, непренатрупани... Spoiler Многу лошо.. Цела изнакитена, светкава, кичеста претставена во мн. лошо издание. Spoiler И овде не ми се допаѓа, знаеме дека фура свој стил таков некој, ама претерано. Голотија, детско, никакво.. како купаќи за на плажа.Не личи. Spoiler